Автор Тема: Bmw E39 525i 2002  (Прочитано 6219 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7994
  • Малерозен дрводарец
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #30 на: 02 Мај 2022, 16:07:17 pm »
Абе јас сум побркал иљачите, мислев претходната беше понова :D
Мислев пакети нешто ово-оно, дека затоа е поубава оваа :)
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #31 на: 02 Мај 2022, 16:19:22 pm »
528i ништо посебно рече..седи кец :)

Со здравје да се вози и гледај чувај го ова :D
Фала професоре.. Убаво реков обична е39ка.. Ова сега е веќе друга приказна..

Околу колата деновиве ќе му го сменам и уљениот сепаратор.. Ме копка нешто од само купување, предхониот газда не сменил па не се знае кога е последно сменето.. Треба да се мењава барем на 50.000км..

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #32 на: 02 Мај 2022, 19:23:12 pm »
Ептен лична, создравје да се вози!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5627
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #33 на: 02 Мај 2022, 19:50:10 pm »
Бузуки дипломато 😁.
Со здравје да ја возеш.

Sent from my ONEPLUS using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2100
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #34 на: 02 Мај 2022, 19:53:30 pm »
Со здравје да се вози. Во следна прилика да не почастиш со некоја слика од ентериерот. А што е приказната со маслениот сепаратор и менување на 50к км, нешто генерално како препорака за сите коли или конкретно за овој модел?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #35 на: 02 Мај 2022, 20:32:55 pm »
Фала ви на сите.. :) Ќе пуштам од ентериерот не е проблем..
Маслениот сепаратор незнам поточно како се нарекува, на интрнет најчесто е ccv crank case vent.. Колку што прочитав уљените пареи ги собира и ги враќа во картерот а истовремено е и вентилација за кај брегастите.. Некој поупатен може да каже поточно, целиот тој систем функционира под вакум.
Исто многу го имаат преправено тоа со ставање oil catch can али некако не би го правел тоа.. Полесно ми е да си сменам сепараторот, околу 50тина евра е комплет со се црева..

Кај мене има понекогаш сивкаст чад и чудно мириса, капачето од уљето има жолтеникава боја.. Некаде читам дека треба да има вакум кога го отвориш капачето и моторот треба да го промени работењето.. кај мене не променува скоро ништо..

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #36 на: 03 Мај 2022, 20:46:24 pm »
на ова доле ли мислиш?
превентивно мењај го одма, пошто многу веројатно никогаш да не е сменет! ама дека 50тина евра комплет малку веројатно, пошто само работната рака толку ќе кошта, освен ако сам не го монтираш  ;D ;D ;D



Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #37 на: 04 Мај 2022, 00:24:59 am »
Да, на него мислам.. 30 евра е само сепараторот плус тоа цревата незнам уште колку би биле..
Сам ќе го мењавам, колку толку се разбирам.. по интернетов има 100 туторијали..

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #38 на: 05 Мај 2022, 21:19:31 pm »
имав јас еден сличен зафат пред некое време, црева, цевки и сл. се распаѓаа кога ги вадев, така да ако имаш можност набави ги сите црева и мењај  8) 8) ;)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #39 на: 06 Мај 2022, 01:59:41 am »
Денеска расклопив све, сменет нов сепаратор 1800 денари.. На него беше најверојатно фабричкиот.. Цревата се купуваа посебно, сите ги извадив и сите беа во океј состојба ги вратив истите.. 2 часа работа комплет..
Истовремено очистена е и клапната за туража, тоа за саух беше заглавено го разработив, диса вентилот беше во лоша состојба некако не одеше баш како што треба кочеше па го средив.. Баш чудно внатре беше со кафеав жолтеникав гареж исто како и тоа пареите од уљето кај сепараторот..
И последно вратена е фабричката кутија и филтерот назад... Досега имаше некој спортски, даваше убав звук али преголема топлина има под хауба, немаше никаков довод на ладен воздух, некако не примаше убаво туража а и самата кола не е за таков филтер...

Вечерва го провозив и многу поубаво оди колава, нема некако каснење во повлекување како предхнодно посебно на ниски обртаи...
Наредно виското да го сменам некако луфта ми има и чудни звуци дава.. Порачано е ново околу 3000 денари..

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #40 на: 06 Мај 2022, 08:35:07 am »
Денеска расклопив све, сменет нов сепаратор 1800 денари.. На него беше најверојатно фабричкиот.. Цревата се купуваа посебно, сите ги извадив и сите беа во океј состојба ги вратив истите.. 2 часа работа комплет..
Истовремено очистена е и клапната за туража, тоа за саух беше заглавено го разработив, диса вентилот беше во лоша состојба некако не одеше баш како што треба кочеше па го средив.. Баш чудно внатре беше со кафеав жолтеникав гареж исто како и тоа пареите од уљето кај сепараторот..
И последно вратена е фабричката кутија и филтерот назад... Досега имаше некој спортски, даваше убав звук али преголема топлина има под хауба, немаше никаков довод на ладен воздух, некако не примаше убаво туража а и самата кола не е за таков филтер...

Вечерва го провозив и многу поубаво оди колава, нема некако каснење во повлекување како предхнодно посебно на ниски обртаи...
Наредно виското да го сменам некако луфта ми има и чудни звуци дава.. Порачано е ново околу 3000 денари..
Можеш едино некој убав панелен филтер да и ставиш ако ти недостига звукот, најдоброто од двата света без компромис на перформанси како што би било со некоја печурка без убав довод на ладен воздух.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #41 на: 21 Мај 2022, 00:47:17 am »
Да направам апдејт..
-После подетално истражување приметив дека диса вентилот цело време стои отворен, не затвора на ниски обртаи при што намалена е снагата а потрошувачката е зголемена.. Купен и сменет половен диса вентил 50 евра..
-Позади усисната приметив дека има 3 отвори..Еден имаше чеп, другиот беше приклучен некој неповратен вентил каде што цревото беше испукано искинато и третиот си стоеше така отворен.. Најдов дијаграми на интернет како и што треба да биди све преповрзав и сега нема никакво губење на вакум..
-Виското не работеше, имаше некоја луфта кај што се штрафи и јавуваше некој звук како ролер.. Сменето ново виско 60 евра..
-Браникот напред среден, офарбан само долниот лев дел, дупчето пополнето воопшто не се познава дека имало поправки.. 40 евра

После погорните поправки колава доби преку 30% на снага, поготово на ниски обртаи...

Еве слики од пред промената на сепараторот и една недела после промена на сепараторот..
 

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #42 на: 10 Јуни 2022, 10:33:50 am »
Вентилаторот од парното почна да ме зафркава да трокира и да испушта звуци, изгорено беше тоа роторот кај четкиците, променето со половно во одлична состојба 20 евра.. Сам го монтирав, треба цела маска да се вади напред, 3/4 часа..

Еве и некоја нова слика..
 





Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #43 на: 10 Јуни 2022, 10:50:48 am »
Одлични фоткиве!

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4913
Одг: Bmw E39 525i 2002
« Одговори #44 на: 10 Јуни 2022, 10:53:54 am »
За кај патов, да фрлам некој камп летово.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html