Автор Тема: Mercedes c220cdi w202  (Прочитано 11338 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #30 на: 17 Февруари 2020, 21:54:55 pm »
Имам пробано вакво мече.Одлично влечи



Зависи што си возел претходно. Ако како јас 318тдс тогаш оваа е ракета  ;D ;D

Пишав и претходно дека сакам да направам голем сервис. Колата е кај нас 70 000км и претходно што била возена мислам дека е време за тоа. Се распрашав малку што се нуди кај нас па еве што ми понудија.

Водна пумпа:
-Graf германска 3 300ден.
-Asx шпанска 3 320ден.
-Dolz 3 600ден.
-Meteli 4 200ден.

Затегач:
-Febi 2 650ден.
-Daiko (ако добро разбрав) италијанска 3 100ден.
-Ina 2 270ден.
-Fmr (и за овој бренд не сум сигурен дали е точен) германски 2 400ден.

Јас мислам да одам со Graf водна и Febi затегач. Доколку имате искуство со некои од брендовите погоре пишете ваше мислење  :D

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1835
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #31 на: 17 Февруари 2020, 22:06:17 pm »
Meteli i febi. Мечка заслужува само најдобро.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #32 на: 15 Август 2020, 01:28:33 am »
Одамна не сум направил update на темава.

-Претходно имав пишано дека колата не загреваше во зимо. Проблемот пробав да го решам во ноември па од чекање мајстори што имаат гужви па и мои обврски тоа успеав да го решам тек во фебруари...
После 3 сменети термостати за џабе сеуште ме убедуваа дека мора да е до термостат нема што друго. Поразговарав со неколку луѓе што имаат мерцедес од овие генерации и многу од нив сеуште имаа ист проблем. Знаев дека неможе сите да купиле нови расипани делови и решив да најдам мајстор што ќе сака да го најде проблемот а не само да менува термостат. По препорака на пријател отидов кај Јовче на илинденска работел само со мерцедеси. Викам најди што ја спречува колава да загрее не мењај термостат. И добро се враќам после работа вика „сменивме термостат имаш 80 сега“ ја пребледев пак 4 000 на гладно си викам. Сабајлето иако не одам со оваа кола на работа викам ќе ја возам према сервис ако загрее одам на работа ако не ја оставам пак кај нив. Стигнувам после ~15км колава 50 степени. Па така после 4 месеци акање некој ми рече колава има друг проблем оставија ќе испитаме.
Испадна дека проблемот бил во вакум цревата ги извадиле исчистиле сите и сега е добра.

Но сепак колата загрева доста споро и ми падна сумливо  тоа што потрошњата во зимо мие идентична како и во лето. Па така малку погуглав и дознав дека колава не шприца повеќе нафта за да загрее побрзо туку има некој си додатен греач (некој го викаат вебасто но мислам вебастото е за загревање во кабина и не е истиот систем) кој кај мене не функционира.

-Одкако го решив греењето на колава дојде ред да ме заебава ладењето. Компресорот сам се гасеше по кратко време или воопшто не се уклучуваше. Ја однесов кај мајстор Бране вика многу ти тече хладњакот дај прво тој да го смениме другото ќе го решиме лесно е. На 13.05.2020 7 500ден отидоа за нов хладњак цена како за w204.



Следно да видиме зошто се гаси компресорот Бране ја гледа цел ден вика ова е за на електричар ќе те пратам кај еден. Одам таму тој крева раменици. Одам на друг колата ми стоеше таму 4 дена ме убедуваше дека утре ќе ја напраи знаел што е проблем за на крај да рече незнам штое работа дојди земи ја. Пак се вратив кај дечките на илинденска за 1 ден ми завршија работа. Испадна расипан бил магнетот на компресорот и влечел премногу струја и така доаѓало до гасење на компресорот. Сменет со нов од тогаш е супер.

-Крај на јуни дојде ред за регистрација
9 676ден осигурување (со патници и данок за под 26 години)
6 050 технички
= 15 762ден

- 29.06.2020
сменето уље, филтер за уље, филтер за воздух, филтер за нафта, филтер за полен, затегач, каиш и ролерот до водна пумпа.


Заборавив да ги сликнам затегачот ролерот и каишот  :-\
Планот беше да ја сменам и водната пумпа но климата ми испадна непланиран поголем трошок па тоа ќе остане за понатака.

-14.08.2020
Точно 1 година од последното центрирање па го посетивме Мето денес да бидам на сигурно дека е све во ред.

Побарав и да се провери подвозјето испадна само гумица на предно лево горно рамо е за менување што не очекував мислев дека ќе има уште нешто. Од таму заминав на балансирање на гумите.

-Во меѓувреме ги заменив распаднатите оригинални патосници




Чекам одговор од Vox дали имаат адаптери за звучниците во задните врати ако имаат ќе ги менувам и тие деновиве.

Од почетокот на октомври минатата година колата ја возам само јас имам поминато 10.380км

Една слика од евиденција за просечна потрошувачка


Тоа е тоа за сега пријатен ден  :D

Едит:


Причината зошто се збогувавме со е36ката  :D :-*


« Последно менување: 15 Август 2020, 01:38:08 am Knight_ »

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1824
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #33 на: 15 Август 2020, 11:31:27 am »
Се познава дека колава е домаќински гледана и дека не и се откажуваш :) Фала што во 01.30 по полноќ напиша цел труд за новостите, си се изначитав ама задремав и успеав само да лајкнам  ;D

Сигурен сум дека веќе го правиш ова, ама да си кажам јас - како што пишуваш тука апдејти, води си и ти евиденција во своја сервисна книшка. Не за да имаш црно на бело кога некогаш ќе ја продаваш туку да си имаш за себе. До наредна недела ќе ги заборавиш точните датуми што си ги пишал тука :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #34 на: 28 Јануари 2021, 19:04:36 pm »
Се познава дека колава е домаќински гледана и дека не и се откажуваш :) Фала што во 01.30 по полноќ напиша цел труд за новостите, си се изначитав ама задремав и успеав само да лајкнам  ;D

Сигурен сум дека веќе го правиш ова, ама да си кажам јас - како што пишуваш тука апдејти, води си и ти евиденција во своја сервисна книшка. Не за да имаш црно на бело кога некогаш ќе ја продаваш туку да си имаш за себе. До наредна недела ќе ги заборавиш точните датуми што си ги пишал тука :)

Да одговорам 1 год подоцна  ;D ;D


Списоче имам и го пополнувам редовно  ;D

Да дополнам и тука нешто.
6.11.2020
Сијалиците што ги имав беа катастрофа па се решив да ги сменам.



Убаво светат но кога ќе заврне ги снемува, сега знам тука има улога и фарот стара технологија е  :D ама сепак задоволен.

8.11.2020

Заменет летен со зимски сет



Ова им е 3та сеезона шара имаат уште снег да падне да видам дали се уште добри  :D

26.11.2020

Дојде зимата па напраи и некој проблем



Осетив чад во кабина отварам хауба протекла дизната мајсторот вика носи ја сабајле. Сабајлето ја палам до мајстор дур стигнав протече уште една. Шајбните беа скинати па ги сменија на сите 4 заедно со дихтончиња што ги има на горниот дел од дизните и од тогаш е супер. Воедно дечките ми решиа уште еден проблем. Некогаш се случуваше на по голема гас колата да изгаси затоа што една од дизните не шприцала доволно гориво. Искористив прилика ја најдоа која е и беше заменета со половна.

Во меѓувреме ги сменив звучниците на даската позади. Исти како што ставив во предните врати. Планот беше да ги сменам на задните врати но адаптерите што стигнаа наместо за врати стигнаа за полица па ајде што е тоа е да не чекам пак 2 месеци ги сменив тие. Сум заборавил да ги сликнам ќе ставам друг пат  :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #35 на: 28 Јануари 2021, 19:19:06 pm »
Ова уље, ф.уље, го имам видено повеќе пати така запишано.

Ме потсеќа на уље, фуље, муље, сВе е сменето.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #36 на: 02 Февруари 2021, 23:45:56 pm »
Денес ги сменив предните дискови и плочки феби. Со старите дискови поминато околу 90 000км






Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: Mercedes c220cdi w202
« Одговори #37 на: 30 Март 2021, 22:03:55 pm »
Колава официјално е на продажба.

И еден совет од изминативе денови не објавувајте кола за продавање по Facebook страни освен ако не ве интересира колку болни луѓе има.