Автор Тема: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...  (Прочитано 681607 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 315
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6135 на: 20 Мај 2024, 17:49:29 pm »
Lifesum ви е супер опција за следење на прехрана. Имате опција за таргет внес на калории, според то добивате пресметка за јаглехидрати, протеини и масти, и имате баркод читач со сосем солидна датабаза на производи. Досега скоро се шо сум пробал да скенирам, поминало без проблем.

Исто, имате опција за интеграција со Apple Health, не знам на Android како би одело ова, и автоматски ви ги додават калориите шо сте ги потрошиле од автоматското броење на чекори или од физичка активност следена со телефон/саат.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
  • хаУс мајстор
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6136 на: 20 Мај 2024, 18:03:48 pm »
Јас не можам толку да се замарам со тоа дали/колку/како сум внел, колку сум потрошил, какво ми било гомцето.
Да, мавам повеќе стек, јајца, пијам повеќе вода, ова го практикувам од како почнав со вежбање т.е. теретана. Првично почнав поради проблеми со грбот, и стварно ми е подобро, но со тек на време и некое мускулче ќе се појави, па те залажува да се внесеш малку повеќе. Ама се завршува со огледалото дома што го имам 😆, така да идам, ќе се испукам саат, саат ипол, ќе се напукам со храна и утре пак.
Протеин и креатин ко наркоман. Од 67 се качив на 76, некои од нив 2-3кг се во мешето.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9971
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6137 на: 20 Мај 2024, 22:16:09 pm »
abe sega za a se naprajsh rende epten treba da se zamarash. ali ako ti e ok, cepaj, i obavezno, ama naj obavezno ili kolagen ili neshto slicno. Sekako so pauza. Isto i urov, zelantin od govedo cat-pat. Inaku otidoa zglobojte. Od iskustvo od drugari shto se zeznale  :)

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 66
  • Q5
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6138 на: 21 Мај 2024, 13:14:46 pm »
abe sega za a se naprajsh rende epten treba da se zamarash. ali ako ti e ok, cepaj, i obavezno, ama naj obavezno ili kolagen ili neshto slicno. Sekako so pauza. Isto i urov, zelantin od govedo cat-pat. Inaku otidoa zglobojte. Od iskustvo od drugari shto se zeznale  :)

Може ли малце да елаборираш околу желатинот и колагенот? На еден месец обавезно зглобот ми се заебува на едната или другата рака, правам пауза од три дена и продолжувам....се пронајдов некако дека такво нешто ми фали....
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9971
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6139 на: 21 Мај 2024, 19:35:01 pm »
исто ко зглоб од кола- само што нас ни треба колаген наместо графитна маст :D Се додека не дојдеш до коска на коска, штетата е реверзибилна.
На колега му рекоја да пиет нодол ( клучната билка е ѓаволска канџа, трн), желантин и семе од уров ( кај Гоце студентскион пазарчено, тамо набави, уровот мелен, не цели зрна).
арно ама немаше некој ефект, но можда како превенција би збркале работа. Нодолот пише во упатството како се пијат, уровот е мешункасто растение, по едно кафено лајче дневно, може да го консумираш колку сакаш, но сепак 1 лајжичка за кафе е некоја препорака, со повремени паузи. Желантинот содржи холестерол и поради него, неговата употреба е ограничена, мене 5-6 дена во месецот ми беше таман, можда и од повеќе не би имал штета, но за мене тоа е некоја безбедна зона, холестеролот ми остана во граници на нормала, а крцкањето не ми се повтори. Телешки желантин, најверојатно помалце холестерол имат. Тија работи ти се достапни во секое време овде.
Онда и ТТ зглобовите ги прави џам, ама не сум користел синтетички тт, па нема ни да зборувам околу тоа :)
Онда имам користено некој колаген во прашак од виола, си ја бркаше работата, но како и сте суплементи овде имаше некоја пренапумпана цена. Ако го најдам поефтин би го зел пак. Исто, чинам и на форумов има задоволни од ЦХ алфа, ама и за него важи истото, мислам дека бугарија го наоѓаа доста поефтино. 1/3 од тоа што е овде.
Е сега филан чоек што се занимава повеќе или помалку со нутриционизам  ( негова е и количката) ми ги препорача овие, овие ти се бест бај, ми се на ниет да ги нарача пак, само не знам сега како се со испораки, пошти, царини... инаку би ги нарачал одма. Треба да ги почекаш. Се пијат 1 месец, би требало уште најмалце месец да немаш гајле, а можеш да ги распоредиш 2 недели пиеш, месец пауза, пак 2 недели пиеш... да ти траат подолго, во зависнос од потребите.
Сега мислам ова од искуство, не сум доктор, не можам да ти препишам рецепт нити да те пратам на ртг, ама мене баш лактите ми крцкаа,  повеќе или помалце се од горе наведеното ми помогна. За сега пробај со колаген или желантин телешки + уров ( нодол лично не сум пиел), а сум пиел или едното(колаген) или двете(желантин + уров), но не и колаген и уров и желантин, оти сум сметал дека само со едно од ними си „покриен“, т.е. не ми се појавил проблемот.
Баскет на асфалт, скокање јаже на тврда подлога, скокање на тврда подлога, све што осеќаш удар ќе ти напрајт сериозна штета најмногу на колената, па избегавај такви моменти.
И, колку и да е стекот број 1 за протеини и нај билдерско јадење, сепак гледај протеините да се од растителна природа, поради мочна киселина.


Ако зане некој нешто плус, секако не би ни било на одмет.

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 66
  • Q5
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6140 на: 22 Мај 2024, 20:33:43 pm »
@Bicikle секоја чест, стварно фала ти ептен, ми требаше ваков краш курс! пошо вежбам дома немам прилика да се консултирам со искусни батиња....

Инаку денес земав Колаген во прашок од Зегин, скапичок ама како за прв па после ќе барам алтернативи, исто така у план сум да земам желатин, да ја опраам работава кога више се троши време на вежбање.
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9971
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6141 на: 23 Мај 2024, 00:23:22 am »
 Е де, и мене ми кажале, не ми текнало мене :) таман работа.
Епа алтернативите се или Бугарија ( би требало да ги најдеш истите за упола цена) или ајхерб. Би требало да ти се доволни само кексичките, нема потреба од ништо додатно додека си      "на кексички". Тие се поефикасни од желатин и/или уров, ама цената им е по надуена.  Земај ги наизменично со желатинот, со пауза од недела - две. Повеќе не е секогаш и подобро :) Види како ќе ти делуваат, колку ќе ти трае ефектот, дали ќе помогнат и како се пијат( прочитај упатство), имам заборавено што пишеше во упатството, јас пиев после тренинг т.е. 3 пати неделно па бев "на безбедно". Исто и Ц витамин и Д3 витамин ( голема заблуда е дека од сонцето ќе ти се создаде доволно Д3 витамин, сите сме мањак со Д3, под претпоставка дека живееш МК). Цвеклото е многу моќно за циркулација, во денови кога вежбаш барем 3ч пред тренинг олупи четврт до пола цвекло. Т.е. почни со четврт. Онда пола или цел варен компир 1ч пред тренинг би требало да е доволно да те снабдува со енергија, а да не се осеќаш натупанет. Од цвеклото може да се офарба мокраќата, не е страшно, само е не дигестирано цвекло ( значи да намалиш за едно 1/3, секако си зел повеќе од што може да ти свари организмот). Секако овие ситници се далеку од све она што ти е потребно, но толку сум вичен и јас :)
П.с. вода да не заборајш 1,5-2л на ден.