Автор Тема: Ford Mondeo 1.5 TDCI  (Прочитано 14166 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #75 на: 20 Септември 2023, 17:56:28 pm »
На кратко ќе ти влетам во темата со моето сценарио, за 7 години додека го имав Голфот 5-ка, често ми се случуваше да ги оставам клучевите на бравата внатре и да ја затворам вратата и никогаш не се заклучуваше сама. Кога се породи сопругата и кога бев првпат да ја видам и да и однесам нешто на клиника, во брзање после да платам паркинг, излегов од колата со клучеви внатре и ми се заклучи. Блокирав 3 коли кај куќичката за паркинг, во тој момент не знаев што попрво да правам, добро што не си го скршив стаклото, земање такси до дома за резервен клуч и трк назад. Оттогаш ми е страв да оставам клучеви внатре во кола било кола. Не знам што му текна на Голфот да се заклучи сам, а претходно ниту еднаш не се случило.
Сличен проблем со старата кола, Фиат Стило, 2 пати ми се заклучи со клучот внатре, и одма направив 2 резервен кој сопругата го носеше со неа, за секој случај.
Татко ми на пример, никогаш не остава кола да работи во место и секогаш клучот му е во рака. Го носи од друга причина, да не му ја украдат колата.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #76 на: 03 Октомври 2023, 10:17:22 am »
Отидов да гледам мотор, Мондео-во како да ми се налути, и се закачи за првиот тортоар.
Отидов во МиДа, ги замолив со убаво и ми ставија стега и 2 штрафа за 20 минути.
Не ми ни наплатија, што ме изненади.



Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8824
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #77 на: 03 Октомври 2023, 12:41:25 pm »
Ke odish so tocak po motor 😂

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1485
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #78 на: 04 Октомври 2023, 11:21:44 am »
Го купи ли бар моторот што толку се налути мондеото? :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #79 на: 04 Октомври 2023, 14:14:17 pm »
Го купи ли бар моторот што толку се налути мондеото? :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk
Не, далеку сум од Мотор купување во моментов.
Здравје наредното лето.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8824
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #80 на: 04 Октомври 2023, 18:16:06 pm »
Sega zemaj frcat popusti.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #81 на: 04 Октомври 2023, 18:26:02 pm »
Sega zemaj frcat popusti.
Ноември е месец за купување мотор/скутер. Попустите се секогаш најголеми во тој период бидејќи им жежат затворените пари.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #82 на: 04 Октомври 2023, 19:44:17 pm »
Знам. Немам гаража.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #83 на: 10 Ноември 2023, 15:50:24 pm »
 

Sent from my SM-S916B using Tapatalk


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #84 на: 23 Ноември 2023, 10:27:54 am »
Искористена промоцијата за членови и направена Зимска Проверка на возилото во АМСМ. Од таму викаат ОК е колата.
Направен тест на Акомулаторот, викаат ќе издржи и зимово само да ја повозам на овторено малце.


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #85 на: 27 Декември 2023, 20:11:46 pm »
Редовен мал сервис во Мида на 111.706 км.
Моторно масло
Филтер масло
Филтер воздух
Фолтер полен
Задоволството кошта 9.922 денари.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #86 на: 29 Мај 2024, 21:18:59 pm »
Викендов се прошетавме до Белград и назад со еден резервоар гориво. Интересно, кога се вратив ми се појави low fuel нотификацијата и сватив дека до сега немам видено како изгледа :)
Очекував некоја жолта точка некаде на екранот, како на Стило-то, ама кај ова делот за преостанати километри и пумпичката за гориво станаа жолти.


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #87 на: 10 Јуни 2024, 18:01:06 pm »
Ново акомулаторче, го заменивме фабричкиот кој беше на 32% health.
Duracell Extreme 70 AGM.


Наредно керамичка или некој тип на заштита.

Втор пат одам nidzzo не го најдов на работното место :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #88 на: 11 Јуни 2024, 10:22:18 am »
Што пари беше? И како одреди дека е 32%? Имаше некаква индикација?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #89 на: 11 Јуни 2024, 14:03:55 pm »
Што пари беше? И како одреди дека е 32%? Имаше некаква индикација?
Па, кога ја земав колата бев до кај nidzzo, го проверија и рекоа дека е на 46%, и дека нема да е лошо да го заменам.
Од тогаш поминаа 2 години.
Секоја сезона, пред зимо лето имам бесплатни проверки во АМСМ како член, и од таму ми препорачаа дека нема да е лошо да го сменам. Како изгледа ливчето има на 2-3 поста погоре.
Мислам, сам гледав дека им светнува црвено на то апаратчето што проверува :)
А и од 2016та е, 8 години, мислам дека подобро да си го сменам со време пред да ме остави на пат некаде, или да не ми направи некој проблем со електроника или слично.
Проблеми немав, освен што Start Stop системот не се вклучуваше, и понекогаш ке запалеше од втора, особено денови кога ја палев 5-6 пати на ден, и кога ке поминеше неколку недели откако сум возел на автопат.

Е сега ке почне да ме нервира Start Stop системот, не можам за стално да го исклучам, се ресетира секое ново палење, ама тоа е...

Пари 9.900, со попуст за CarClub членови излезе 9.400, секако и го оставив стариот таму.