Општо > Генерални Муабети

Велосипед

(1/1442) > >>

Tischläufer:
Ова што ни ги прави државава со горивово е катастрофа. Затоа да не се лигавам повеќе, решив да баталам кола. Од сега ќе ја возам само во Недела. Да се фалам низ градов дека сум толку богат па возам кола (како во 50-тите). За замена ќе возам точак. И лете и зиме.

Еве тема. Кој има информација го замолувам да ја сподели каде можат да се најдат евтини а добри точаци (што би рекле охриџанине велосипеди). Знам дека евтино и добро не одат заедно ама некој разумен компромис. Може да се разгледаат и турбо и атмосферски точани но јас сум за оние со диск кочници и по можност 6-та или 7-ма брзина.

Епа ај пишите. Од каде, каков точак, какви пневматици, бандаши, адитиви за масло на ланец, стероиди за погонска сила.... СВЕ!

zeroSignal:
Ја пред 10-тина години си купив брзинец од Вучко, и ден денес тера без проблеми. Пневматици има, а и бандаши. :)

Мада, и ја сум на тој ниет.. Ем што скупо стана возење, ем што ради здравје треба да се движам малку повеќе.. Чекам да се згрее уште малку, па точакот под гз..

Мада, од Вучко не би земал сега точак, не знам зашто.

Tischläufer:

--- Цитат: zeroSignal на 15 Март 2011, 20:17:05 pm ---Мада, од Вучко не би земал сега точак, не знам зашто.

--- Крај на цитатот ---
ЛОЛ!
Велиш брзинец а? Колку Њутнметри праи у прва? Зависи колку го газиш а? Е јебига друже... колку го газиш толку и ќе трошиш .... пффффф хехеххех, некако муабетов познат ми е од некој форум

Banzai:
И јас планирам да го активирам точакот периодов :) Може еден собир со точаци да направиме ;D

K92:
За летно време точак е најубаво нешто.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија