Модификации > Тјунинг
Тјунинг дилема (вртежен момент изнад максималниот на мењачот)
psx-9ne:
Ме интересира искуство со тјунирање, каде вртежниот момент го надминува максималниот вртежен момент кој е по спецификација поддржан од мењачот.
Дали има некој слично искуство.
Конкретно се работи за 9-степен мењач со повеќе квачила кој според спецификација држи до 700 н/м. Моментално е агрегатот постигнува 700, но насекаде стоја јавно достапни понуди за тјунинг до 760н/м. Конкретната дилема ми е за мењачот,како ќе се снајде со истиот. Дали конверторот на вртежен момент пошто е лимитиран едноставно ќе пренесе 700 и џабе е тјунингот?
Благодарам однапред.
nikola_bb:
Ke gi preebes lamelite pobrzo
Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Simo - Carrier159:
Спецификацијата на менувачот кажува која му е дизајнираната издржливост, во случајов 700nm, но тоа не значи дека ќе цркне одма со 760nm, дури и тоа влегува во границите на предвидени толеранции. Иако е со вискозни ламели, нема некој торк лимитер (освен нели преку ECU-то на моторот) кој ќе го ограничи преносот на снага низ менувачот. Значи, бенефит ќе има, нема да биде џабе тјунирањето. Веројатно малку го намалуваш предвидениот век на компонентите, ама со разлика во торк-от од помалку од 10%, генерално си на безбедна страна. Впрочем, максималниот торк многу ретко ќе го користиш, мислам, освен ако не влечеш композиција со вагони мазут за ТЕЦ Неготино, па цело време да ти требаат 760нм :)
Без гајле чипни си го ѕверот за повеќе уживање :)
nestor04:
Затоа постои датабаза која ја имаат тјунерите на која пушува точно каков модел е менувачот и до колку нм може да издржи. Исто и за моторот.
Deni:
Мала е разликата, а сигурно по нетов има искуства за како се искуствата.
Од друга страна пак, има мапи што се за аутоматик, и се малку понежни во делот на пониски вртежи каде што е максималниот торк, а сепак си ги вадат на високи обртаи коњските сили. Така да се решава и тоа.
760нм не знам како ќе пренесат тркалата, така да ако е 2wd пре ќе пролизгаат гумите него ли да се стигне до лимитот на менувачот. Ако е ауди кватро, тогаш е друго. Ама колку што знам ауди кватро со 700нм не доаѓа со дсг туку со торк конверотор.
Провери си точно каков е менувачот.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија