Јапонец е за прецизност. На пример Grand Seiko.
Сепак ова е најважното видеото. И тоа не само за саати, буквално за се е видеово. Особено за коли.
Да де, џез. Технички импресивни, врвно мајсторство, врвна изработка, треба многу труд, знаење, вежбање и умешност за да се достигне тоа што е достигнато.
Ама е досадно. Слушаш џез повеќе од 10 минути и почнуваш да размислуваш за пиштолот што го криеш во фиоката во наткасната до кревет.
Исто Grand Seiko. Импресивни се саатите, ама онака стварно стварно импресивни. Ама кога ќе го видам, ми личи на кварцен Casio, од досадните.
Секако, субјективно си е.
Едит: Да не се разбереме погрешно, ни ролекс-молекс не би купил. Досадни се и тие.
Rolex е инвестиција.
Исто како ни кола, ни саат не би купил „пошто е инвестиција“. Ако ја купам колата, ќе ја купам за да ја возам, и нема да се притресувам дека сум прошол 500 километри и вредноста ѝ паднала за 5000 евра. Ако го купам саатот, ќе го купам пошто ми прави мерак и пошто ми е убав и пошто сакам да го носам, во сите можни ситуации.
Едит: Не ми текнуваш и не ми текнуваше кој беше моделот од Tissot што ми се свиѓа, и конечно ми текна. Tissot PRS 516.