Општо > Генерални Муабети

Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот

(1/2168) > >>

djidji:
Секако дека здравјето е најважната работа во животот. Еве на пример ја имам проблеми со кичмата и прилично сум ограничен при обавување на обврските. Темава ја отворам со цел да го изнесете своето мислење за лекарите, установите, опремата со која располагаат и тн. И повеќе од јасно е дека не цветаат рози во здравството, ама да видиме кој како се снаоѓа, па можда и ќе се споделат некои врски за не дај боже :)

Deni:
За општи болести, матичен се знае врв мора, може да препорачам. Ортопедија исто може да препорачам топло. Пулмо исто одличен доктор...

Зависи што ти треба.

djidji:
Имам едно прашање: Значи ти си болен и неможеш да станеш од кревет, а за да можеш да отвориш боловање, а и да те прегледа лекар треба да одиш во болница. Е па ти да можеш да одиш на лекар, ќе отидеше и на работа, нели ? Убеден сум дека твојот матичен треба да има некоја замена или сл. и да оди во домашна посета, арно ама што праиме после за специјалистот? Пак иста приказна... ОК. Личен пример, лежам у вистинска смисла на зборот пред шалтерот на рентген и се пријавувам за обично ренген снимање по препорака на матичниот, за да после со снимката појдам кај специјалистот. Верувале или не ми викаат дојди по 3 месеци, а ја лежам на земја ??? И така натаму, понатаму ќе продискутираме подетално, ме интересира вашето искуство у врска со ова ...

SaleSk:
Здравство како здравство во глобала не е добро...На сите тоа ни е јасно. Уствари жива мизерија...
1. Стручниот кадар по болнициве е сведен на минимум...Се што вредеше отиде по приватните клиники и по приватните дијагностики. Она што е останато и е вредно, не можеш да го платиш...Мислам на услуга за некоја операција и слично пу пу скраја да е не дај боже. Ако збориме за дијагностика, каде јас највеќе имам сознанија, како што реков е останато многу малку што вреди...Она младоно што е исподојдено е или со врски и нема појма, или пак не се труди да научи...Секоја чест на исклучоците...Биохемија, исто така...Мислат дека апаратите се тие кои ке им ги извршуваат обврските...Значи кадар како негативност можам да го кажам за моменталнава состојба во државен сектор...За приватен кадар постои, создаден во државните институции, но секој не може да си дозволи лекување во приватни болници и снимање по приватни дијагностики.
2. Апаратура за дијагностика.
Во моментот Клинички центар е број еден што се однесува во поглед на дијагностика...После него се воена болница бивша односно нова градска болница - 8-ми септември, потоа стара градска болница или Клиника по Хируршки болести Св Наум Охридски, и потоа можам да ја одвојам Неуромедика,па Систина и Филип Фтори по опременост во Скопје...За ренген дијагностика говорам!!!

p.s. Бидејќи морам да излагам , ке продолжам после :)
Прашајте конкретно што ве интересира :)

SaleSk:
djidji, обрати се на вистинско место...
Имаш телефон да му е'ам мајката...

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија