Со плин или без, само НГК, прескокни го БОШ.....верувај му на дедо!
НГК се поефтини. Има тука асални или да земам од Германија?
За плинскиот уред, ја би ти рекол СТАГ пошто имам одлично и долго искуство со него, едино зависи со чиви дизни и расплињача ќе го комбинираат! Тука може заебот да биде!
Зашто би го комбинирале? За "подобро" / поефтино демек?
И кажи каде монтажа? У Плимонт и слични или кај мајстор што избегал од вакви па си мести у свој сервис?
Има мислам овластен увозник за НГК во Мкд, мислам дека е Автолидер (нека се изјасни некој од форумов ако знае), барај Ласер Платинум верзија, пошто со тој сериски број има и V-line.
СТАГ порано немаше свое производство на расплињачи и дизни, не знам дали се променило нешто у меѓувреме. Кај мене со СТАГ-от беше монтирана Заволи расплињача со ОМВЛ дизни (овие дизни се ставени после околу 50к км, првите не се сеќавам што марка беа, цело време со првите дизни се палеше чек енџин, не можеа да постигнат точен притисок и дозирање).
За монтажа ќе те пратев кај мојот мајстор, ама последниве години само сервисира повремено и многу малку монтира, повеќе време е надвор од Мкд..............така да провери на неколку места и реши кај кој ќе одиш!
И барај полначката да ти ја стават под поклопецот, односно до полначката за бензин!