Автор Тема: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки  (Прочитано 6925 пати)

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« на: 16 Февруари 2023, 11:59:34 am »
Апдејт - Задните дискови и плочки беа заменети со нови од страна на Порше, проблемот изгледаше дека е решен.
По неколку возење повторно шкрипат и тоа поприлично гласно. Најновото шкрипење по удолница во East Gate Mall.

Здраво на сите, нов член тука и за жал зашто си имам мака со Skoda Kamiq аутоматик, со највисоко ниво на операма и додатоци, платена 27.000 еур.

Ја отварам темава со две намени. Едната е искрено да ги предупредам сите што сакаат да купат Skoda Kamiq па и Skoda воопшто да размислат убаво и убаво да истражат онлајн. И да не земат возило без тест возење до средно Водно и назад и активно користење на сопирачки да видат дали ќе шкрипат. Возилото внатре е убаво и се тоа, ама кога вака се однесуваат при проблеми, за мене тоа е лош знак. Зашто никогаш не знаете дали баш вашето возило ќе има некаков дефект и после Порше ќе ве маткаат и ќе ве прават ненормални.

А втората ако успеам да најдам уште некој со истиов проблем, зашто открив дека од минатата година до сега покрај мене има уште два вакви случаи. Едниот е мануелен, мојата е аутоматик, за третиот немам повеќе инфо. Онлајн најдов и информации дека проблемот го имаат и низ Европа од сопственици на Шкоди што споделувале нивни искуства, и ми се чини дека можеби се работи за поголем и чест проблем, а не нешто инцидентно.

Повеќето од луѓето онлајн што имаа пишувано на крај сами си ги смениле дисковите и проблемот исчезнал. Ама јас искрено немам намера тоа да го правам на нова скапа кола со продолжена гаранција. Пре ќе се тужакам со нив.

Така што, ако сте купиле нова Skoda и сопирачките веднаш ви шрипат и во сервис ме маткаат/маткале, ве молам пишете ми да се преброиме.

Инаку што е проблемот накратко.

- Возило купено и земено од салон на 02.02.2023.
- Речиси на првото подолго возење почнаа сопирачките да шркипат, веднаш пријавив.
- Таму глумеа изненадени, правеа некаков си визуелен преглед, не открија ништо, ме откачија.
- Проблемот продолжи и на 13.02.2023 им ја однесов да ја проверат убаво зашто ем немаше ни 15 денови поминато, ем под гаранција.
- Односот нула, нешто као сликаа, 3 саати во сервис седев, никаква информација не даваат што прават, што се случува. На крај само ми ги вратија клучевите, демек сликале, ќе ме побарале ама не знаат кога. Одбија да ми дадат некаков извештај од сработеното, буквално немам никаков доказ дека сум била таму ни дека нешто е направено. И они ќе решеле според нивните слики дали има дефект или не, а јас немам увид во сликите на пример?
- Ме прашаа дали кочам по удолници? Па после тврдеа дека сите нови коли шкрипеле. Арно ама јас возам 15 години, сум возела и мануелни и автоматици и буквално ниедна кола не ми шкрипела при кочење освен кога им било време на кочниците да се менуваат.

Вчера им пратив мејл дека ќе им ја вратам, не знам што ќе испадне зашто ги нема од 13.02.2023, ама искрено многу сум разочарана. Особено што си го продадов Каптурот што еден проблем немаше за да се нервирам со овие несериозни и нетранспарентни.

Им пишав и на Шкода во Чешка, од таму ми се извинуваа ама сепак Порше биле должни за решавање проблемот. Што кажува дека и они се несериозни, воопшто мува не ги лази како нова кола им е дефектна, а овие тука се однесуваат како тајни агенти не даваат ни информации ни извештаи. Тоа искрено и најмногу ме разочара.

Ако имате искуство со ова или знаете некој што имал би сакала да прочитам дали ги смениле или не сопирачките, што ви рекле, колку време им требало. Инаку според гаранцијата, они имаат 30 дена да го решат проблемот, а според закон нели потрошувачот има 15 дена да врати производ и тука малку контрадикторно. Затоа јас и им побарав враќање на парите, ама којзнае што ќе биде. Искрено после ова екстремно негативно исксутво не сакам никаков контакт да имам ни со Шкода ни со Порше никогаш повеќе.

