Автор Тема: Ford Mondeo 1.5 TDCI  (Прочитано 12163 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #60 на: 23 Јануари 2023, 12:51:27 pm »
Ставени All Season гуми, Michelin CrossClimate 2 од Олимпико.
Задоволството да се возат нови Michelin гуми кошта 43.020 денари.
Причина зошто Michelin а не GoodYear Vector 4Seasons е што не најдов GoodYear со исти или сличен DOT во Мк, а инаку сакав GoodYear да земам.
Наредно керамичка заштита или нешто слично...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #61 на: 23 Јануари 2023, 12:53:25 pm »
Интересна цифра. Кои димензии?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #62 на: 23 Јануари 2023, 13:32:37 pm »
Интересна цифра. Кои димензии?
215/60 r16 99V

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #63 на: 23 Јануари 2023, 13:35:06 pm »
Баш кажи како се со бучава. Односно дали се екстремно и неверојатно тивки и потивки од се до сега што си чул или не.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #64 на: 23 Јануари 2023, 13:49:25 pm »
Баш кажи како се со бучава. Односно дали се екстремно и неверојатно тивки и потивки од се до сега што си чул или не.
Да ги повозам некоја недела па ке пишам.
За сега, потивки се од тие кој ги имав. Ги пробав на автопат дали тресат ама не можев да осетам звук дека дуваше ветер.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #65 на: 23 Јануари 2023, 14:00:09 pm »
Баш кажи како се со бучава. Односно дали се екстремно и неверојатно тивки и потивки од се до сега што си чул или не.
Да ги повозам некоја недела па ке пишам.
За сега, потивки се од тие кој ги имав. Ги пробав на автопат дали тресат ама не можев да осетам звук дека дуваше ветер.
Па тоа е многу фалено кај овие гуми, а кај вакви возила кои се движат често со брзини од 130-160кмч во долги периоди е особено важно, бидејќи допринесува за поолеснето чувство на минување на тие километри.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7995
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #66 на: 23 Јануари 2023, 14:21:32 pm »
Интересна цифра. Кои димензии?
215/60 r16 99V

Кај докопа 99V толку ефтино, јеботе?!
https://stop-go.com.mk/product/MI2156016HCC2XL/

Да не имаш таму некој, да ме упознаеш и мене? :D
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #67 на: 23 Јануари 2023, 17:20:36 pm »
Интересна цифра. Кои димензии?
215/60 r16 99V

Кај докопа 99V толку ефтино, јеботе?!
https://stop-go.com.mk/product/MI2156016HCC2XL/

Да не имаш таму некој, да ме упознаеш и мене? :D
Тие ги најдов на лагер со ист или сличен ДОТ од 2022.
Јас уствари барав 95 или 99H, бидејки побрзо од 160 не возам.
Цената е со најнормален 15% попуст во Олимпико, никого не познавам, буквално прв пат влегувам таму.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #68 на: 28 Март 2023, 19:29:48 pm »
Со гумите следуваше бесплатно центрирање.
Конечно го искористив пред некоја недела. Еве резултат.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #69 на: 15 Август 2023, 13:54:14 pm »
Истеран уште еден одмор во Грција.
Скопје - Посиди на прв крак, Посиди - Полихроно и назад, и назад до Скопје со неколку кратки излегувања од рутата, + околу 4 саати појди застани на граница. Се со еден резервоар.
Инаку, на паркинг резервирн за хотел во Грција за 2 недели ја изгребаа колата повеке од 2 години низ различни паркинзи во Скопје.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
  • Слобода или смрт
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #70 на: 15 Август 2023, 14:21:39 pm »
Ставени All Season гуми, Michelin CrossClimate 2 од Олимпико.
Задоволството да се возат нови Michelin гуми кошта 43.020 денари.
Причина зошто Michelin а не GoodYear Vector 4Seasons е што не најдов GoodYear со исти или сличен DOT во Мк, а инаку сакав GoodYear да земам.
Наредно керамичка заштита или нешто слично...


За следен пат да си знаеш во бугарија во дијана истиве би ти биле 250 евра поефтини. Таман за еден мини шопинг да си направиш во икеа/декатлон додека си таму.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #71 на: 15 Август 2023, 17:53:41 pm »
Ставени All Season гуми, Michelin CrossClimate 2 од Олимпико.
Задоволството да се возат нови Michelin гуми кошта 43.020 денари.
Причина зошто Michelin а не GoodYear Vector 4Seasons е што не најдов GoodYear со исти или сличен DOT во Мк, а инаку сакав GoodYear да земам.
Наредно керамичка заштита или нешто слично...


За следен пат да си знаеш во бугарија во дијана истиве би ти биле 250 евра поефтини. Таман за еден мини шопинг да си направиш во икеа/декатлон додека си таму.

Фала. Ке запамтам нареден пат да проверам во Бугарија пред да менувам.
Како што гледам, во моментов немаат CrossClimate 2 и имаат само од стариот модел, CrossClimate +

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #72 на: 19 Септември 2023, 22:16:13 pm »
Направивме 110.000 км.

Интересно, пред некој ден одам да оставам нешто во багажник.
Колата заклучена, и кога го отвараш само багажникот прв пат не се отклучува целата, туку само вратата на багажникот. Кога ке затвориш еднаш, не се отвара по втор пат, туку мора цела кола да отклучиш.
Исто така, ако колата е заклучена додека клучот е внатре, keyless не работи и не можеш од надвор да ја отклучиш.
Во брзање го фрлив ранецот во багажник, и заборавив дека клучот ми остана во ранецот.
На спуштање врата ми текна што направив, ама касно беше да реаграм.
И се изненадив што колата се отклучи сама :)

Импресиониран сум што им текнало и ова сценарио да го опфатат.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #73 на: 20 Септември 2023, 09:19:05 am »
На кратко ќе ти влетам во темата со моето сценарио, за 7 години додека го имав Голфот 5-ка, често ми се случуваше да ги оставам клучевите на бравата внатре и да ја затворам вратата и никогаш не се заклучуваше сама. Кога се породи сопругата и кога бев првпат да ја видам и да и однесам нешто на клиника, во брзање после да платам паркинг, излегов од колата со клучеви внатре и ми се заклучи. Блокирав 3 коли кај куќичката за паркинг, во тој момент не знаев што попрво да правам, добро што не си го скршив стаклото, земање такси до дома за резервен клуч и трк назад. Оттогаш ми е страв да оставам клучеви внатре во кола било кола. Не знам што му текна на Голфот да се заклучи сам, а претходно ниту еднаш не се случило.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #74 на: 20 Септември 2023, 09:32:02 am »
На кратко ќе ти влетам во темата со моето сценарио, за 7 години додека го имав Голфот 5-ка, често ми се случуваше да ги оставам клучевите на бравата внатре и да ја затворам вратата и никогаш не се заклучуваше сама. Кога се породи сопругата и кога бев првпат да ја видам и да и однесам нешто на клиника, во брзање после да платам паркинг, излегов од колата со клучеви внатре и ми се заклучи. Блокирав 3 коли кај куќичката за паркинг, во тој момент не знаев што попрво да правам, добро што не си го скршив стаклото, земање такси до дома за резервен клуч и трк назад. Оттогаш ми е страв да оставам клучеви внатре во кола било кола. Не знам што му текна на Голфот да се заклучи сам, а претходно ниту еднаш не се случило.

Тоа е само ради балансот во животот, па не може само убави работи да се случуваат. ;D