Пријатели на CARclub > Revo Technik

1.9 TDI 110

(1/15) > >>

LosiPatista:
Spored mene najdobriot motor na W i edinstveniot sto jas bi go kupil, sekako vo nekoja Audi izvedba. Vredi da mu posvetime tema, vsusnost vredi 2fast4you da posveti edna tema za ovoj motor.

-Mene me interesira sto nudi ovoj motor so stage1.
-Sto podrazbira stage2?
-Odlicno bi bilo da izlozis sto se mu napravi na tvojot 1.9 tdi za da go dovedis do 190ks?
-grafici za torque/moknost vo standardna i stage izvedba bi bilo odlicno.

-kolku verzii na 110 postojat, razbrav deka ne bile identicni motorite vo golf,passat i audi. razlikite se vo bosch, ecu i kais+zategac.
-koi se bolkite na ovoj motor, na sto treba da se vnimava
-kako izgleda redovno i preventivno servisiranje.
-kolku traat diznite, turboto. kolku cini nivnata popravka.
-kolku izdrzuva eden set na kumplug, zamaec. kolku tipovi na kumplug postojat, kolku cini nivnata promena.

-temava mozi da se prosiri za site 1.9 tdi motori.

lets go :)

stig:
Разликата во 110ките не е во бошот сите носат ист бош пасат и а4 го носат потполно истиот тди 110 со  код на мотор АФН, кај Голф, А3 и Леон има два типа АХФ И АСВ. Разликите кај 110ките кај Голф и Пасат се во изведбата на ребрастиот каиш Голфот има повеќе затегачи и водната пумпа е на ребраст додека кај пасатите водната е на линискиот каиш.
  Бош пумпата и дизните се идентичи турбината е малку поразлична кај голфот оди комплет со издувна грана додека кај пасатот оди посебно. Една работа која што е многу позитивна што ја има моторот кај голфот а ја нема пасатот е вентилот за меко гасење кој овозможува гасење на моторот без никакво тресење на каросеријата која се јавува кај класичните дизели.
  Трајноста на овие мотори е многу голема можно е да протече бош пумпата на гумичките кои лесно и ефтино се заменуваат и не треба некој посебен стенд за пумпата да се штелува еден тестер ќе заврши работа за 15 минути. Дизните се обични работат на максимален притисок од околу 200 бари и се доста трајни тераат околу 400-500 000км нивната замена чини 30 евра парче зборувам за најквалитетни штелувањето се врши со најобичен инструмент за штелување дизни кој секој бошиста што поправа дизни за трактори го има во сервисот.
Турбината исто така е доста трајна и тера околу 400 000км а може и повеќе во зависност како е возена и какво масло е ставано може да се вози и со 10 40 полусинтетика без проблем.
 Можен проблем на овој мотор е блокирањето на варијабилната геометрија од градско возење при што треба да се извади турбината и да се исчисти, доколку одвреме на време се вози малку побрзо веројатноста да се јави овој проблем е многу помала.
 Друг проблем на овие мотори кој е поизразен во Голф верзијата е проблемот со топлото палење, овој проблем се јавува кога анласерот ќе ослаби не прави доволно вртежи во случајов 250 вртежи кои треба да ги направи на загреан мотор за да компјутерот му пушти нафта на бошот. Овој проблем се решава многу едноставно со градување на отпорник и реле или може да се изменат мапите за горивото на компјутерот да пушта гориво од на пример 50 или 100 вртежи или трета варијанта репарација на анласерот.
  Инаку доста економичен мотор неговата бучност е мала како за мотор со обична ротациона бош пумпа и во двете верзии достига брзини до 200км/ч во Голфот има нешто по кратки односи на менувачот па е и нешто по жив. Во главно тоа би било отприлика за ТДИ 110 за кој имам многу добро мислење и мислам дека е подобра варијанта од пумпе дузе и комонреил технологијата заради тоа што трпи секакви видови на гориво.

LosiPatista:
Odlicen kick off.

Da dodadam, mozno e da ima uste edna verzija na 110, bidejki drugar imase Passat i A6 i velese deka ima razliki.

cudno kako vgradile ventil za meko gasenje vo golf a ne vo mnogu podobrata B5 krstarica. Iako licno ne sum zabelezal meko gasenje na golf IV,  verojatno seuste nemam naletano na odlicno socuvan primerok.

problemot so tesko palenje na zagrean motor mi e poznat, no kaj PD motorite. Senzorot za temperatura otkazuval i elektronikata ne dava potrebno kolicestvo na gorivo i motorot ne pali koga e zagrean. No problemot sto ti go opisa kaj 110 e sosema porazlicen. Neli e mozno da se resi so edno servisiranje na anlaser?

Rotacionata pumpa e zakon, trpi sekakva nafta i e mnogu poizdrzliva i poevtina za odrzuvanje od PD.


Kolku cini popravka na turbo, novo turbo?
Nesto okolu kumplugot?

zeroSignal:
Со оглед на тоа дека возев Leon со ASV 110 две години, можам да го кажам следното:

- Потрошувачка од околу 7.5 литри во Скопје, со ентузијастичко возење.
- Потрошувачка околу 5 литри на отворено, со можност за намалување.
- Одличен мотор. Новите мотори ја немаат експлозивноста на постарите мотори.
- Бучен. Комшиите ги будев насабајле.
- Си бара редовно сервисирање.
- Си бара стискање на отворено.
- После 110.000 EGR-от беше чист.
- Знаеше од време на време да заглави еден од вентилите за регулација на турбината. Маршер може подобро да објасни од мене.
- Еднаш (непотребно) го сменив двомасниот замаец. Во Македонија е најмалку 650 евра. Во Грција го купив за 250.
- Како што еднаш напишав, имаше мал проблем со првото палење насабајле. Штелување на палењето го реши тоа и на најладното палеше од прва.
- 110 коњчиња и 240 нм се одлични! :D

Според информациите кои ги добив кога се распрашував, нова турбина кошта околу 800 евра (во Порше Македонија). Репарација на турбината кошта 150 евра кај Шиник во Автотек Електроник. До сега немало потреба, Леонот си тера топ. Најбрзо што сум го стиснал е 200.

LosiPatista:
-Nov moment. EGR, sto okolku niv, se zatapuvaat? Podobro e so ili bez egr?

-ventil za regulacija na turboto, cekame Marsher da se izjasni okolu ova.

-problem so palenje nasabjle. Go zafrknale pri promena na rebrast ili drugo nesto bese vo prasanje?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија