Значи концептот за луксузно домување е маркетинг. У реалност е голема заебанција.
Извинете ако не звучам сериозно, ама Џевахир озбилно се смета за луксузно домување?
Долго време становите се продаваа по цени како во Чаир и Топанско, па никогаш не створив слика дека е нешто луксузно.
Не е луксузно, ниту така беше рекламирано од „нивна“ страна.
Living 2.0 / Домување 2.0, т.е. подобро од стандардно / вообичаено. И тоа е. Реално не е ни многу повеќе а ни помалце.
Колку што гледам цени уште се движат 1200-1400Е.
Има неколку иљади паркинг места (во гаража под зградите) и кој имаше 3 грама мозок си има купено. Проблем се оние што не купиле и паркираат пред зграда.
На ~1500 станови секако ќе се најдат голем број секакви луѓе, да не пишувам навреди сега
Во приземје има базен, кафуле, спа, сауни, масажа, фризер, мини маркет + споено со голем трговски (сеуште не е отворен, ама пред крај е и тоа)
Рецепција, обезбедување, насекаде покриено со камери, чисто е во споредба со други згради во градот.
Не дека се е идеално ама подобро е од стандард.
Системот за греење и ладење (ХВАЦ) го исклучиле на неколку часа (или цел ден?) заради ненаплатени сметки од некои станари. Мислам 2 пати се случи оваа година.
Во вторите 2 згради секој стан има засебно а во првите 2 згради се такви системи каде што сите станари се на едно броило за ХВАЦ / Heating Ventilation Air Conditioning.
Според тие нови шеми со тарифни блокови за големи потрошувачи испаднаа ептен големи сметки последните неколку месеци.
Овие барале да се земе во предвид дека тоа не е за една личност која што арчи многу струја туку за голем број на домаќинства... ама некој таму од ЕВН... демек според XYZ причина... системот мери потрошувачка на енергија (за ХВАЦ) по стан ама тие калориметри не се баждарени кај нив / не знаеле да ли се точни итн... па нешто као не може да се има два броила во станот (еден за струја, друг за греење/ладење) и така за се имало некакви технички/законски пречки и се одоговлекува правилно и правично „решение“ за наплата... а сите знаеме зошто... од тука ќе се наплати за она што во некоја друга населба А* не можело...
@BraneMKD Вака нешто земи
https://www.mi-store.mk/product/mi-smart-space-heater-s/Можеш да контролираш од телефон (и/или со копчиња).
Лесно се интегрира со смарт хоум решение (xiao)Mi home / smart assistant, значи со сцени (дома сум/оддалечен сум), може и гласовно, секаква автоматизација за температура, кое време да работи итн.
Јас си купив вакви, уклучив на кратко само за проба и толку, значи немам уште работно искуство... јбг, добра е изолација и уште ми е топло внатре
Јас за Џеваир би размислил и околу тоа на што би личела зградата за 10тина години кога можно е пола од станарите да не плаќаат за одржување.
Големи се трошоците за одржување на толкава зграда, па ако не се плаќа редовно од повеќето јебали сте јежа. Такви случаи знам дека има во Београд во оние нивните дупли кули. Во главном таму сега живее сиромаштија, не им работат лифтови, фрлаат ѓубре од 20ти спрат итн итн.
Не дека ова сигурно ќе се случи и со Џеваир, али постои како можност да се запостави зградата.
Поточен муабет на форумов немало.
Непоминати 10год се оствари.
Шах мат муабет
?
Збориш за Генекс кули, изградени пред 40 години... Тоа никогаш не беше луксуз, освен што едно кратко време беше популарно место тој ресторанот горе што се врти. Изградено е до автопат, на периферија, буквално на крај на градот, затоа се вика западна капија. Тој дел уствари и сега е крај на Нови Београд, нема згради понатаму, имаш ниви па Земун. Отсекогаш било буквално спална за работници а не елита... На сосема друга страна се „кремци“ (Дедиње, Сењак, Баново брдо)
И што на крај се случи толку страшно со Џеваир? Поскапо греење (за 2 од 4 згради) последните неколку месеци и претпоставувам ќе потрае уште неколку месеци.
Оваа година (а можно и претходна?) немаат исчистено прозорци од надвор. Не е толку голем проблем да го ебам, не станало Африка уште.
Тие што не плаќаат сметки, по некое време (2 или 3 месеци беше?) им исклучуваат картичка за лифтови и влез во гаража.
Има луѓе што западнале во финансиска криза и што сега... Се снаоѓаат, бараат од обезбедување да им пуштат лифт или позајмуваат картички од комшии.
Верувај ми, не е до толку лошо колку што замислуваш... за сега