Автомобили > Генерално за Автомобилите

Вести од Автомобилскиот Свет

(1/377) > >>

Cuore Sportivo:
Синдикатот на „Шкода“ најави штрајк и бара зголемување на платите



Вработените во најголемата чешка индустрија за автомобили, „Шкода Ауто" најавија штрајк поради несогласување околу зголемувањето на платите, јави дописникот на МИА од Прага.



Работниците на фабриката која последниве години бележи рекорден  профит се незадоволни од понудениот пораст на платите за 4,3 проценти и бара зголемување пропорционално со резултатите на фирмата.

Според годишниот извештај, соопштен од раководството пред извесно веме, претпријатието изминатата година остварило рекордна продажба на автомобили и двојно зголемен профит.

„Шкода“ има 25.800 вработени, чија просечна плата изнесува околу 1.380 евра. Просечниот личен доход на работниците од овој сектор е 1.097 евра.


пс: мислам дека ни требаше една оваква тема бидејќи за вести од овој тип нема ништо соодветно.

Tischläufer:
Знаеш што мислам дека ќе им одговори менаџментот?
Тоа го прават Чешките компании: па ова е источна европа, платите и треба да ви бидат мали затоа сме вложиле овде капитал.

Стока се ова капиталистиве значи... А за илустрација знаеме колку е просечната плата во VW на пример?

Stratro:
Pocinjam da go sfakam stariot potpis na LP.

Cuore Sportivo:
Двојно зголемен профит а им качиле по 45 € . Многу се потрошиле. Али у секој случај имаат одлична основа за штрајк. Глупо е кога се штрајкува а компанија је пропала.

Deni:
Ne im cinelo i se pobunile, nesfatliv koncept za nasata drzava.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија