Автор Тема: Автомобил по мерка на македонските купувачи  (Прочитано 2411 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6994
извор
http://www.kapital.mk/mk/prilozi_edicii.aspx/81763/avtomobil_po_merka_na_makedonecot.aspx?iId=2660

Цитат

Капитал симулација

Италијански дизајн, француски шарм, германска издржливост и јапонска опременост. Вака треба да изгледа автомобилот скроен по мерка на Македонецот. На листата со критериуми при избор на нов автомобил се и издржливоста, неопходна за возење по македонските патишта; ниската потрошувачка и долгата гаранција, најмалку пет години.

Контурите на идеалниот автомобил за македонскиот купувач ги формиравме од долгогодишното искуство на автомобилските новинари Томислав Биљарац, Агрон Сулејмани и Љупчо Михајловски, кои се членови на комисијата за изборот “Автомобил на годината“.Тие се согласни дека изгледот на македонскиот идеален автомобил произлегува од менталитетот на македонскиот купувач, кој за помалку пари сака да добие се, но и од се уште важечките стереотипи кога се во прашање автомобилите. Како изгледа тој автомобил? Надворешниот дизајн би морало да биде италијански. Пример за тоа е каросеријата на “алфа ромео“, која според нив, има најдобар изглед и одлична аеродинамика, која докажано влијае на помала потрошувачка на возилото.

Стилот и шармот на француските автомобили во комбинација со одличната аеродинамика и екстремно малата потрошувачка, како на моделите со дизел-погон, така и на бензинците, е многу посакувана карактеристика. Според ова, нашиот автомобил би требало да има аеродинамика и амортизери од Пежо или од Ситроен, а добро би било да се вметнат и некои од карактеристичните линии од ентериерот кои ги имаат само француските автомобили.“Идеалниот автомобил за македонскиот купувач изгледа како “алфа ромео“, има изграден стил и шарм како “пежо“/“ситроен“, издржлив е како германски производ, технолошки напреден како што се јапонските производи, има опрема и гаранции како корејски автомобил. Исто така, не смее да личи на американска лимузина, која во очите на македонските купувачи е тотално демоде“, вели Агрон Сулејман, претседател на жири-комисијата за изборот “Автомобил на годината“.

Македонското идеално возило мора да биде и со четири врати. Најнепопуларно возило би било она со две врати или уште полошо, без задни седишта, затоа што принципот стани и подигни го седиштето за да влезат баба и дедо е многу непопуларен. Кон петтата врата Македонците гледаат се уште со сомнеж и повеќе преферираат седани, односно лимузини со издолжен багажник.

Издржливоста на моторот и останатите погонски и непогонски составни делови на автомобилот докажано е многу важна за македонскиот купувач. Делумно поради неможноста од почесто менување на автомобилите, а делумно и поради менталитетот да се обрнува многу малку внимание за одржување, иако тоа понекогаш знае да биде и кобно по сопствениот и по туѓите животи. Затоа, се уште се бара дизел-мотор на Мерцедес познат по рекордната изджливост на долги патеки (често може да помине и 1.000.000.000 км без ремонт на моторот и да издржи екстремни услови, како потопување во вода, температури неколку десетина степени Целзиусови под нулата). Потрошните делови, како што се лагери, плочки за кочење и сл., исто така е пожелно да бидат германски, можеби од Фолксваген или од Опел, заедно со целата основа на автомобилот, како осовини, тркала и лежишта, за да можат да ги издржат бројните удари по македонските патишта полни со дупки.

Томислав Биљарац, доајен на македонското автомобилско новинарство, смета дека би било посоодветно доколку идеалниот автомобил се состави според земјата на потекло на деловите.“За секое делче од идеалниот автомобил постои автомобилска индустрија која најмногу го усовршила. За издржливост е Германија, за амортизација е Франција, а за техника е Јапонија. Доколку точно се искомбинираат овие делови да соодветствуваат на специфичните потреби на македонскиот купувач, веднаш ќе го добиете вашиот идеален автомобил“, вели Биљарац.Во поглед на внатрешната опременост, македонските купувачи би сакале електрониката и техничките можности на возилото да бидат јапонски или јужнокорејски. Познато е дека овие автомобили за најмалку пари нудат најмногу жици и прекинувачи кои ќе ви го олеснат возењето неколкукратно, а за тоа нема да ви земат пари со кои можете да купите уште една кола.Преносот на брзини на БМВ исто така е прочуен меѓу македонските возачи. Бесшумната работа на диференцијата на баварците, секако, е посакувана од секој македонски возач.

Поради лошите патишта, би било добро возилото да поседува и можност за погон на сите четири тркала - кватро-опцијата на Ауди или *4matic системот на Мерцедес одлично би го докомплетирале нашиот идеален производ. Кога овие опции би се покажале како скапи, не би било лошо да се украде и одличната стабилност и самоувереност на лизгав и замрзнат терен, кој го имаше старата руска “волга“, но само без нивната легендарна потрошувачка од 40 литри на 100 км.Според нашите соговорници, македонскиот идеален автомобил мора да има и многу долга гаранција. Скапите овластени сервиси и недоволната стручност на оние останатите маалски или поевтини сервиси има создадено кај нашиот купувач одбранбен механизам кога станува збор за дефектите. Затоа, никој не е мирен доколку нема барем петгодишна гаранција и неколку бесплатни сервиси за своето скапо купено возило.
Кои карактеристики се out?

Македонскиот купувач има своја веќе изградена перцепција за гледање на автомобилите. Таа лесно може да се нарече евроцентрична, бидејќи во земјава, со мали исклучоци, никогаш не се возеле американски или јапонски возила. Оттука, автомобилот не смее да биде грамаден и тотално неаеродинамичен, како американските лимузини од марките Кадилак и Линколн, кои според новинарите, во очите на македонскиот купувач се тотално демоде. Значи, ако линијата на автомобилот биде италијанска, големината не смее да биде ништо повеќе од “јета фолксваген“, односно нешто меѓу “голф“ и “пасат“.

мислам дека конечно ќе се обединиме  ;D  ;D  ;D  ::)

п.с. админите слободно нека ја префрлат оваа тема на некое посодветно место доколку сметаат

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54819
  • Махер
Одг: Автомобил по мерка на македонските купувачи
« Одговори #1 на: 27 Март 2012, 16:03:52 pm »
Без 100 години гаранција, Македонче кола не купува.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5711
  • Почесен кинез.
Одг: Автомобил по мерка на македонските купувачи
« Одговори #2 на: 27 Март 2012, 19:58:14 pm »
:) A be i 200 godini Deni garancija neka dadat ama pritoa ima eden kup skrieni uslovi :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1047
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Автомобил по мерка на македонските купувачи
« Одговори #3 на: 30 Јануари 2024, 01:32:10 am »
Само да е службен