Автомобили > Нови Автомобили

Hyundai Tucson 1.6T vs Kia Sportage 1.6T vs Suzuki S-cross 1.4 MH Vs Karog 1.5T

(1/33) > >>

JDM4LIFE:
Колеги се стесни изборот на овие возила од насловот.
Како што ми налагаат условите ( финансиски и расположливост на возила ) сите се со основно ниво на опрема и по нешто ситно плус ,а и реално не ми фалат многу работи.
Најефтин и најбучен морам да кажам е S-Cross, но најекономичен поради погонот и со многу опрема.
Сите ги возев, најмногу простор има Тусонот за мене ама и најскап е.
Интересно за потрошњата на обиколница по ресет Sportage-от и Tucson-от извадија 8,9  и 9,5, ги газев до 180, а Suzuki-то извади 6.7- просек по 18-20 километри агресивно тестирање, не според сертифицираниот тест на Зеро.

Карок имаше и дизел за интересна цена но се продаде, нарачка многу се чека.
Бензинецот 1.5 некако слабо ми делуваше како да е малку за каросеријата, и седењето на стандардните седишта е лошо.

Најдобар фит и финиш имаа Карокот и Тусонот, а најдобра усогласеност на менувач со мотор Сузукито- изненадува со регенеретивното кочење како добро функционира особено ако си навикнат на моторно кочење а не да држиш на кочница.

За мојата потреба најлогичен избор би бил S-cross, поради хибридниот погон и економичноста и цената , но ме предомислува звучната изолација и дизајнот баш не е нај нај особено позади.
Tucson-от ми е најубав но е и најскап со Карокот.

Сите возила се произведени 2022, што дава точка за барање на добар попуст, исто така овој месец додека шетав по салони човек немаше и се жалеа сите продавачи дека продажбата е опадната многу.

Разгледав и MG- не е за мене.
Пежо мислат дека продаваат Бентли ама не се расонети, најефтин 3008 34к со попусти за 8 месеци.
Цитроен не ми се свиѓа , имаат на лагер а и скап ми е за 1.2 .
Другите брендови ги прошетав сите, немаа на лагер ни тест возило ни за продажба од овој сегмент.
Toyota забегани се со цените и ќе ги заобиколам.

Секој совет и размислување е добредојден.

AUUU:
Која е цената на возилата?

Ordevski:
Како и многу други досега, иако не ти е споменат воопшто во првиот пост... Со здравје да си ја возиш Киата :)

Шала на страна, низ некои тестови од страна велат дека има подобар fit and finish од. Hyundai  и субјективно за мене подобар изглед од Hyundai.
Како некој што сака тишина при возење на отворено, лично би го елиминрал најгласното возило.


Sent from my SM-S908E using Tapatalk

AngelSK:
Нема да има продажба, мочана Фабија 60 коња 17500 евра ја продаваат.  Нека си фрлат две три кофи ладна вода, и ќе се расонат.

Карокот има најубав изглед по мене, Туксонот бар на слики ми е чуден изглед.

Luki Junior:
На мене најмногу мерак ми прави Сузукито за гледање и што го имам гледано на тестови и тука што се возат низ околина. Изгледа конзервативно и едноставно. Има убав менувач и добро склопен ентериер. Ако го возиш 120-140 со добри гуми нема да е нешто посебно бучен.

Плус не мораш сите пари за кола да си ги дадеш.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија