Автомобили > Техничко Одржување

Намалување на потрошувачката.

(1/190) > >>

Deni:


Пред неколку резервари со Поло 1.2 70PS поминав од полн резервоар до светнување 5.5 литри, низ Скопје. Признавам вложени беа напори да се постигне што е можно помала потрошувачка. Возење во град Скопје, наутро на работа низ центар, поручек назад низ центар и навечер излегување, други чести дестинации карпош-бутел и карпош-влае. 0 километри на отворено. Значи едно реално возење, и нормална секојдневна употреба на возилото.

Следниот резервар го возев без толкава резерва (заморување за ниска потрошувачка) и испадна близу 6.7 литри. Ова е истата кола, која со несовесно возење троши 10 литри во град, мерено на цел резервоар со истите возени дестинации. Соодветно сите бројки се без клима, зошто не беше потребна во тоа време.

Најголем придонес при намалувањето на потрошувачката, од мое лично тестирање имаат следниве работи: (Десет заповеди)
1. Инерција, забрзување до 60-70кмч и пуштање на гасот сосема, за обртомерот да стигне до 1000 обртаи точно пред семафорот. Или нагодување на брзината за да поминеш на зелено, па ако треба и возење 20-30кмч. Идејата е што помалку да се користи кочница, и да се зачува моментот на автомобилот.
2. Оставање повеќе место до колата пред вас. Кога ќе почне да кочи, за некоја дупка, пробај да не кочиш туку само да отпуштиш гас. Се избегнува користење на кочницата што ја претвора кинетичката енергија во топлинска. За да има кинетичка енергија колата троши бензин, па според тоа колку повеќе се користи кочница непотребно, толку повеќе гориво се фрла во ѓубре.
3. Предвидување и гледање понапред од колата пред тебе. Да се промени лента на време за да се избегне било каков застој, или било каква употреба на кочница.
4. Да не се крева обртомерот над 2500. Од очигледни причини, и да се корити повисок степен на пренос.
5. Да не се забрзува на угорница. На угорница треба само да се одржува брзината или да се намалува. Соодветно пред брдото ако има услови треба да се забрза до 70кмч и до врвот на брдото да се намали до 55кмч. Потрошувачката нагло расте кога се работи за искачување на нагорнина.
6. Гумите да се напумпани, колку што треба и да се проверуваат секој месец. Подиздишани гуми се лоша работа. И малку препуани не е лошо.
7. Ако се вози со брзини поголеми од 60кмч, да се затворат прозорците. За да се зголеми аеродинамиката. Во ова спаѓа и додавање на циркуз елементи на автомобилот, како спојлери, прагови и слично. Не се потребни и треба да се извадат веднаш.
8. Да не се користи клима туку обична вентилација, или ако мора клима, тогаш на најслабо ниво. Убаво е да се инвестира во најсветли фолии со малку затемнување (нема ни да се приметуваат).
9. Во кривини да се влегува со 20-30% поголема брзина кога има услови. Да не се кочи претерано пред кривината, за после кривината да не треба да се забрзува непотребно.
10. Замислете дека има јајце помеѓу вашето стапало и педалата за гас. Пробајте да не го скршите.

Ако има некој нешто да дополни, би сакал да слушнам.
Значи ова се мои лични пробани работи и разликата е многу повеќе од огромна. Сум се потрудил да ми станат како полу-навика, па и да стиснеш, просекот по резервоар пак доаѓа под нормалата.

_______________________________________________________________
Дополнителни правила:
11. Паркирањето да е секогаш со газ, за излегувањето да е што полесно и побрзо. Целото трткање-врткање да се врши при паркирање, со загреан мотор. А не при излегување со ладен.
12. Кога се оди на неколку места да се оди на најдалечното прво, па на враќање да се застанува. Најпрво да се загрее моторот што повеќе.

LosiPatista:
Тоа е тоа во главно. Но разликата нема да биде толкава доколку возиш во шипц. Со нормално и дефанзивно (твоето) возење не би требало разликата да биде поголема од 1.5 литар. Во скопје гужвата е ненормална, и некогаш ти треба 45 минути за да поминеш 3 км, и тогаш потрошувачката рипа на....многу.

А ако 1.5 литар (или 100 денари) е разликата помеѓу нормално возење и дефанзивно, зошто да не поуживаш во возењето за само 100 денари ;)

Deni:
Убаво е како што споменав. Со се гужви низ центар со се се. Едноставно да си се практикува како навика, а не како терет. На пример ако сакаш да ослабеш, не треба да оддиш на диета, треба да воведеш начин на живот кој полека полека ќе ти стане навика. Затоа и реков, со онака возикање 6.7 литри, вклучувајќи нормално однесување и стискање кога ти се сака.
Не би рекол дека се спаѓа во дефанзивно возење. Највеќе би рекол дека е употребата на кочница и задржување на моментот на возилото. Што може да се употребува и при најголемо газење.

Banzai:
Корисни се советиве, ама ја ќе полудам ако треба вака да возам цело време :) Дел од точкиве ги применувам во секојдневна вожња, навика ми се, како на пример што повеќе моторно кочење а помалце користење на кочница...

Во секој случај, дефинитивно се согласувам со ЛошиПатишта, за 100 денари на 100км ќе си го правам меракот и нема да му ја мислам. Особено затоа што не правам којзнае колкава километража годишно.

Deni:

--- Цитат: Banzai на Јануари 03, 2011, 11:59:27 am ---Корисни се советиве, ама ја ќе полудам ако треба вака да возам цело време :) Дел од точкиве ги применувам во секојдневна вожња, навика ми се, како на пример што повеќе моторно кочење а помалце користење на кочница...

Во секој случај, дефинитивно се согласувам со ЛошиПатишта, за 100 денари на 100км ќе си го правам меракот и нема да му ја мислам. Особено затоа што не правам којзнае колкава километража годишно.

--- Крај на цитатот ---
Тоа е муабетот. Чисто како една едноставна навика. Не мора сите, немора ни едно. Ама некои работи едноставно не сметаат воопшто. И така го гледаш црвеното на семафор, пушти гас... Што ако држиш и кочиш во последен момент.
Уште еден пример, да влезеш 5-10кмч побрзо во кривина? Не е досадно воопшто.
Како што може да се забелеежи голем дел се пасивни намалувања, кои не сметаат во возењето како прозори и напумпани гуми.
Значи горе долу се што ви смета е 2500 вртежи? Ако го занемариме, што друго е толку потресително?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија