Автор Тема: BMW F30 335i xDrive M Sport  (Прочитано 40407 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
BMW F30 335i xDrive M Sport
« на: 17 Април 2022, 01:19:57 am »
После 2 и пол години од првиот (и единствен) мој пост тука - иде нов, пак за нова кола.

Веќе ме фаќаше желба за некој апгрејд од Брерата. Иако дизајнот на таа кола е безвременски и ми е во топ3 на сите времиња, имав неколку замерки за неа - тешка е, FWD, дизел. Од друга страна, другата "daily" кола ми беше Пежо 206 и ме фаќаше желба за нешто далеку поудобно, со далеку повисоко ниво на опрема, па така решив 2 муви со еден удар - седан, бензинец, спортски трим, по можност погон на сите 4 со наклон кон задни (ама и добра RWD не одбивав), преферирав повеќе од 4 цилиндри ама не беше пребитно. Прва избор Giulia Veloce - кога пресметав колку ќе ме кошта да ја увезам и донесам до тука се откажав набрзо, иста ситуација и за Audi S3 (8V генерација). Начекав Е90 М3 на оглас - бев, ја пробав, бев воодушевен (и малку исплашен), ама многу поминати километри (на кои што идат скапи скапи сервиси) и тоа ме кочеше. Ко појдов кај Тони да се распрашам за М3ката ми ја понуди неговава 335i како алтернатива, за 2/3 од цената. Договорив пробно возење, ми се свиѓаше ЕПТЕН, проверив цените за слично ниво на опрема и слични километри онлајн, заклучив дека е добар deal и ја зедов.

Спецификации и опрема:
BMW 335i xDrive, 2013та година, 93500км
Мотор N55, фабрички 306 коњи/400Nm, на оваа е додаден и M Performance Power Kit во М Кар и сега вади 326hp/450Nm
Автоматски ZF 8HP 8-брзински менувач со paddle shifters
xDrive погон на сите 4, 60:40 назад:напред сплит
M Sport пакет
19" M Sport 403m бандажи со нови Continental WinterContact TS860s
Алкантара M Sport седишта (едни од најудобните што сум ги пробал)
Двозонска автоматска клима
Предни и задни паркинг сензори
BMW Keyless Go систем
Греачи на седишта
Bluetooth audio

Досега направив некои 150км низ град во Скопје и до Кичево по нови таблици и сѐ што можам да кажам е дека сега за сега ги надминува моите очекувања. Моторот е мазен кога е во Comfort, стави ја во Sport или Sport+ и комплетно се менува начинот на кој што работи, те остава да ја газиш до 7000 вртежи, се зацврстува воланот и дава многу подобар feedback. Знам дека многу луѓе ја мразат F30 серијата ради електричното серво наместо хидрауличното во E90, ама ги пробав 2те во краток временски период и дефинитивно не е толку полошо (подобро е во Е90 ама маргинално). ZF автоматикот проверен, брз и прецизен. Кабината е предобро место to be in, седењето е ниско баш како што го сакам.

Имам неколку замерки во однос на опремата што ја има т.е нема:
1. Фали Harman Kardon аудио системот за жал, а не ми се исплати да правам retrofit
2. Фали поголемиот 8.8" екран и Apple CarPlay - CarPlay не било во понуда на pre-LCI моделите така да тоа ќе го надоградам со plug-n-play модул, а евентуално ќе мора и екранот да го сменам
3. Бидејќи нема адаптивна суспензија, фабричката stock суспензија е премека за мој вкус - одлична за во град ама има повеќе bodyroll на поголеми брзини во кривини од што би сакал. Дополнително поради xDrive колата е малце повисоко од RWD моделот. Ќе се направи upgrade на M Performance суспензијата откако ќе пројдат летни одмори, ќе ја стврдне малку и ќе ја симне 10мм (нема да биде претврда како на некој Eibach coilover сет а и нејќам да се симне премногу, тие им е минималното симнување 25мм што ми е премногу за патиштава кај нас).
4. Нема темпомат - не ми е ни толку битно
5. Мала ситница што ептен ме нервира - има електронски подесиви ретровизори, ама нема електронско затворање на ретровизорите... Мора да ги туркаш рачно. Алфата 7 години постара ем има електронско затворање ем на заклучување автоматски се затвораат...

Следни чекори:
1. Нема летни гуми со колата - прва работа ми е да го решам тоа, најверојатно ќе бидат Conti SportContact
2. Корекција на мали естетски работи - има некои гребнатинки и ситни дупки што лесно се решаваат, како и целосно полирање/керамичка заштита
3. Apple CarPlay апгрејд
4. M Performance body kit и суспензија
5. Да дојдам до тука па ќе видам  ;D

Направен е целосен голем сервис (уље, филтри, антифриз, PK каиш, свеќици итн...) претходната недела.

Еве и некоја слика (на пробни таблици е уште тука, затоа нема таблици во држачите  ::)):

Тоа е тоа
« Последно менување: 17 Април 2022, 01:26:36 am andrejnaumovski »

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2612
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #1 на: 17 Април 2022, 08:54:51 am »
Odlicno auto so zdravje da se sluzis :)
Dosta poracionalen izbror od M3, kolku i da zvukot na V8 opiva...

Bi me interesiralo (imam F30ka turbobenzin ama so pola od tvoite oznaki):

- Vo sto se sostoi M performanse kitot koj sega go imas
- Na kolku km se menuva PK kais na F30ka turbobenzin
- Od sto im se sostoi M performanse suspenzija vo M-car, menuvaat samo spirali ili i amortizeri (da ne imas info za cena)
- Od kade planiras apple carplay/android

A za gumi dzirni gi i novite Good Year Assy 6ka
Jas staviv Michelin PS5 lepi rastura ama ostavile prostor i za komfor pa ne e dotolku direktna taka da mislam po muabetov ne bi ti bile opcija.
Pre 4s ili 5s (ako e izlezena)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4719
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #2 на: 17 Април 2022, 09:23:16 am »
Одличен избор! Создравје да си ја пичиш! Потврдувам дека е во одлична состојба, ја гледав пред 2 недели. Жал ми е што не си зел м3ка ама, оваа е далеку поразумен избор.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6921
  • хаУс мајстор
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #3 на: 17 Април 2022, 09:33:19 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 300
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #4 на: 17 Април 2022, 09:40:17 am »
Со здравје да се вози.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #5 на: 17 Април 2022, 09:45:05 am »
Odlicno auto so zdravje da se sluzis :)
Dosta poracionalen izbror od M3, kolku i da zvukot na V8 opiva...

Bi me interesiralo (imam F30ka turbobenzin ama so pola od tvoite oznaki):

- Vo sto se sostoi M performanse kitot koj sega go imas
- Na kolku km se menuva PK kais na F30ka turbobenzin
- Od sto im se sostoi M performanse suspenzija vo M-car, menuvaat samo spirali ili i amortizeri (da ne imas info za cena)
- Od kade planiras apple carplay/android

A za gumi dzirni gi i novite Good Year Assy 6ka
Jas staviv Michelin PS5 lepi rastura ama ostavile prostor i za komfor pa ne e dotolku direktna taka da mislam po muabetov ne bi ti bile opcija.
Pre 4s ili 5s (ako e izlezena)

Фала ти, поубава да си купиш!

M Performance power китот е само фенси име за нова усисна грана и софтверски ремап од BMW. Не е многу голем performance gain особено за парите (не знам точна цена ама претпоставувам дека е скапо), ама веќе беше наместен од претходно.

ПК каишот сите кажуваат различни интервали, али во принцип од 80-160к километри би требало еднаш да ти е сменет - кај мене цел сервис го направи претходниот газда пред да ја земам.

M Performance суспензијата е цел сет амортизери + спирали + сѐ пропратно од помали делови. Цена не знам точно, има 2 опции: да одиш во М Кар да ти ја стават таму што ќе кошта сигурно повеќе ама добиваш подолга гаранција (мислам 5 години) или да ја купиш само суспензијата од таму (или онлајн од некаде) и да идеш кај твојот сервисер/специјалист да ја стават таму што ќе те кошта помалку ама гаранција мислам добиваш само 1 или 2 години.

За Carplay гледав од Bimmertech, имаат plug-n-play модул и антена со многу лесна инсталација, е сеа не беше ефтин ко го гледав ама бар се проверени.

Инаку за гумите, на Алфата имам моментално PS4, предобри се и лепат како на шини ама тоа што ме тера да сменам е што бар по мое и искуство на неколку пријатели со PS4s, им треба премногу време да загреат, а додека загреат се чувствува ко да се топат по улица. SportContact новите се иста категорија со PS4s, па да ги пробам - на крај сепак ќе зависи од цената.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #6 на: 17 Април 2022, 09:46:48 am »
Одличен избор! Создравје да си ја пичиш! Потврдувам дека е во одлична состојба, ја гледав пред 2 недели. Жал ми е што не си зел м3ка ама, оваа е далеку поразумен избор.

Криво ми е и мене малку за М3ката, и ако километражата беше 60-70 илјади помала најверојатно и ќе ја земев неа. Ама дефинитивно мораше мааалку рационалност да има, сепак треба да ја возам преку цела година  ::)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29313
    • CARclub.mk
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #7 на: 17 Април 2022, 09:47:44 am »
Лепота!

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #8 на: 17 Април 2022, 16:50:50 pm »
Одличен избор имав 335и со Н54 и имам возено 435и и 440и ( со b58 мотор) на Поконо рејсвеј неам зборови колку добар мотор.
Еден ЈБ4 и побрзо ке биде од М3 V8

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #9 на: 17 Април 2022, 22:00:40 pm »
Одличен избор имав 335и со Н54 и имам возено 435и и 440и ( со b58 мотор) на Поконо рејсвеј неам зборови колку добар мотор.
Еден ЈБ4 и побрзо ке биде од М3 V8

N55ката е топ, дефинитивно би сакал B58 ама изборот тука е ограничен во секој случај а и малку ми се над буџет 340i моментално  ::) Сега за сега не сум во план да чепкам па дури ни со piggyback tune, има повеќе од доволно моќност за да можам убаво да ја уживам. Можеби во иднина би го флеширал мењачот со xHP stage 2, ќе видиме како ќе се понаша на подолг рок.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #10 на: 17 Април 2022, 23:14:51 pm »
Одличен избор имав 335и со Н54 и имам возено 435и и 440и ( со b58 мотор) на Поконо рејсвеј неам зборови колку добар мотор.
Еден ЈБ4 и побрзо ке биде од М3 V8

N55ката е топ, дефинитивно би сакал B58 ама изборот тука е ограничен во секој случај а и малку ми се над буџет 340i моментално  ::) Сега за сега не сум во план да чепкам па дури ни со piggyback tune, има повеќе од доволно моќност за да можам убаво да ја уживам. Можеби во иднина би го флеширал мењачот со xHP stage 2, ќе видиме како ќе се понаша на подолг рок.

Дефинитивно има доволно моќност, стварно добар избор си направил. Незнам дали имаш Performance Exhaust затоа што имаш мспорт пакет можно е да го има, ама доколку не дефинитвно вреди апгрејдот за тоа.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #11 на: 17 Април 2022, 23:51:07 pm »

Нема M Performance издув, дефинитивно нов издув ми е во план, ќе видам како ќе биде цената за M Performance vs Akrapovic кога ќе стигнам до таму и ќе одлучам кој повеќе се исплати.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #12 на: 19 Април 2022, 23:09:29 pm »

Земени таблици, најдов малку време денес а и се погоди да не врне да ја исперам убаво. Колку ја грди преднава таблица колава дури и ми се плаче малку...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5123
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #13 на: 19 Април 2022, 23:16:34 pm »
Ако ништо друго еден Сонакс бсд 1:1 прсни на бојата после перење да не седи вака водата, а и ќе ти дај некој минимален сјај покрај заштитата.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 558
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #14 на: 19 Април 2022, 23:19:22 pm »
Ако ништо друго еден Сонакс бсд 1:1 прсни на бојата после перење да не седи вака водата, а и ќе ти дај некој минимален сјај покрај заштитата.

Ќе иде на целосна керамичка одма чим поминат велигденскиве празници   ::)