Автомобили > Техничко Одржување
Чистење на Тротл Боди - Лептир - Клапна и Маф Сензор
Cuore Sportivo:
Бидејќи уште ова остана непроверено, 85% сум убеден дека тука лежи проблемот за нерамномерното работење под мала гас. Воедно темава ја отварам бидејќи овој проблем не познава марки и се јавува без искључок кај сите бензинци и може да послужи како добар пример во потрагата по предизвикувачот на овој проблем.
Степмоторот, или регулаторот на малата гас по нашки, односно Idle Air Control Valve по странски :D , го регулира количеството на воздух кое поминува низ тротл бодито или лептирот, доколку Лептирот е прљав нема идеално затварање со што автоматски доаѓа до нерамномерен проток на воздух а од тоа следи и нерамномерно работење под мала гас. Од лично искуство може да констатирам дека кога е аутото ладно, и работи под саух, работата е рамномерна но штом се искључи саухот поради недобро затварање на лептирот доаѓа до нерамномерно работење под мала гас. Исто така прљав лептир може да осетите и при постојано турирање, ќе забележите дека при одземање на гаста стрелката на обртомерот поспоро се враќа. По некоја моја логика не затвара добро и дава погрешни информации. Бидејќи ова се мојте почетоци во истражувањето на механичките проблеми, доколку некој има замерка, или допуна слободно нека пише. Сеуште не сум земал да ја исчистам клапната, но ќе биде деновиве.
mmm121:
јас го имам овој проблем на фокусот..... дали може ова да е причина за зголемена потрошувачка?
Cuore Sportivo:
--- Цитат: mmm121 на 24 Декември 2011, 14:10:28 pm ---јас го имам овој проблем на фокусот..... дали може ова да е причина за зголемена потрошувачка?
--- Крај на цитатот ---
Не би требало на ново ауто толку брзо да се запрља лептирот. Сепак ти ќе треба да идеш у овластен сервис бидејќи претпоставувам дека сеуште ти е под гаранција.
mmm121:
--- Цитат: Cuore Sportivo на 24 Декември 2011, 14:22:00 pm ---
--- Цитат: mmm121 на 24 Декември 2011, 14:10:28 pm ---јас го имам овој проблем на фокусот..... дали може ова да е причина за зголемена потрошувачка?
--- Крај на цитатот ---
Не би требало на ново ауто толку брзо да се запрља лептирот. Сепак ти ќе треба да идеш у овластен сервис бидејќи претпоставувам дека сеуште ти е под гаранција.
--- Крај на цитатот ---
не на новиот, имам стар фокус мк1 1.6 од 2001-ва . (160 000 км)
Tischläufer:
--- Цитат: Cuore Sportivo на 24 Декември 2011, 12:30:28 pm ---Бидејќи уште ова остана непроверено, 85% сум убеден дека тука лежи проблемот за нерамномерното работење под мала гас. Воедно темава ја отварам бидејќи овој проблем не познава марки и се јавува без искључок кај сите бензинци и може да послужи како добар пример во потрагата по предизвикувачот на овој проблем.
--- Крај на цитатот ---
Јас го имав ланската зима овој проблем исто и преку пролетта. Летото ги исчистив со бензин сите дизни, клапни и цел карбуратор. После тоа моторот спиеше под мала гас со поминати 330.000 и 44 годнини старост. Имаше дечки што го слушнаа на Веро кога го донесов.
--- Цитат: mmm121 на 24 Декември 2011, 14:10:28 pm ---јас го имам овој проблем на фокусот..... дали може ова да е причина за зголемена потрошувачка?
--- Крај на цитатот ---
Не би требало доколку работи лошо моторот под мала гас. Но ако ти забележуваш зголемена потрошувачка можеби и моторот не работи добро и при зголемена гас додека возиш кога е потешко да се детектира таква неправилност. Пробај да замениш кабли и свеќици покрај зачистуваето. Многу често свеќиците кај нас се фалсификат и попуштаат и после 5-10.000 км.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија