Заврши екскурзијата Скопје - Битола...вчера Алфата беше на менување на каиши кај Тони Алфа, по негова препорака ја оставив вчера и се вратив со воз, па денес повторно со воз бев и си ја зедов.
Променетo :
- Сет ребраст
- Сет клинест
- Дихтунг на вакум пумпата
- Антифриз
Пред некој ден дома сменив чаури на вилушки и се заебав, нема квалитет на деловите иако ги носев од Германија, Лемфордер...меки се и на поголеми "длапки" удира најверојатно вилушката некаде во шасијата, се слуша удар железо на железо.
Ќе тера вака некој месец, па ќе добие комплет нови вилушки.