Никаков член во договорот не ти треба за одјава на возило ако е од друг град.
Може и купувачот, може и продавачот да го одјави возилото бидејки и двајцата се договорни странки.-
Само кога го одјавуваш, си нагласуваш која од странките си во купопродажниот договор, приложуваш лична карта, приложуваш копија од купопродажниот договор, ја приложуваш сообраќајната дозвола.
Плаќаш 650 денари и потоа одиш на шалтерот од МВР, со потполнетото барање од 650 денари ги приложуваш и таблиците, МВР ги зема старите таблици, на сообракајната става забелешка дека возилото е одјавено.
Потоа си идеш во својот град на технички на шалтер, добар ден за ова возило треба нови таблици и сообракајна. Им треба твојата лична карта, оригинален купопраджен договор и одјавената сообракајна.
Изготвуваат документација, плакаш 2190 денари, потоа одиш на шалтер МВР, даваат нова сообраќајна и нови таблици.
Целава постапка се тера на станица за технички преглед.
А превод е друго, тоа е заверка на купопродажен договор, таму мора и продавачот и купувачот да се присутни.
**болдираните се битни, така ги бараат, на одјава бараат копија, нови таблици и сообракајна бараат оригинален договор.