Автор Тема: Што да правам со звучнициве?  (Прочитано 653 пати)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Што да правам со звучнициве?
« на: 06 Септември 2023, 08:40:40 am »
Здраво. Си купив два нови звучника Алпина. Вадат троа поквалитетен звук, иако се исто моќни како и фабричките.
Сеа имам два вишок звучника Кенвуд.

Не знам што да правам со истите.

Дали да ги продадам, дали би ги купил некој? Колку би била цената? (Волксваген Лупо, 2000та, Кенвуд е и радиото)

Или повеќе се за подарување?

Или, би можел некако да го подобрам звучниот систем во колата така што ќе имам некаде позади уште два звучника, и ќе имам „Сараун“ систем :P

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43463
  • Il Moderatore
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #1 на: 06 Септември 2023, 09:08:25 am »
Lupo-то ако има место позади за 16-ки, метни ги позади. Не сечи задна клупа за монтажа, тоа е „соу јестрдеј“. Сураунд нема да има, ама ќе има повеќе звук.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #2 на: 06 Септември 2023, 09:40:02 am »
Мислам дека не видов, отвори за звучници позади. Би да проверам уште еднаш, ама мислам дека нема.

А може да ми именувате фирми што прават вакви работи, звучен систем во кола?

Пошто сеа би требало да се вклучат 4 звучника наместо два. Радионо е исто старо. Можда не е правено за 4 звучника.

Ѕвонев во Новус пред некое време. Ми велат, немаме работници за таа и таа работа :D
« Последно менување: 06 Септември 2023, 09:49:58 am kutlesh »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10896
  • 430i
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #3 на: 06 Септември 2023, 09:54:13 am »
прашај во Vox - Car Audio & Alarm
би требало да ти одговорат на се' што те интересира

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #4 на: 06 Септември 2023, 10:23:26 am »
Други освен Новус?

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 410
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #5 на: 06 Септември 2023, 12:54:40 pm »
Ако се исправни и ако одговараат кај мене на Passat B5.5 (ако може некој да потврди) би ги купил јас.
Нормално ако се предомислиш од ставање кај тебе позади и се решиш да ги продаваш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4519
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #6 на: 06 Септември 2023, 19:46:16 pm »
@BigBull одговараат.
На пасатот се 6.5 инчи, овој модел се продава како 6, а некаде како 6.5 инчи.
Извор:
Кенвуд:
https://www.streetsoundvision.com.au/kenwood-kfc-s1656-6-6.5-dual-cone-speakers
https://www.bankstownsound.com.au/product/kenwood-kfc-s1656/
Пасат:
https://www.passatworld.com/threads/need-help-guys-what-size-are-my-front-speakers-on-my-b5-5.172482/

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #7 на: 18 Септември 2023, 23:10:06 pm »
Ако се исправни и ако одговараат кај мене на Passat B5.5 (ако може некој да потврди) би ги купил јас.
Нормално ако се предомислиш од ставање кај тебе позади и се решиш да ги продаваш.

Ја однесов колата на мајстор. Ми прегрева нешто. Да се провери. Ќе пишам накнадно.

Инаку не видов лежишта за звучници назад. Сега, Лупо е мала кола, додавање работи прилично го смалува и онака малиот простор. Ако треба да се додаваат некакви полици на кои би стоеле двата звучника, повеќе ми одговара да ги продадам, иако баш би сакал добар звук да имам во цела кола :)

За ова ли збориме, звучниците да се монтираат во панелот одма до задните седишта, од лево и од десно?

https://forums.clublupo.co.uk/index.php?/topic/103776-the-65-rear-speaker-adaptor-kit/



Ама, таму веќе има пластични корпи за ставање работи.

Ова е почисто решение од да речам ставање позади во багажниот простор. Работат ли Новус вакви работи?

Или збориме повеќе за нешто вакво:





односно, во даската што се става позади задните седишта изнад багажниот простор?

« Последно менување: 18 Септември 2023, 23:18:43 pm kutlesh »

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Што да правам со звучнициве?
« Одговори #8 на: 18 Септември 2023, 23:23:14 pm »
Можно е да имам вакви лежишта испод маската кај задните седишта од лево и десно?



Не проверив. Ама треба да ја извадам маската...