Автомобили > Техничко Одржување
Намалување на потрошувачката.
LosiPatista:
Не ми сметаат голем број од наведените работи. Јас возам дизел и пак возам дефанзивно поради ненормално големата цена на горивата.
Од горе наведените не го почитувам советот за возење по угорница. Кога доаѓа угорница, јас уживам да нагазнам, воопшто не ми е ќеф да возам со максимална брзина по прав и рамен пат колку што ми е кеф да возам брзо на угорно. Поради фактот што снагата кај дизелот е долу ниско, на угорниците возам во 5та околу 3000-4000 рпм и знам дека моторот не се мачи, а и потрошувачката не е превисока.
Не ми се допаѓа ни она за влегување брзо во кривини. Јас го нарекувам тоа возење како зомби. За да се искористи брзината на автомобилиот гледаш што помалку да закочиш пред раскрсница. Еден мој другар постојано возеше вака, додека не удри во ивичњак и се преврте со возилото и си ја скрши раката. Сите 100 денари што ги заштеди во претходните 5 години заради побрзо влегување во кривина, го чинеа 2000 евра и скршена рака.
Deni:
Се сложувам за угорницата. Кога сум со ТДЦи, секогаш возам директно над турбо-дупката, зошто е многу интересно. Особено кога ќе притиснеш нагло на угорница и ќе повлече без никаков проблем.
Само да не зборуваш за отворено!? 3000-4000 во 5та е над 100кмч?
А инаку за тоа во кривината, значи тоа се нијанси. Не да леташ во кривина, наместо 30 да возиш 38, рецимо. :)
Јас од време на време ќе решам да тестирам, и цел резервар возам со едно темпо дали брзо-или споро зошто ме интересира. А и плус ми е интересно.
LosiPatista:
Да, за отворено зборувам. Низ град си лазам полека сигурно. И мене ми е интересно, нон стоп мерам потрошувачка на цел резрвоар, и моментално ги вадам 5.5 литри просек со сите тестирања, работење во место, возење на максимална, возење умерено, секако.
zeroSignal:
Генерално не возам нешто посебно штедливо. Како што веќе спомнаа некои, ако 100 денари на 100 километри значат дека ќе ми биде поинтересно и дека ќе имам поголемо задоволство во возењето, не ми значи многу.
Возам онака како што ми е забавно и задоволство, и фала богу, како што е безбедно.
Cuore Sportivo:
На мојана јајце од препелица ако сакаш тури џабе.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија