Не гледам причина зошто би купувал акумулатор со поголем капацитет од фабрички пропишаниот. Нема никаков ќар од тоа.
Ем поскапо ќе го платиш, ем мислам дека ќе му го скратиш работниот век, пошто капацитетот на полнење на алтернаторот е за помалку ампер-часови, а знаеме дека на акумулаторите им е најубаво кога се стално полни, односно дали ќе успееш да го полниш како што треба.
Ако возиш исклучиво отворено и поголема километража, пеки. За нормална употреба, не гледам причина за давање приоритет на повеќе ампер-часови, пред ССА.