Автор Тема: Совет за Golf 5/6 DSG  (Прочитано 474 пати)

Присутен Lone

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Совет за Golf 5/6 DSG
« на: 09 Јуни 2024, 10:44:26 am »
Се одлучив наредната (половна) кола што ќе ја купувам да е Голф. Изборот за мојот буџет е Голф 5 или Голф 6. (6-9000к)

Критериумот е - мора да е автоматик со темпомат, значи DSG. Годината на производство не ми е толку битна ако е одржувана колата прописно. И колата мора да дозволат да се однесе на мајстор и МК Ауто Експертиз. Не барам специфични предлози од коли од огласи, повеќе барам совети за кои мотори и менувачи да ги избегавам.

Зашто за овие коли во тој буџет влегуваат повеќе варијанти, вклучувајќи 1.9 ТДИ, 2.0 ТДИ, 1,6 ТДИ, 1.8 ТСИ. DSG6 и DSG7, dry clutch и wet clutch...

Колку јас што разбрав, ако е Голф 5, моторот треба да е 1.9 ТДИ. Ако е Голф 6, моторот да е 2.0 ТДИ.

Како се покажани 1.6 ТДИ моторите на Голф 6? Дали се тромави или со повеќе проблеми во споредба со 2.0 ТДИ?

Чести проблеми би требало да се водна пумпа, каиши, бош пумпа, и трошење улје.

Па кои се ваши совети, каков Голф 5 или 6 автоматик да барам?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29320
    • CARclub.mk
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #1 на: 09 Јуни 2024, 10:59:33 am »
МК Ауто Експертиз изгледа не работи веќе. :/

Мојот совет би бил: Исфрли го Голф 5 од математиката. Веќе се престари.

Барај Golf 6 2.0 TDI со DSG. Избегнувај 1.6 TDI. Барај каква-таква сервисна историја и провери дали маслото во менувачот е менувано. Однеси го возилото кај добар мајстор за VW со претходно закажан термин за да имаат време како што треба да ја прегледаат колата. Моја лична препорака за Др. Ауто кај Лепенец.

Присутен Lone

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #2 на: 09 Јуни 2024, 11:09:16 am »
МК Ауто Експертиз изгледа не работи веќе. :/

Мојот совет би бил: Исфрли го Голф 5 од математиката. Веќе се престари.

Барај Golf 6 2.0 TDI со DSG. Избегнувај 1.6 TDI. Барај каква-таква сервисна историја и провери дали маслото во менувачот е менувано. Однеси го возилото кај добар мајстор за VW со претходно закажан термин за да имаат време како што треба да ја прегледаат колата. Моја лична препорака за Др. Ауто кај Лепенец.

Дали би вредел Голф 5 1.9 ТДИ наспроти Голф 6 2.0 ТДИ, ако 5ката е со сервисна историја, а 6ката е без сервисна?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1017
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #3 на: 09 Јуни 2024, 11:41:18 am »
Абе каков и да земиш голф немаш грешка, од кал да е ама голф да е  :D :D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3264
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #4 на: 09 Јуни 2024, 16:46:48 pm »
И Голф 5 гледај 2.0TDI, сигурно ќе гледаш над 2006, најчесто 1.9TDI се со код BLS. Код BLS значи дека не му е на моторот никаков проблем да летне клипњача низ блок и ред други работи. Таа серија е прва со DPF и е катастрофално лоша.

Сепак јас би одел Голф 6, 2.0TDI DSG.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33938
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #5 на: 10 Јуни 2024, 00:10:42 am »
Дали би вредел Голф 5 1.9 ТДИ наспроти Голф 6 2.0 ТДИ, ако 5ката е со сервисна историја, а 6ката е без сервисна?

Не мора да значи, ако 5ката е со сервисна историја, а 6ката е без сервисна може да излезе 6-ката многу подобра од 5ката сепак

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4457
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #6 на: 10 Јуни 2024, 00:14:35 am »
Голф со DTC off  ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #7 на: 10 Јуни 2024, 08:40:48 am »
Не знам колку ти се битни перформансите, ама со оглед на твојот буџет кој се протега до 9.000 евра, не би ги изоставил поновите серии на Голф 7/Сеат Леон 2012-2014 со 1,2 и 1,4 ТСИ. Добиваш каде каде понова кола за исти пари, е сега нема да биде ТДИ бајо мој ама понова кола со помалку км за мене секогаш има предност
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3594
Одг: Совет за Golf 5/6 DSG
« Одговори #8 на: 10 Јуни 2024, 09:52:48 am »
Ако ги имаш како ќеш тие 9к, стај ги како учество(50%) и земи си нова Шкода Скала.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"