Општо > Игри за PC и конзоли

Играчка конзола?

(1/47) > >>

marjanot:
Ај хаќери :)

Знам дека на форумов има добар број корисници на накаква играчка конзола. Па ми треба препорака кога би земал сега каква да земам.

Со ПС2 сум имал искуство, чини цирка 100еур и има голем број игри.

СО ПС3 сум немал искуство, ама како што имам разбрано е единствена конзола со ХД излез. Е сега цената и е околу 5-шеснаес иљади, а незнам како е со пиратерија и достапност на игри, иако би се играле некои возачки, фудбал, кошарка и слично, не миљарда игри.

XBOX360 не сум ни видел како изгледа, ни која цена е, ни дали има игри. Прос/конс ако знае некој нека пише.

Nintendo незнам дали има посебна конзола или таа си е Wii што треба да се активираш физички. И дали има други игри. И дали има пиратерија. Во Рамстор колку што имам видено некако пре-детски ми изгледаа игрите. ОК, во прво време спаринг партнер ќе ми биде малиот, ама па нема на 2 години да зимам конзола. И што цена е.

Знам дека може и да прогуглам и да побарам по официјални сајтови, ама повеќе ме интересира ваше мислење, него сувопарни бројки и видео клипчиња на џутуб ;)

Фала однапред.

EDIT> еве да речеме налетав па на нешто вакво, хакнат и игри на хард... http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=243329

MarceCvarce:
Марјанот јас имав желба да си земам некое вакво пред едно 2 години ама на крај се откажав бидејки ке опнев пари а немаше да му ја извадам маста (работа ова она и така)
Скоро сите ме советуваа да земам Х-box бидејки е поефтини и има доста игри и пиратерија исто така Nintendoto Wii е топ играчка имам другарче какви се не игри има лудило само добар ТВ и простор пред ТВ ;D

PS3 ми е сон ама колку што знам пиратерија игри тогаш немаше за него е сега што бидна и дали го чипуваат стварно незнам.

Јас би земал Wii

Banzai:
Има пиратерија за PS3, функционира како што треба.

Јас имам PS3 3-4 години и сум презадоволен. Не ми е чипуван затоа што купувам максиумум 2 игри годишно, па не сакам да се замарам со чипување за мала заштеда :)

Sportex:
Ако видиш што се има како аксесорис за Wii, и какви се игри има  (Кол оф дјути ја има на пример) ќе паднеш на гас.

И ја кога видов се изненадив.

brasica:
Вака, имам XBOX360 од 2006год. Цркна еднаш па си го направив сам, еве го тера гајле нема освен двд-ромот кој веќе ме зафркава. Мојот модел беше од втората серија и 90% од нив до сега се цркнати. Овие новиве од jasper чипот навака се опраени и немаат гајле.

Плус кај xbox е пиратски игри и kinect сензорот. Ова второво е многу јака ствар. Играме од време на време кај еден другар, екстра работа(само има опасност да искршиш нешто по дома :))
Минус кај xbox не знам, јас немам од кога ги направија како што треба све е во ред.

Плус кај PS3 е трајноста и вграден блу-реј плеер.
Минус кај PS3 се пиратските игри (работат само кај одредена верзија на фирмвер, ако го надоградиш толку, после треба да чекаш да ја пробијат и таа нова верзија).

Ако ти значи блу-реј плеер земи PS3, ако сакаш просто само игри да играш земи си xbox. Многу попросто е кај него со игрите него кај PS3. Со цена се изедначија веќе.

За тоа што си пишал за хд излез, двете конзоли имаат HDMI излез.

Другите конзоли не сум ги ѕирнал, не можам да кажам за нив.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија