Автомобили > Техничко Одржување

Амортизери, Спирали, Суспензија

<< < (2/454) > >>

SaleSk:
Одлична тема за дискусија..Прашање на место, а и размислување..
Моите видувања се следните.
Кратење на спирали не би правел...Прво што нема да добијам ништо позитивно, а негативно ке биде следново:
1.Ке ги ебам амортизерите бидејќи ке бидат постојано напнати, а со само тоа и ке издишат за кратко време...
2.Колата ке изгуби на стабилност. На дупки наместо да ги ублажува ударите, амортизерот ке тежнее да се врати во првобитна состојба, односно ке напнува за да се врати...За кратко време штом ке издиши, ке изгуби секакво својство, па колата ке скока како коњско арабаџиско возило.
3.Спиралата никогаш нема правилно да лежи на чашката, со самото тоа постојано ке биде шарам барам...Никогаш нема да можеш како што треба да ја дотераш - агол, нагиб итн.
4.Предницата полека и сигурно ке се сјебува, почнувајќи од јабучици, лагери, спони итн.

Значи ова првово отпаѓа дефинитивно...
Навртување на спирали.
единствено нешто кое ке биде подобро од горе споменатото е тоа што спиралата ке лежи добро во чашката, па оној момент со центрирање ке биде елиминиран...НО...Значи постои НО....Спиралата во фабрика се мота на одреден начин со одредена постапка...Дали ладно намотување или топло намотување, зависи од технологијата а изработка на истите.
Значи металот е свиткан, има одредени својства. Еластичност, трвдост, крутост, кртост...
Што се случува со загревање на металот...Нормално зависи од температурата, али глобално се менува структурата на меѓумолекуларните врски, односно решетката во самиот материјал...Со загревање дефинитивно се менуваат својствата на металот, односно кртоста, и еластичноста. + рачното загревање и навртување не може да биде подеднакво долж целата спирала, туку на одредени места е поголема или помала, во зависност од фатот на мајсторот. А и ладењето е исто така по постапката на загревање многу битен момент...Ако се олади нагло, ке се зголеми кртоста, ако се лади пополека ке остане мека, ке нема еластичност. Значи дефинитивно има мајсторија, но...Сепак тоа е специфична работа која се прави по одредени критериуми и начини.
Тука освен лежењето у чашката како што реков, ке ги набројам и сите други негативности кои ги кажав.

Но некој ке се најде многу мудар и ке рече дека ке ја скрати шипката од амортизерот и ке направи преработка...Но повторно според мене тоа ке биде погрешно...Зошто...Затоа што тој кратен амортизер никогаш нема да ги има вистинските својства на амортизер. Параметрите за изработка се внимателно одбрани од страна на многу инжињери кои мислеле и сметале и тестирале и пресметувале...да не терам даље муабет, мислам дека нема потреба.

И последно според мене е следново...
Да си набавите семирејсинг амортизери и спирали...Амортизерот ке има пропишана димензија, спиралата ке биде фабрички намотана, без греење, сечење итн, а одот на амортизерот ке си биде соодветен на силата на притискање или олабавување на спиралата. Ништо нема да биде пренапрегнато, предницата ке биде права, нагибите на тркалата ке си се дотераат без никаков проблем...
Колата ке биде спуштена и ке биде стабилна, односно амортизерот ке функционира баш онака како што треба. Односно ке ја држи колата стабилна и нема да дозволи фрлање при влегување во кривина...
Единствено нешто кое во овој случај ке го изгубите ке биде удобноста при возењето.
И нормално векот на траење на останатиот дел од предницата заради поголеми вибрации...

Јас сум за последнава варијанта..Колку и да се чини поскапа, секогаш на крајот испаѓа дека е најефтина и најисплатлива...

IvO:
кога би собрал пари и би се решил да мењавам би идел на оваа варијанта ... а може и спирали apex али нема да биде исто без амортизери  ..

mrmut:
Јас во амортизери сам си решавам се си комбинирам од други коли сега за сега не сум имал потрба да купувам спирали туку ги правам тука во МК и тоа како сакам и колку сакам да е тврда и која висина сакам ;D
Искрено правено муабет за мојата кола (бубата) напред имам амортизери од ауди 100 bilstein а задни од КИА комбе KYB





Зиваната што ја гледате е за пумпање на амортизерот за нианси на помеко - потврдо
Фабрички одпозади има торзиони вратила , јас ги остранив и савам спирали.






Околу гумички и останати работи во предница-задница се извадени и е направено на уни бал (повеќе насочно лежиште) е околу ова е многу по трајно и многу по голем осет на волан и пошлусност на колата и една негативна работа малце е по бучна дека нема гумена врска меѓу вилушките и шасијата.

IvO:
а варовите мислиш ке траат подолго ? хмм :)

Vlado:
Дали гумици на виљушки, играат улога во висината на колата?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија