Беспрекорно извозено од Редбулите. Со добри напади, без непотребни сејфти карови и сваштарии. Штета што не заврши како 1-2 за Редбул зошто имаше можност. Реално Перез да возеше вака во првите трки ќе беше конкурент за второ место во генерален пласман на бодови, ама сепак е нов за разлика од конкурентите кои се улежани во своите болиди со години и години.
За среќа и стратегијата помогна за да се намали предноста во болидите, па испадна одлична трка.
Ниедно кршење, ниеден сејфти кар, послаб болид, подобра тактика, и неверојатно, неверојатно возење. Престигнувањето и возењето на Макс беше фасцинантно, но Перез подеднакво се покажа во поминувањето на Ботас. Одамна немало таков идеален момент на претекнување. Дури кај гледачите имаше момент дека нема да може да докочат и да завртат. Ама некако од крајни сили Пирелите залепија и завртеа двајцата прецизно.
Кај претекнувањето на Макс конечно се слушна и публиката, која во еден глас на несекојдневна радост го проследи претекнувањето и се гледаше дека сите се со полни срца радост и среќа!
Браво за тркава, браво.