Дечки барам кола како шо гласи насловот на темата.
Ова се дел од критериумите:
Седан пожелно. Ако е солидна понуда може и моноволумен.
Бензин атмо може и со плин.
Турбо бензин, тси или тце ако влегва во буџет.
Буџет флексибилен до 6.000 евра горна граница. Значи кола до кај 5.000 а кусуро ќе оди за сервиси, гуми, регистрација итн...
Желба имам да се вратам пак на јапонско возило, Хонда Акорд, мазда 6 влегваат во буџет.
Не знам колку е паметно да одам со француско .... 407ка ми изгледа убаво.
Германски незнам нешто што би влегло во буџет а да не е дизел, избор скоро и да нема.
Досега возев е46 па сум навикнат на таа позиција на седење и се она шо нуди еден класичен седан. Годишно не сум под 15.000км, дизел не би земал во предвид пак. Возам кратки релации низ град.
Ако имате некој шо продава нешто сочувано и да е со позната историја слободно понудете. Предлози се добредојдени.
Фала ви однапред.