Автор Тема: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition  (Прочитано 2901 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27227
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3085
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #1 на: Август 16, 2019, 19:30:16 pm »
@zeroSignal
Кога би направил споредба помеѓу Голф-от што го возиш и Шкода Скала, колку е Скалата достојна да му парира, ете на Голф 6.

Ме интересира дампирање на кабина, подвозје, примање нерамнини на пат, комфор на седишта, па и завршна обработка...

Од мое лично искуство со Шкода Скала, можам да кажам дека би ја класифицирал под Голф 7 и под моменталната генерација на Шкода Октавија.

Возилото е сосема солидно, и нема маана (да не бидам сватен погрешно), ама ме интересира колку им дозволиле од централата на ВАГ на чесите да се опуштат со Скалата за да не брцне во пазарот што го држи Голф во класата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32654
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #2 на: Август 16, 2019, 19:55:27 pm »
Возилото е сосема солидно, и нема маана (да не бидам сватен погрешно), ама ме интересира колку им дозволиле од централата на ВАГ на чесите да се опуштат со Скалата за да не брцне во пазарот што го држи Голф во класата.

Мене на прв поглед ми личи на Rapid Spaceback. Нова маска, малку поголемо меѓуоскино растојание и троа поширока. Ентериерот ми изгледа 90% истиот од Рапидот, инструмент таблата такоѓе.

Искрено, со оглед на тоа како ми ја претставија во салон во Март месец кога купував кола, дека ќе била многу слична на Рапид Спејсбек само со повеќе upstream опрема, не сум ни изненаден што е слична. Очекувам бар да се доближи до Голф 7, кој и онака оди во пензија. Октавијата сеуште се држи добро и не мислам дека е загрозена од Скала, ни најмалку.

@zeroSignal a со дизел мотори како стои во понуда? Само 1.6TDI?
Ќе одам да ја видам следната Сабота ама искрено очекував многу повеќе со оглед

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27227
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #3 на: Август 16, 2019, 21:06:29 pm »
@zlatkoa - Би рекол дека материјалите во кабината се на ниво на Голф 6, под Голф 7, и во некои сегметни подобри, во некои сегменти полоши од Октавија.

Хиерархијата мора да биде запазена, затоа си постои.

Дампирањето е изненадувачки добро, дури и на 17-инчни тркала. Секако, на 15ки или 16ки ќе биде уште помека. Генерално фино и комотно вози. Седиштата многу ми се допаднаа (и Skoda ме изненадува во последно време со добри седишта, и Карокот што го имавме на тест имаше одлични спортски седишта).

Дали му парира на мојот Голф 6? Секако дека не, зборуваме за мојот Голф 6, најдобрата кола на планетава, па и пошироко. Единствена подобра кола би била следната моја кола (а и тоа е дискутабилно).

Шала на страна, погодена си е колата. Формата ми е малку чудна (и субјективно суспензијата превисока, ама тоа е лесно-средливо), ама јас не сум таргет-купувач за Scala. Ќе ја ценат луѓе што сакаат bang-for-buck, што сакаат простор, опрема и логичност за прифатлива цена.

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5414
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #4 на: Август 16, 2019, 21:08:13 pm »
Возилото е сосема солидно, и нема маана (да не бидам сватен погрешно), ама ме интересира колку им дозволиле од централата на ВАГ на чесите да се опуштат со Скалата за да не брцне во пазарот што го држи Голф во класата.

Мене на прв поглед ми личи на Rapid Spaceback. Нова маска, малку поголемо меѓуоскино растојание и троа поширока. Ентериерот ми изгледа 90% истиот од Рапидот, инструмент таблата такоѓе.

Искрено, со оглед на тоа како ми ја претставија во салон во Март месец кога купував кола, дека ќе била многу слична на Рапид Спејсбек само со повеќе upstream опрема, не сум ни изненаден што е слична. Очекувам бар да се доближи до Голф 7, кој и онака оди во пензија. Октавијата сеуште се држи добро и не мислам дека е загрозена од Скала, ни најмалку.

@zeroSignal a со дизел мотори како стои во понуда? Само 1.6TDI?
Ќе одам да ја видам следната Сабота ама искрено очекував многу повеќе со оглед
Бре Миле, дојде живот....

У Март се поднови, сега пак... после ќе ни збориш по форуми со 100.000км колите под преса да ги носиме.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27227
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #5 на: Август 16, 2019, 21:10:43 pm »
@Tischläufer

Колку што знам, сега за сега само 1.6 TDI со 115 коња. Мислам дека може да се комбинира со мануелен или со DSG.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #6 на: Август 16, 2019, 22:44:19 pm »
Малку ме чуди зошто толкаво дистанцирање од Рапид Спејсбек. Делува како да се срами Скалата од својот претходник.
Пред 3години Спејсбекот ми беше влезен во потесен избор, да не ги набројувам причините зошто се разочарав од многу други коли.

Ќе ги истакнам позитивните работи кои ме привлекоа кај Рапид Спејсбекот и кои очигледно според тестов се присутни и кај Скалата.
Седиштето ми беше многу удобно и многу лесно си ја најдов возачката позиција позади воланот.
Потоа преминав на задна клупа и заклучив дека останало и превише простор до предно седиште. Можело да се искористи за поголем гепек.
Гепекот пак воопшто и не беше за потценување.
И дефинитивно цената која фрлаше на колена добар дел од конкуренцијата и те тера да замижеш над слабите точки.

Така да, со оглед на стартната основа од Рапидот и подобрувањето на другите атрибути, вопшто не е за чудење како се покажала Скалата на тестов.

Отсутен Ordevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 833
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #7 на: Август 16, 2019, 23:07:22 pm »
Браво Зеро, секое наредно видео, многу подобро од претходното.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32654
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #8 на: Август 17, 2019, 01:44:08 am »
У Март се поднови, сега пак... после ќе ни збориш по форуми со 100.000км колите под преса да ги носиме.




Се има бе бато се работи... гравче се јаде. Ново си е ново, батали ти 100.000км  ;D ;D ;D ::) ::) ::)
« Последно менување: Август 17, 2019, 01:50:01 am Tischläufer »

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #9 на: Февруари 20, 2021, 16:59:23 pm »
Прееска возев позади Скала, многу ружна отпозади и  некако тесна ми делуваше, во прв момент си мислев Фабиа.

Рапид спејсбекот изгледа посериозно отпозади.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7937
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #10 на: Февруари 20, 2021, 19:32:00 pm »
Ne si vo pravo, mnogu prostor nudi. Moze na nivo na i30kata a i poveke.

Prostor bil stalno adut na skoda

Отсутен Skywalker

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2750
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #11 на: Февруари 20, 2021, 19:43:59 pm »
Колку шо гледам е меѓу пошироките во класата. Да не си возел позади Рапид, баш задницата на Скала е многу подобра од Рапид.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: CARclub Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
« Одговори #12 на: Февруари 20, 2021, 19:44:29 pm »
Ne si vo pravo, mnogu prostor nudi. Moze na nivo na i30kata a i poveke.

Prostor bil stalno adut na skoda

Не се возев, туку возев позади :)

Значи однадвор ми изгледаше потесна и ружна.
Инаку знам за Спејсбекот дека има повеќе простор во кабината од i30, претпоставувам дека е исто и со Скалата.