Општо > Генерални Муабети

Што ве насмеа денес

(1/2974) > >>

ARMEX:
Како што има тема што ве изнервира денес, да отвориме и една поинаква тема  :D. Ќе почнам прв, денес на семафор стојам во автокоманда, гледам лево од мене пунто кец кабрио, дечкото внатре со капа налик шубара  ;D ама помодерна. Си викам да му отворам прозор да му речам кога веќе носи капа, да симне кров да фаќаме сеир, батали може нема смисла за хумор. Ама сам се изнасмеав на помислата поприлично.  ;D

Deni:
 ;DТипац со Голф 4 се трткаше 5 минути за да искочи и му се смеевме. Оставање по цело метро позади и напред при маневрите, и излезе од 6 или 7 вртења.

Tommy:
На излегување прееска од кола, другар ми вика, а бе спушти ручну, ке ти замрзне, -10 е надвор....

и една жена излегувајки од кола од спротивна страна:
- А деца, мрзне ли на -10?

Really?

MartinAlfista:
Ме насмеа Фаланга со кума.овскиот виц, и се смеев од мака денеска на небањатите пензионери во 24ка. Исто и во 2ка, таму 2 недели небањати беа.

Tischläufer:
Денес си добив од работа Samsung Galaxy 2. И си го фрцкам низ фирма си го чепкам и колегава ми вика: И ја имам скроз ист таков, го земав 5600 денари. Ти твојот колку го зема? Хахахахахахахаааа, аааа му викам Шуменко, nice try.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија