Автор Тема: Opel Mokka-E  (Прочитано 3104 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #15 на: 02 Мај 2024, 07:49:55 am »
@zeroSignal  како е кај тебе потрошувачка?  :)

Јас поминав веќе преку 1000км и на отворено ако ја возам над 110 си лапа околу 19квч, додека во град лесно се стига и под 14квч. Просекот за сега ми е 17.4 квч

Реално ако си примерен и на отворено возиш до 100-105 тогаш може со едно полнење да поминеш 300км а во град и повеќе. Баш кога ја земав колата таа недела ептен се спуштија температурите и тогаш рејнџот паѓа за некои си 15% би рекол, што поладно тоа полошо.

Во глобала количево со еден збор би го опишал како средство за намалување на стрес. Мазно, тивко се движи по асфалт си кулираш и никој од надвор неможе да те изнервира.

За сега, огромен минус е што нема аутохолд и мора да држиш кочница кога чекаш на семафор.

Вчера си заслужи перење.




Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #16 на: 02 Мај 2024, 09:59:54 am »
Колку пари. Е киловатчас/минута  на полнач ?
Едит, ме интересираше нешто гледав спрема цените на Евн полначите, за таму не најдов цени на гоогле, лаички пресметав, а може грешам, со пишаните киловати околу 600+ денари за 100км шо по мооментална цена на бензин иди како да троши 7 на 100.
Ако е така или  уште погоре, не е нешто сјајно 7/100, на отворено уште поголема потрошувачка, ако ги конвертираш тие 600+ денари во дизел или плин тогаш веќе иди очај.
Може грешам не знам .


Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 02 Мај 2024, 10:52:10 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #17 на: 02 Мај 2024, 10:05:53 am »
@zeroSignal  како е кај тебе потрошувачка?  :)

Си држи некој просек од околу 16 kWh на 100 км. На отворено кај мене ќе биде помалку, пошто вози на бензин, не на струја. :)

Во глобала количево со еден збор би го опишал како средство за намалување на стрес. Мазно, тивко се движи по асфалт си кулираш и никој од надвор неможе да те изнервира.

За сега, огромен минус е што нема аутохолд и мора да држиш кочница кога чекаш на семафор.

Ептен се согласувам, генерално ваквите електрични возилца те прават да се чувствуваш поопуштено и да возиш посмирено.

А за Ауто-Холдот, се согласувам. И не ми јасно зошто кај повеќето Опели го нема. Мада мене па ми е воглавно исклучен, знае со ауто-холд тргнувањето да е малку jerky. Навика ми е ваљда да држам кочница.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #18 на: 02 Мај 2024, 12:18:29 pm »
Колку пари. Е киловатчас/минута  на полнач ?
Едит, ме интересираше нешто гледав спрема цените на Евн полначите, за таму не најдов цени на гоогле, лаички пресметав, а може грешам, со пишаните киловати околу 600+ денари за 100км шо по мооментална цена на бензин иди како да троши 7 на 100.
Ако е така или  уште погоре, не е нешто сјајно 7/100, на отворено уште поголема потрошувачка, ако ги конвертираш тие 600+ денари во дизел или плин тогаш веќе иди очај.
Може грешам не знам .


Sent from my iPhone using Tapatalk
Еве ги цените https://emobility.evn.mk/Tariffs.aspx
Цените за тарифирање со ЕВН картичка за полнење:
              AC полнач  до ​22 kW -  25 МКД/ kWh + 0,83 МКД/минута*
     
              DC полначи од 50kW и 100kW - 25 МКД / kWh + 1,7 МКД / минута**
 

Цените за тарифирање со директно плаќање:
              AC полнач  до ​22 kW -  30 МКД/ kWh + 0,83 МКД/минута*
     
              DC полначи од 50kW и 100kW - 30 МКД / kWh + 1,7 МКД / минута**

Цените се со вклучен ДДВ и важат од 01.09.2023

*Првите 4 часа користење на местото за полнење додека возилото е приклучено на AC полнач не се наплаќаат, се наплаќа само потрешената енергија. По изминување на бесплатното време, се наплаќа за блокирање на местото за полнење, се додека кабелот не се исклучи од полначот.
**Првиот час користење на местото за полнење додека возилото е приклучено на DC полнач не се наплаќаат, се наплаќа само потрошената енергија. По изминување на бесплатното време, се наплаќа за блокирање на местото за полнење, се додека кабелот не се исклучи од полначот

Океј, ова нормално за @vlatko.klp  не игра никаква улога, зашто цените кај него се други :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #19 на: 02 Мај 2024, 12:38:56 pm »
@ficomk  Да де по ова лаички пресметав, ако би се полнела 45 мин до 1 саат за тие 18тина киловати, 18*30=540, , 45-60 мин * 1.7 денари минута е 76-100 денари, затоа ппишав 600+ денари, 600-640денари за извозени 100 км. АКо нешто не грешам јас. Некако не ми излегува економија со математката, за истите пари на бензин би возел стотина км, на дизел 160тина, плин исто 160/170км односно барем 50% повеќе за парите со последните две
Надвор од Македонија се сигурно повисоки сумите од овие.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #20 на: 02 Мај 2024, 12:44:36 pm »
@ficomk  @vladic3110  Во Охрид плус паркинг на плоштад се наплаќа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #21 на: 02 Мај 2024, 13:32:15 pm »

Може грешам не знам .


Sent from my iPhone using Tapatalk
Грешиш.

Изгор се цените во Македонија. Ем по кв на час ем на минута те ребрат.

Кај мене брз полнач од 50кв е 24 центи по киловат, брз полнач од 100кв е 29 центи а полначи над 150кв се некаде околу 35-40 центи.

Има неколку брзи полначи од 50кв што се наплаќаат само на искористено време и тие коштаат 18 центи од минута.

Лаички пресметано ако 45киловати батерија од 0 до 100% на брз полнач од 50кв ме чинат 10.8 евра а реално можам да поминам 280-300км тоа значи дека 100км ме чинат 3.6 евра, што реално е еднакво на потрошувачка од 2-2.5 литра на 100. Нешто што само плаг ин хибрид може да го постигне.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #22 на: 02 Мај 2024, 13:51:05 pm »
Кај нас цените се глупаво високи. Не беше одржливо ни бесплатно да биде полнењето, ама ова е без разум.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #23 на: 02 Мај 2024, 18:39:47 pm »

Може грешам не знам .


Sent from my iPhone using Tapatalk
Грешиш.

Изгор се цените во Македонија. Ем по кв на час ем на минута те ребрат.

Кај мене брз полнач од 50кв е 24 центи по киловат, брз полнач од 100кв е 29 центи а полначи над 150кв се некаде околу 35-40 центи.

Има неколку брзи полначи од 50кв што се наплаќаат само на искористено време и тие коштаат 18 центи од минута.

Лаички пресметано ако 45киловати батерија од 0 до 100% на брз полнач од 50кв ме чинат 10.8 евра а реално можам да поминам 280-300км тоа значи дека 100км ме чинат 3.6 евра, што реално е еднакво на потрошувачка од 2-2.5 литра на 100. Нешто што само плаг ин хибрид може да го постигне.

А која е цената за полначи на автопат? Барем по Британија низ автопат е ненормално скапо да полниш електрично возило.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43701
  • Il Moderatore
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #24 на: 02 Мај 2024, 19:34:45 pm »
По минута се тарифира после првите 4 часа полнење, така да првите 360 минути не се наплаќаат. Или на ДЦ ако полниш, првите 60 минути не се наплаќаат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #25 на: 02 Мај 2024, 19:54:05 pm »

Може грешам не знам .


Sent from my iPhone using Tapatalk
Грешиш.

Изгор се цените во Македонија. Ем по кв на час ем на минута те ребрат.

Кај мене брз полнач од 50кв е 24 центи по киловат, брз полнач од 100кв е 29 центи а полначи над 150кв се некаде околу 35-40 центи.

Има неколку брзи полначи од 50кв што се наплаќаат само на искористено време и тие коштаат 18 центи од минута.

Лаички пресметано ако 45киловати батерија од 0 до 100% на брз полнач од 50кв ме чинат 10.8 евра а реално можам да поминам 280-300км тоа значи дека 100км ме чинат 3.6 евра, што реално е еднакво на потрошувачка од 2-2.5 литра на 100. Нешто што само плаг ин хибрид може да го постигне.

А која е цената за полначи на автопат? Барем по Британија низ автопат е ненормално скапо да полниш електрично возило.
Нормално, исто како што бензинот на автопат е за 20% поскап него во град.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #26 на: 02 Мај 2024, 20:53:02 pm »
Кај нас цените се глупаво високи. Не беше одржливо ни бесплатно да биде полнењето, ама ова е без разум.

Мал е пазарот хах

Веројатно се високи бидејки само ЕВН има мрежа на полначи. Ако ина конкуренција веројатно ќе падне цената.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #27 на: 02 Мај 2024, 21:06:43 pm »
Мислам дека  и нагоре Србија,Хрватска, Словенија се исти цените.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #28 на: 02 Мај 2024, 22:17:07 pm »
Колку е разликата во цената при купување на истото возило ама да е само бензил или дизел.
Дали сервисите дур е под гаранција се поскапи кај хибрид возилата или не.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #29 на: 03 Мај 2024, 10:18:28 am »

Може грешам не знам .


Sent from my iPhone using Tapatalk
Грешиш.

Изгор се цените во Македонија. Ем по кв на час ем на минута те ребрат.

Кај мене брз полнач од 50кв е 24 центи по киловат, брз полнач од 100кв е 29 центи а полначи над 150кв се некаде околу 35-40 центи.

Има неколку брзи полначи од 50кв што се наплаќаат само на искористено време и тие коштаат 18 центи од минута.

Лаички пресметано ако 45киловати батерија од 0 до 100% на брз полнач од 50кв ме чинат 10.8 евра а реално можам да поминам 280-300км тоа значи дека 100км ме чинат 3.6 евра, што реално е еднакво на потрошувачка од 2-2.5 литра на 100. Нешто што само плаг ин хибрид може да го постигне.

А која е цената за полначи на автопат? Барем по Британија низ автопат е ненормално скапо да полниш електрично возило.

Мене на апликацијата ми дава иста цена по кВч, без разлика дали на автопат или не. Во зависност од операторот, кај мене дава цени од 0.51 или 0.60 € / kWh.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.