Автомобили > Нови Автомобили
Нарачан нов автомобил - потребни совети и мислења
bojanxmk:
Здраво на сите, го пратам форумов веќе подолго време и знам дека тука е правото место да се праша за совет и мислење од другите корисници.
Нарачав нов автомобил, станува збор за Mercedes CLA, кој што треба да биде доставен почетокот на Септември. Би сакал да слушнам мислења/совети од членовите на форумов поврзано за:
- Која е процедурата за регистрација на возилото? Личната карта ми е од друг град (не од Скопје), претпоставувам таму треба да извршам регистрација. Да ли се земаат пробни таблици или може да завршам работа и без колата да е таму, т.е бидејќи е нова претпоставувам не треба технички преглед?
- Која осигурителна компанија би препорачале за Каско осигурување? Кога станува збор за франшиза, да ли да биде фул каско или?
- Би сакал да ја заштитам колата од гребнатинки (колку толку) па размислувам за PPF фолија. Што мислите за тоа? Дали постојат хемикалии на фолијата која што може да ја оштетат оргиналната боја? Кој мајстор би го препорачале за овој зафат и колку се движат цените од прилика (доколку има некој информација)?
- Бидејќи патувам многу често, ми препорачаа да ставам игла на воланот (во Србија така ја викаат, еве пример: https://guardianprotec.rs/klin-igla-za-volan-mehanicka-zastita) како заштита од кражба. Што мислите за тоа? Дали постојат мајстори за таа работа кои би ги препорачале во Скопје?
Ви благодарам однапред на сите,
Имајте убав ден
AngelSK:
Честито нова кола.
Каква е таа игла на волан?
Carpathian Lord:
--- Цитат: bojanxmk на 22 Јули 2021, 13:52:36 pm ---Здраво на сите, го пратам форумов веќе подолго време и знам дека тука е правото место да се праша за совет и мислење од другите корисници.
Нарачав нов автомобил, станува збор за Mercedes CLA, кој што треба да биде доставен почетокот на Септември. Би сакал да слушнам мислења/совети од членовите на форумов поврзано за:
- Која осигурителна компанија би препорачале за Каско осигурување? Кога станува збор за франшиза, да ли да биде фул каско или?
- Би сакал да ја заштитам колата од гребнатинки (колку толку) па размислувам за PPF фолија. Што мислите за тоа? Дали постојат хемикалии на фолијата која што може да ја оштетат оргиналната боја? Кој мајстор би го препорачале за овој зафат и колку се движат цените од прилика (доколку има некој информација)?
- Бидејќи патувам многу често, ми препорачаа да ставам игла на воланот како заштита од кражба. Што мислите за тоа? Дали постојат мајстори за таа работа кои би ги препорачале во Скопје?
Ви благодарам однапред на сите,
Имајте убав ден
--- Крај на цитатот ---
Која е процедурата за регистрација на возилото? Личната карта ми е од друг град (не од Скопје), претпоставувам таму треба да извршам регистрација. Да ли се земаат пробни таблици или може да завршам работа и без колата да е таму, т.е бидејќи е нова претпоставувам не треба технички преглед?
- Ќе ти извадат пробни таблици од Скопје до другиот град каде што се водиш и ќе си ја регистрираш таму.
Внимавај дека наводно (не знам) официјално е дека во возило со пробни таблици смее само возачот да се вози. Сепак мене ме застанаа и со пробни и немав никакви проблеми. Претпоставувам прогледуваат низ прсти.
Која осигурителна компанија би препорачале за Каско осигурување? Кога станува збор за франшиза, да ли да биде фул каско или?
- Јас сум со 200 евра франшиза, каското ми покрива се, од патници до стакла. Најевтино беше со Уника.
Би сакал да ја заштитам колата од гребнатинки (колку толку) па размислувам за PPF фолија. Што мислите за тоа? Дали постојат хемикалии на фолијата која што може да ја оштетат оргиналната боја? Кој мајстор би го препорачале за овој зафат и колку се движат цените од прилика (доколку има некој информација)?
- Проблемот е што во Македонија не знам добри мајстори и добри PPF фолии. Има едни во Битола (BiTuning), ама слушам дека фолијата што ја ставаат била катастрофа.
Лек нема. Едино керамика кај @dame ама тоа не ти е гаранција од оштетување пример камче .
Бидејќи патувам многу често, ми препорачаа да ставам игла на воланот како заштита од кражба. Што мислите за тоа? Дали постојат мајстори за таа работа кои би ги препорачале во Скопје?
- Игла на воланот? М? Не знам што е тоа. Ако толку ти е страв, земи си GPS локаторче, стави го на некое недостапно место во колата (да ти е врзано директно со струја од колата, не само на батерија - ако не можеш сам оди во DogSecurity или сл. места).
R2D2:
Прво честитки, создравје да се вози.
За регистрација на возилото не ти треба да го носиш и возилото. Тоа останува во салонот, а ти само со документацијата што ќе ти ја дадат си бркаш работа за негова регистрација. Потоа земаш таблици, сообраќајна, и одиш по возилото.
За каско, дали со франшиза или без, ти си знаеш, рачунај разликите се околу дупло за плаќање каско со или без франшиза.
Заштита од гребаници, пазање на колата и некоја керамичка заштита. Јас фолии не би лепел на нова кола ни под разно.
За заштита од кражба тука ти е каското :)
Mikius:
И немој да заборавиш дека осигурувањето ти важи од наредниот ден, односно ги земаш таблиците, преспиваш и наредниот ден одиш по колата.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија