Автомобили > Нови Автомобили
Електрични автомобили и хибриди
LosiPatista:
Овде можеме да пишуваме за сите електрични и хибридни автомобили, така што кога ќе излезе нов модел веднаш би можеле да го споредиме со некој од посточките.
LosiPatista:
Chevrolet планира на саемот во Детроит да покаже нов crossover кој ќе се вика Amp, а ќе биде базиран на сегашниот Volt. ...
Се работи за crossover кој ќе ја користи истата базична архитектура - моторот и батериите од Volt. Amp ќе биде класичен crossover со пет седишта и ќе му помогне на GM да ги развлече своите трошоци за развој на повеќе од еден модел.
General Motors веќе некое време најавува crossover базиран на Volt, Интересно, компанијата успеа да го купи интернет домејнот со име Amp. Во комбинацијата со откривањето на Volt MPV5 Concept, на саемот во Пекинг, електричниот crossover можеби ќе го видиме наредниот месец на саемот во Детроит.
LosiPatista:
Мит или вистина, анализира компанија која се бави со инфраструктура за подршка на електричните автомобили...
Производителите на автомобили односно нивната скептичност за електричните автомобили се најголемата пречка за нивната масовна имплементација.
Како што изјави Shai Agassi, основач и извршен директор на Better Place, компанија која се бави со инфраструктура за подршка на електричните автомобили, најголемата препрека на електричните автомобили не е нивната ограничена автономија, туку самата скептичност на производителите на автомобили во однос на електричните автомобили. Agassi смета и дека денешните автомобили кои се со мотор со внатршно согорување би можеле до 2020 година да ги сметаме за застарени, но таквата иднина ја спречуваат производителите кои не веруваат во имплементацијата на батерии, па го кочат и развојот на електричните автомобили. Или, во најмала рака, така им одговара.
Сегашната технологија овозможува електричните автомобили да поминуваат по 160 km, со само едно полнење на батериите. Но Better Place, тој проблем сака да го реши со замена на батериите, со што би се избегнало долгото чекање поради полнење.
Калифорниската компанија, во последните шест месеци го тестира овој систем на такси автомобилите во Токио, а исто така има нарачано и 100.000 електрични автомобили на Renault Fluence. Од овие, 70.000 ќе бидат преку лизинг понудени на израелските компании.
Првиод дел на израелската инфраструктура на електрични автомобали ја чинела компанијата 150.000 милиони американски долари, но таа сума ако се гледа од појасна перспектива би се согледало дека Израелците тие пари ги трошат на гориво за само шест дена.
LosiPatista:
енатот во САД ги изгласа мерките со кои би се постигнала поголема бучава кај електричните и хибридните автомобили. ...
Без разлика дали навистина постои потреба од вакво нешто, Сенатот на САД едногласно го изгласа налогот за спроведување на оваа мерка. Системот кој ќе биде вградуван во сите електрични и хибридни автомобили, ќе создава бучава со која ќе може да бидат предупредувани и пешаците во сообраќајот.
Актот кој е наречен „Зајакнување на безбедноста на пешаците“ 2010 година, е подржан и од демократскиот сенатор John Kerry. Овој акт има за цел да се воспостават стандарди за алармирање на пешаците од потенцијална опасност од автомобил кое се движи.
LosiPatista:
Ова веројатно и бил сонот на Никола Тесла – трансфер на струја преку воздух. Две водечки компании за развој на електрични возила, развиваат систем кој би ги полнел со електрична енергија безжично...
Delphi Automotive и WiTricity Corp. корпоративно ги здружија силите за да развијат систем кој ќе овозможи електричните возила да се полнат безжично. Системот нема да овозможи полнење на возилата додека се движат, но ќе може да се вградува на паркинзите на подот, притоа овозможувајќи полнење на возилото, кое би имало рецептор во долниот дел на автомобилот.
Според претседателот на WiTricity, Ерик Гилер, системот треба да го олесни полнењето на електричните возила, односно, тој вели дека полнењето треба да биде исто толку лесно колку паркирање на автомобилот. Инаку, системот кој тие го развиваат, веќе може да пренесе преку 3.300 W, односно исто колку што може да понуди класичниот жичен полнач.
Секако, овој систем ќе го олесни полнењето на електричните возила, но и понатаму ќе бара време за целосно да ги наполни батериите. Сепак, во рана фаза на развој на електричните возила сме, па за очекување е дека тие во иднина ќе се полнат и во движење.
Таков систем пред неколку години имаа претставено студенти од Јапонија. Нивната идеја е, преку електромагнети поставени странично од патот, во возилата, кои би имале рецептори на магнетните сили, константно да се индуцира струја и притоа да се полнат нивните батерии... Научна фантастика, нели?
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1086
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија