Автор Тема: Средување на документи за мотор 500cc oд Италија  (Прочитано 671 пати)

Отсутен Tommi

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Дечки добро вечер.... Ве молам ми треба голема помош.... Баратучед мој кој што живее во Италија пред три години го донел моторот во Македонија... Летово се договоривме да му го купам моторот со тоа што да платам царина и тив и хомологација и по автобус му ги вратив таблиците италјански и сообраќакната и плус му направив превод на царинската декларација..... Кога ги однел сите тие работи во некоја агенција која посредува за поништување на сообраќајната дозвола... Од таму му кажале дека мора на моторот да му направат прво технички преглед па после тоа да се поништи сообраќајната.... Тоа било некој нов закон од пред некое време..... Како може и кој би можел да ми помогне да не го враќам моторот во Италија.... Околу средување на сообраќајната....

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13329
  • Пудингот на шоферството
Одг: Средување на документи за мотор 500cc oд Италија
« Одговори #1 на: Септември 07, 2022, 00:13:51 am »
Се надевам дека прво си прашал во Мк дали воопшто.ќе помини на хомологација моторот(пошо до пред 3-4г не врвеа мотори кои беа стари 1-2г).
А за во Италија,врска немам,ама логички зошто би поминувал на технички кога се продава и тоа надвор од Италија,па и уште изнесен е од Италија повеќе време.
Ми нема логика.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 52490
  • Махер
Одг: Средување на документи за мотор 500cc oд Италија
« Одговори #2 на: Септември 07, 2022, 07:33:22 am »
Нека праша на друго место да ги одјави табличките. Да не се работи за некој терсене табиет Итаљан што сака да глуми Германец.