Поздрав до сите!
« Последно менување: 01 Март 2023, 02:01:50 am micika »

Отсутен BZ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #1 на: 16 Февруари 2023, 12:19:36 pm »
При која брзина се појавува шкрипењето или цело време при кочење има звук?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #2 на: 16 Февруари 2023, 12:21:23 pm »
Се гледа несериозност по тоа што не се потрудиле да направат тест возење.

Во Кореа ауто Трејд кога пријавив чудно однесување на моторот прва работа што направија беше тест возење со мое присуство во колата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #3 на: 16 Февруари 2023, 12:24:30 pm »
Пред се убаво што сподели, зошто инаку ќе си остане ни таму ни ваму.

1. Да, нажалост сопирачките чкрипат се повеќе и повеќе на возилата. Дел е тоа затоа што избираат компоненти кои се по еко, по ефтини, по термички стабилни, бла бла. Нешто кое не треба да те занима.

2. Може да се направи замена на плочките со друга марка и тип, и да се проба така да се услужи корисникот.

3. Може да се извадат дисковите и пакните и да се поминат пакните да им се симнат ивиците, и при нивно враќање да се намачкаат со бакарна маст од задната страна. Ова и го прават некои сервиси и при редовен сервис ако им кажеш дека чкрипат дисковите. Малку ги потсредуваат. Откога го увидов дека е опција, јас го практикувам постојано на едната кола.

4. Дали чкрипењето е при 3-10кмч односно пред самото запирање на возилото? Односно дали е некој тип на резонанца кога кочницата е благо притисната?

Многу е лошо што искуствата се такви, и се станува полошо и полошо секаде. Едноставно се оди надоле со коливе во секој поглед и изгледа нема назад. Како и да е ако сакам лично јас да го задржам корисникот да е задоволен, точка 2 и 3 ги правам и завршувам работа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17308
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #4 на: 16 Февруари 2023, 12:32:27 pm »
Еве како Porsche се справува со корисниците кои им се бунат на чкрипење на кочници:


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #5 на: 16 Февруари 2023, 12:48:09 pm »
Почна делењето високонаучни сознанија :)
Како некни што чув, "високи височини" ;D

Колата е ганц нова, нема што да се стругнуе/шмиргнуе/подмачкуе...не смее да зуцне, не па да шкрипи.

И пишува дека некои го решиле со промена на дискови.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6585
  • French diamond
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #6 на: 16 Февруари 2023, 12:50:42 pm »
Види, не дека е некој проблем за да се разочараш од колата или па да ја враќаш како што велиш, уствари ова и не е проблем, можно е со текот на возење да го снема, сепак е нова колата и не е воопшто развозена.

Ама да нервира помислата и самиот звук на квичење на   нова кола при кочење, како и квичење после промена на  нови плочки. Ама дефинитивно не е нешто поради кое треба да се разочараш од колата, Порше пцуј ги слободно, колата чувај си ја и создравје да си ја возиш, ќе легнат плочките најверојатно.

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #7 на: 16 Февруари 2023, 13:02:31 pm »
Па во однос на тоа како шкрипи, еве баш видео направив зашто првиот пат ме прашуваа дали имам видео. Па затоа следниот пат снимив да имам некаков доказ, а и они да имаат референца. Се слуша, ама во живо и појако е. Оригиналното видео е подолго и шкрипи вака неколку пати, морав да го скратам за тука да го прикачам.

И рака на срце го побараа видеото и го праќаа кај некој претпоставен по што земаа да сликаат. Ама односот како што реков нула, никаква транспарентност, никакви упатства или совети на пример да не ја возам или да внимавам при возењето, или кога да очекувам одговор. Никаков извештај или БИЛО ШТО да добијам дека сум пријавила, дека има некаков процес отворено. Катастрофа. Јас треба да имам доверба во нив и нивната професионалност, а они ми бараат видео докази и ме прашуваат дали знам да кочам и воедно не ми даваат никакви документи ни ништо.

Првиот пат почна да шкрипи кога се симнував од Сопиште. И сега таму нели удолници, па автобуси, па кој застанал на сред улица ова она и претпоставувам дошло до загревање заради активно користење на кочницата. Ама после навечер ја возев до Белви и назад да видам што ќе биде на прав пат и веќе на враќање кај Континентал почна да шкрипи. Почнува послабо и после е поприлично силен звукот. На помала уличка тргнав и да застанам кога зашкрипе како канта да возам.

Опсервација вака е дека откако ќе се загреат шкрипат на секое притискање на кочницата, без разлика на брзината. Ама звукот е посилен некако на послаба брзина и пред да застане скроз најјако шкрипи. Според некоја логика тоа е моментот баш на триење пред целосно да блокира движење. Видеово е баш во градска вожња, не ни памтам веќе каде сум ја возела тогаш, ама ете и во гужва на тргни застани пак се јавува проблемот.

Од тој момент искрено и не ја ни возам зашто само се нервирам, а и не сакам да и набивам километража без везе или да ги оштетам и дисковите.

Дефект на кола не е нешто ново, постојано читам за recalls, се случува и се поправа. Мене повеќе ми е проблем односот во Шкода и Порше. Место да речат извинете, срамота од наша страна, ќе средиме се, ќе смениме што треба. Немаше никакви нервози да има ни за мене ни за нив. Они ме маткаат, а тоа најмногу од кожа ме вади. Затоа и викам, не е колата толку проблем колку што е односот, зашто ако имам поголем проблем буквално никаква помош или професионалност не можам да очекувам од нивна страна.

Мене реално до некаде и не ми е ни гајле искрено што е проблемот, какви им се плочките и што ти ја знам. Човек купува нова кола за да вози да не се замара. Немам потреба реално да учам сега за сопирачки и зошто шкрипеле. Не сакам нова кола скапо платена да ми шкрипи, особено откако при продажба никој не ми кажа „Еј ќе ти шкрипат кочниците, така е на сите Шкода модели.“

И мислам ми викаат да не има рѓа или не ви била возена подолго време. А буквално и викам дека пред неколку дена земена од кај нив. Воопшто не ни слушаат што им се кажува, само да те откачат.

И така засега тоа е ситуацијата, ако најдеме уште некој баш би сакала да видам кои ни се опциите и дали е ова нешто што често се случува и сакаат да го заташкаат. Бидејќи не ми одговорија ништо (а мејлот беше пуштен до продажба, сервис, официјалниот што им е на office и плус овој генералниов директор зашто на Шкода апликацијата неговиот мејл е ставен), планирам утре да им ја вратам у салон, па ќе видам со тоа што ќе биде. Идеално би било да си ги земам парите и да си бркам работа подалеку од нив, ама кај нас не верувам дека тоа така лесно ќе оди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #8 на: 16 Февруари 2023, 13:08:10 pm »
Односот е проблемот, тоа сфативме сите.

А дека ќе чкрипи, тоа нема да предизвика проблем. Во никој случај. Така да не се замарај дали ќе ја расипеш колата, нема.

Ако ти е скршен филмот, врати ја колата. Ќе ја продадат утредента и тоа за повеќе пари од што си им дала. Ако сакаш да ја задржиш колата, не се грижи, и терај си ја работата си нив, и не ја штеди колата, вози си ја и не ја окривувај неа. Можеби еден сончев ден ќе им текне да сменат пакни кои не се органски туку метализирани и ќе го снема звукот (точка 2 и 3).

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #9 на: 16 Февруари 2023, 13:11:06 pm »
Види, не дека е некој проблем за да се разочараш од колата или па да ја враќаш како што велиш, уствари ова и не е проблем, можно е со текот на возење да го снема, сепак е нова колата и не е воопшто развозена.

Ама да нервира помислата и самиот звук на квичење на   нова кола при кочење, како и квичење после промена на  нови плочки. Ама дефинитивно не е нешто поради кое треба да се разочараш од колата, Порше пцуј ги слободно, колата чувај си ја и создравје да си ја возиш, ќе легнат плочките најверојатно.


Епа и јас така прво се тешев. Ама проблемот е што некои луѓе (вклучително и од Скопје дечкото што го најдов на друг форум) со месеци се зезаат со ова. Значи не им легнуваат кочниците. Второ, некои од странство ова што читав ги смениле и после немале проблем. Трето, гледав баш видеа од механичари зашто јас не се разбирам, ама многу кажуваат дека кога се вака дефектни и шкрипат на загревање, дека се оштетуваат и плочките и дисковите многу побрзо. И јас на Реното ги сменив после 5 години, ама вака веројатно ќе треба после една година. И знаеме дека за тоа дебело ќе ми наплатат, нема да речат а овие беа дефектни и сега бесплатно ќе ти ги смениме. Значи ако сега не сум упорна, ем ќе се нервирам секој ден со ова, ем ќе си имам дополнителни трошоци многу побрзо одошто треба.

