Автомобили > Генерално за Автомобилите

Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )

(1/5724) > >>

S16-HGT:
За почеток...едно лето на одмор ми се извади лево предно тркало у сред вожња, среќа не возев брзо, среќа дискот не акна на земја него се задржа на внатрешниот дел од бандажот, штравофите испаднаа скроз, ги најдов и беa потполно "кељави", а у околина штраф ни на сон, блокирав цел сообраќај на остров у 8-9 навечер...во моментот ми беше пекол, но добро и среќно заврши.

gOJDO:
Јас живеам на раскрсницата со рекорден број на сообраќајки во Македонија и пошироко. Тоа е раскрсницата Ленинова и Димитрије Туцовиќ. Се случувале и по 3 сообраќајки во еден ден. Во последниве години се намалеени поради тоа што исекоа неколку дрва и сите џбунови наоколу. Но изгледа и луѓево малку по малку ја научија. Јас секогаш застанувам и гледам убаво на сите страни пред да поминам без разлика дали имам предност или не.

Конкретно, прееска имаше сообраќајка. Па морав да кружам за да се приклучам лево од Ленинова кон Димитрије Туцовиќ.

Порано кога се преселив на оваа локација, пред 5-6 годни, сударите буквално ме вадеа од памет. Онака прво си помислував дека ми ја фукнале мојата кола, па потоа почнав да ја ставам повнатре и меѓу дрва. Но сепак онака кога ќе чуеш ииии...шпабам.... те вади од памет.

Не ретко ќе се погоди некое говедо ќе почне да се дере или да се тепа, па тензија, народ, полицја и тн. Дорбо е што имам добри прозорци со добра звучна изолација.

Sportex:
Морам да ви го кажам ова затоа што не верувам дека на некој друг му се има случено.
Поточно му се лсучи на мојот кум - тогаш бевме само другари.

Тој и уште двајца мои другари, се враќаат од кафич САМА, на времето (пред 20 и кусур години) работеше до ниедно време кај касарната во Велес и беше многу популарен.
Tој што вози другарот трезен како риба, го нашле таму во кафичот да ги вози оти они се напраиле камења..
Е арно ама на 101-от на еден од другариве (канта не видена) му откажуваат кочници на удолницата на главна улица и на раскрсницата кај Гимназијата Кочо Рацин, удираат во тротоарот со брзина над 80 км на час.
Кумот излетува од кола и си поминува само со скршеница на рамото а другариве едниот со скршена рака и нога и клучната коска (тимбата модриње цела) а другиот што возел имаше само поситни посекотини и набиеници ама беше многу набиен па лежеше во шок соба 10 дена.
Што беше несекојдневно во сета приказна...???
Сабајлината одам во град и гледам кај гимназијата бел 101 качен на едно дрво, заглавен меѓу крошните на некои 2 метра од земја.
Си помислив....  Леле кој бил вој идиот што се качил со колата на дрво..?!
Кога си дојдов дома ми звони телефонот (фиксен / тогаш немаше мобилни) и ми се јавува мајкаму на кумот и ми вика,.... Ти кажаа ли дека Ане со другарите направија сообраќајка синоќа, се качија кај гимназија со колата на дрво...!!!!!!
Среќа сите се живи и здрави до ден денес..... :)

RikiRulz:

--- Цитат: S16 на 22 Март 2011, 14:47:30 pm ---За почеток...едно лето на одмор ми се извади лево предно тркало у сред вожња, среќа не возев брзо, среќа дискот не акна на земја него се задржа на внатрешниот дел од бандажот, штравофите испаднаа скроз, ги најдов и беa потполно "кељави", а у околина штраф ни на сон, блокирав цел сообраќај на остров у 8-9 навечер...во моментот ми беше пекол, но добро и среќно заврши.

--- Крај на цитатот ---

Како не ти текнало, од сите тркала по еден штрав да извадиш и ке имаше на сите 4 тркала по 3 штрафа и ке можеше да продолжиш по патот :) :) :)

DENDE-LANCERED:

--- Цитат: RikiRulz на 22 Март 2011, 16:11:25 pm ---
--- Цитат: S16 на 22 Март 2011, 14:47:30 pm ---За почеток...едно лето на одмор ми се извади лево предно тркало у сред вожња, среќа не возев брзо, среќа дискот не акна на земја него се задржа на внатрешниот дел од бандажот, штравофите испаднаа скроз, ги најдов и беa потполно "кељави", а у околина штраф ни на сон, блокирав цел сообраќај на остров у 8-9 навечер...во моментот ми беше пекол, но добро и среќно заврши.

--- Крај на цитатот ---

Како не ти текнало, од сите тркала по еден штрав да извадиш и ке имаше на сите 4 тркала по 3 штрафа и ке можеше да продолжиш по патот :) :) :)

--- Крај на цитатот ---
Sigurno ti rabotis u policija?
Mi deluvas prekvalifikuvan za taa pozicija.
No hard feelings though!

Se kladam deka na polovina od forumov ne bi im teknalo taka da napravat.
Vele sigurno ne, zato on e prefekcionista, kako toa so 3 strafa po trkalo toa ne moze da bide, neli Vele.


Vo kontekst na temava,
neli spomnav prethodno deka se od pozadi me mavaat u soobrakajki, epa toj vtoriot pat bev so kecot na stariot sreka kuka imase, zimno vreme kaj kuka  plus pun vnatre 6 luge idevme na zurka na saem 1 sabajle, zamrznato staklo i kako priogam kaj kuka most gledam dve soobrakajki, i normalno prikociv da gi izbegnam zasto zafakaa 2 lenti pa trebase da se kacam na trevata od levo za da gi pominam ali ludi Misko od pozadi mavanje puna i samo preletavme.
Tetoecot so nov Accent ispadna so 90 na saat ne udril, kukata mi ja zalepi za zadnicata ali pred toat mu ebala mater i na hladnakot negov i se ostalo, mojata boca taa za nitro se otkaci za sreka nisto ne se desi, tie luge od drugata soobrakajka vikaat "bate abe vie letavte so nosot u vis" zasto pozadi bev pun so 4ca i kecot bese zalepen za asfalt.

Site zdravi zivi osven sedisteto predno :D :D :D, togas bev 95 kila pa go otkornav sedisteto.
I sabajleto imas vrat, grb nisto ne se mrda, a vecerta nisto nikomu, se javuvam na drugite isto sve ukoceni.
Tetoecot drvo pijan, koga se puknal u pernicata se otreznil mislam, pozadi nego Berlingo u nego udreno, plus 5 min potoa ust edna soobrakajka.

Doaga policija i neznaat od kaj da pocnat.....
...i sto mislite od kade pocnaa?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија