Дечки само што ми пукна како петарда од Филипсот и почна да мириса и чури, среќа не се запали, така да веројатно е за во корпа.
Дајте ми препорака за 43'' до 50'', не ми треба да е смарт пошто користам андроид бокс, буџет овака провизорно околу 20 илјади?
Де бре, роџо... да не рикнал некој кондензатор или два...
Штом нема оѓин не е толку страшно.
Нема ништо да најдеш за 20, знаеш дека е збудалена работава.
Баш намерно погледнав Галерија.мк да видам како одат...
Поновава генерација од тоа што сум го купил тогаш беше 27, сега е 40...
Вивакс или слично ќе треба да зимаш, а таа слика - не е слика.