А да не зборам дека ова идеме со претпоставка дека се дисковите. Може е нешто друго, од кај да знам јас дека колата е воопшто безбедна, дека кочниците нема да ми рикнат уз возење. Реално, тоа се валидни стравови, особено кога од другата страна не добиваш никакви информации. На пример да речеа проверивме, ете шкрипат плочките тоа и ти е, ама се друго е топ, повели извештај дека е проверено и се работи како што треба. Ќе си речам јеби га, ама они FBI мислиш.

Јас пак ќе кажам, нема човек што ќе плати за нова кола и ќе биде океј со тоа дека шкрипат кочниците зашто „ете така се погодило“. Особено што пак ќе кажам Kia Ceed па Renault Captu двете на ново купени, возени под исти околности, ниту еднаш буквално не шкрипнале. Значи не е до колите проблемот, него до друго нешто.

И скршен ми е филмот скроз. Не ми се ни вози, а баш јас цело време си се возакам, и сончев покрив земав, се супер. И овие сите жички ми ги споија.

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #10 на: 16 Февруари 2023, 13:15:51 pm »
Односот е проблемот, тоа сфативме сите.

А дека ќе чкрипи, тоа нема да предизвика проблем. Во никој случај. Така да не се замарај дали ќе ја расипеш колата, нема.

Ако ти е скршен филмот, врати ја колата. Ќе ја продадат утредента и тоа за повеќе пари од што си им дала. Ако сакаш да ја задржиш колата, не се грижи, и терај си ја работата си нив, и не ја штеди колата, вози си ја и не ја окривувај неа. Можеби еден сончев ден ќе им текне да сменат пакни кои не се органски туку метализирани и ќе го снема звукот (точка 2 и 3).

Да, да апсолутно утре идам да им ја оставам во салон. Нека ја продаваат, што сакаат нека прават. Јас со 5 години гаранција треба кај нив на сервис да ја носам. Со овој однос ништо паметно не очекувам. Ама ептен големо разочарување и секако дека решив да споделам искуство. Мора да се научат нашиве како се комуницира. И не е дека не знаат, колата кога беше порачана добивав мејлови за секој чекор. Сега е порачана, сега почнува производство, сега е на пат навака. И со продажба генерално односот супер беше. Него сега не им одговара да комуницираат овие од сервис или кој и да е.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10896
  • 430i
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #11 на: 16 Февруари 2023, 13:17:37 pm »
не им ја оставај, ќе се изначекаш за друга
толку време си чекала каква што си сакала, па и сончев кров да има и сега да усреќиш некој денес за утре  :)

информирај ги и агенција за заштита на потрошувачи

би требало после 2-3 дена да те бараат од Порше и да го средат проблемот

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #12 на: 16 Февруари 2023, 13:21:55 pm »
За замена сигурно МНОГУ побрзо ќе ти се трошат на аутоматик отколку на мануелни ако си возела. Тоа да не те изненадува и е нормално. Не верувам 5 години да издржат.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7309
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #13 на: 16 Февруари 2023, 13:27:59 pm »

Да, да апсолутно утре идам да им ја оставам во салон. Нека ја продаваат, што сакаат нека прават. Јас со 5 години гаранција треба кај нив на сервис да ја носам. Со овој однос ништо паметно не очекувам. Ама ептен големо разочарување и секако дека решив да споделам искуство. Мора да се научат нашиве како се комуницира. И не е дека не знаат, колата кога беше порачана добивав мејлови за секој чекор. Сега е порачана, сега почнува производство, сега е на пат навака. И со продажба генерално односот супер беше. Него сега не им одговара да комуницираат овие од сервис или кој и да е.

А ти што ќе правиш?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6585
  • French diamond
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #14 на: 16 Февруари 2023, 13:32:13 pm »
Класично квичење на плочки, поради материјалот на плочките, ниту е дефект, ниту ќе расипиш нешто ако ја возиш. Едноставно само поради фактот дека  е нова кола, треба да ти сменат други плочки, ништо страшно.