Автор Тема: BMW E87 118d 143hp '09  (Прочитано 9007 пати)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 548
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #45 на: Октомври 28, 2019, 22:55:25 pm »
Одамна не сум пишал ништо на темава. БМВто го имам се' уште, 75.000км е кај мене. Секојдневно се вози, немам проблеми. Позначајни моменти за споменување, освен редовен сервис (уље филтри):

-11/2018 на 135.000км сменети предни дискови, ставено Zimmermann дискови со брембо плочки, назад ставени плочки АТЕ, сменети 2 стабилизатори напред, ставено КН филтер за воздух;

-01/2019 летните бандажи средени исполирани (слика подоле);

-03/2019 на 142.000км монтирани 4 нови Continental premiumcontact 6  225/45/17 во мотоцентар;

-08/2019 на 150.000км монтирани нови чаури на преден трап, полиуретански стронгфлекс;
https://www.strongflex.eu/en/e81-e82-e87-e88-04-11/1366-front-wishbone-bush-sport-5902553504019.html?search_query=bmw+e87&results=31
https://www.strongflex.eu/en/e81-e82-e87-e88-04-11/1125-front-wishbone-bush-sport-5902553503395.html?search_query=bmw+e87&results=31

-09/2019 на 155.000км превентивно сменети ланецот и затегачите, кои се фабричка грешка во BMW N47 моторите (timing chain failure т.е. клумп);

-10/2019 на 157.000км ремап. Импресии ќе пишам дополнително деновиве.

Бандажите

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Една слика од операцијата за менување на ланецот и затегачите, целиот мотор се вади надвор:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сега за сега е тоа, мислам дека не заборавив ништо. Се надевам дека и понатаму ќе ме служи како што треба. Верно и без проблеми. ;D :D 

Колку време ви требаше одприлика за промена на ланецот? Дали е скап зафат? Сакам кај мене да го променам, па ме интересира дали мајсторот ќе му треба многу време и многу пари за работна рака.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #46 на: Октомври 29, 2019, 12:01:01 pm »

Околу 700 еур, процедурата е малце мачна се вади мотор се менуваат ланчињата, клизачите и пожелно е да се стават нови дихтунзи на капачката при промена.
Колата е буквално КАКО друга кола после овој зафат. :)

Отсутен Спенсер

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6640
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #47 на: Октомври 29, 2019, 12:15:06 pm »
Како што кажа имењакот Брзи и се гледа на сликата, се вади целиот мотор надвор. Цената е горе доле таа, делови+работна рака. Мојата ја средија од сабајле до вечер цел ден, ама фокусирани само на тоа, ништо друго. Патем ќе видиш дека и ламелата најверојатно ти е изедена, па ќе сакаш и неа да ја смениш кога веќе е отворено се. ;D ;D ;D

Отсутен Спенсер

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6640
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #48 на: Ноември 23, 2019, 11:29:32 am »
Да се заокружи целосно работата со ремапот, еве мерења пред и потоа.

Фабрички декларирани се 143hp и 300nm.

Мерење пред ремап: 153hp со 325nm.

Мерење после ремап: 180hp со 400nm.

(не знам дали измерените вредности се 100% точни, но ете нека има 5% грешка горе доле)

Тоа е, за годинава доста е. ;D :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5822
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #49 на: Ноември 23, 2019, 14:00:16 pm »
Не е многу 400нм за менувачот?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18760
  • (•_•) ( •_•)>⌐■-■ (⌐■_■)
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #50 на: Ноември 23, 2019, 14:35:51 pm »
Не е многу 400нм за менувачот?

За менувачот не ама замаецот ќе си страда. Исто како кај секој ремап.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3382
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #51 на: Ноември 23, 2019, 16:04:12 pm »
Спенсер со здравје возење со осмех, што треба да страда нека страда, ни ние не сме вечни, а не парче железо.
180кс и 400нм во бмв1 мајко мила...

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #52 на: Ноември 23, 2019, 16:09:16 pm »
Spens ти кажав јас брату, само со исав и ќе си спие

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18760
  • (•_•) ( •_•)>⌐■-■ (⌐■_■)
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #53 на: Ноември 23, 2019, 16:21:55 pm »
Од 143кс на колку се качи со ремапот? И каде го правеше и колку чини (ако не е тајна)?

Честитки @Спенсер !

180
Кај тебе во гаража го меревте? :D

@tomica добро сме го измериле а?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10270
  • Giulietta QV
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #54 на: Ноември 23, 2019, 18:26:18 pm »
Закачи му ја фтора и снимај клипче

Отсутен Спенсер

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6640
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #55 на: Ноември 24, 2019, 11:32:50 am »
Не е многу 400нм за менувачот?

Не знам, ќе видиме. Сигурно се крати животниот век, ама не знам за колку. ;D Ако пример замаец се менува на 200.000км, а јас треба со ремапот на 150.000км... i can live with that. ;D :D

Spens ти кажав јас брату, само со исав и ќе си спие

Закачи му ја фтора и снимај клипче

Значи дивљање никако, само динамично. ;D

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #56 на: Јуни 16, 2020, 21:35:54 pm »
Знам дека одамна не е пишано во темава. Ако сеуште го имаш ќе сакаш да пишеш збор два за тоа како се однесува на подолги патувања ? Дали седечката позиција е удобна, дали те уморува, дали можеш да ја споредиш со нешто друго итн итн...
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Спенсер

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6640
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #57 на: Јуни 17, 2020, 09:22:01 am »
На подолги патувања се однесува динамично. ;D :D

Се' уште го имам, се вози секојдневно. Јас досега сум немал проблем со замор и непријатности при патување, иако моето ги има најобичните седишта (низ цела србија 1.200км за 20 часа, скопје-лефкада 7 часа мислам беше со една мини пауза само), ама да знаеш дека јас сакам да возам, не ми е проблем. Не можам да споредам затоа што со друга кола не сум возел така подолги рути.

п.с. ако си 2м висок може да имаш непријатности, мало количе е ова. ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: BMW E87 118d 143hp '09
« Одговори #58 на: Јуни 14, 2021, 09:56:39 am »
п.с. ако си 2м висок може да имаш непријатности, мало количе е ова. ;D

Налетав на темава на Спенсер :)

Немам непријатности јас :) само при влез и излез цело време се удирам од воланот ;D ако то е мала непријатност.

Непријатност е некој да седи позади мене :D :D

Иначе, што се тиче комоција, не би ја возел на долг пат. Ќе ме отепа на нашите патишта.