Автор Тема: Formula 1 - Season 2021  (Прочитано 30205 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7422
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #450 на: Јуни 20, 2021, 18:10:13 pm »
Повторно интересна трка.

Ред Бул и Мерцедес изгледаат доволно воедначени за сезоната ја одлучат тимските стратегии.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49546
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #451 на: Јуни 20, 2021, 19:40:38 pm »
Беспрекорно извозено од Редбулите. Со добри напади, без непотребни сејфти карови и сваштарии. Штета што не заврши како 1-2 за Редбул зошто имаше можност. Реално Перез да возеше вака во првите трки ќе беше конкурент за второ место во генерален пласман на бодови, ама сепак е нов за разлика од конкурентите кои се улежани во своите болиди со години и години.

За среќа и стратегијата помогна за да се намали предноста во болидите, па испадна одлична трка.

Ниедно кршење, ниеден сејфти кар, послаб болид, подобра тактика, и неверојатно, неверојатно возење. Престигнувањето и возењето на Макс беше фасцинантно, но Перез подеднакво се покажа во поминувањето на Ботас. Одамна немало таков идеален момент на претекнување. Дури кај гледачите имаше момент дека нема да може да докочат и да завртат. Ама некако од крајни сили Пирелите залепија и завртеа двајцата прецизно.

Кај претекнувањето на Макс конечно се слушна и публиката, која во еден глас на несекојдневна радост го проследи претекнувањето и се гледаше дека сите се со полни срца радост и среќа!

Браво за тркава, браво.
« Последно менување: Јуни 20, 2021, 19:55:19 pm Deni »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 21830
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #452 на: Јуни 20, 2021, 21:52:41 pm »
Добра журка ќе падне вечер.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4186
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #453 на: Јуни 21, 2021, 07:41:07 am »
Ах Ботас, се испосра ко дојде Макс на 1 секунда од него.

Сите останати болиди, 1 секунда по круг побавни од првите тима, ама ај помала ќе биди австрија разликата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49546
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #454 на: Јуни 21, 2021, 07:53:21 am »
10kmh побрз од останатите.
(Низ заби) Џојџи ваму.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4186
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #455 на: Јуни 21, 2021, 13:53:00 pm »
Не се гледа баш целата слика ама Гасли престигнува надвор од патеката, башка и Норис на радиото се пожале.
Казна за Гасли нема, како ќе му дојди така...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7422
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #456 на: Јуни 21, 2021, 18:59:07 pm »
Беспрекорно извозено од Редбулите.

За воља на вистината, беспрекорно извозеа и редбулите и мерцедесите.

Успешниот андеркат на редбул потсеќаше на мерцедес во шпанија. „Со свој камен...“

Со оглед на очигледната воедначеност на перформансите на мерцедес и ред бул, ништо чудно до крајот на сезонава да гледаме тактички надмудрувања што на крај и ќе го одлучат шампионот.

Макси има од-лич-на шанса сезонава да ќари титула. (шансата за „најмлад ф1 шампион“ више ја нема, пошто дури и да стане шампион, ќе има 24 години, фетел стана шампион на 23).

Луис има од-лич-на шанса да постави нов рекорд во број на титули кој можеби и ќе остане вечен.
« Последно менување: Јуни 21, 2021, 19:05:48 pm filipv »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4186
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #457 на: Јуни 22, 2021, 07:31:30 am »
И Ботас и Перез имаат шанса за титула, само Перез касни ама Ботас не знам шо чека.  ::)
Му ја дадоа побрзата шасија од Хамилтон, пак ништо.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7422
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #458 на: Јуни 22, 2021, 09:58:45 am »
побрзата шасија од Хамилтон

:) Опаа...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4186
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #459 на: Јуни 22, 2021, 10:26:41 am »
Дури и Хамилтон не знај шо збора, виде на тренинг побавен од Ботас, одма на радио мимиими... нешто не чини на колава.
Го тепа Ботас на трка и квалификации, се премисли, абе исти биле.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7422
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #460 на: Јуни 22, 2021, 12:38:06 pm »
(slow headshake)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49546
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #461 на: Јуни 22, 2021, 18:35:40 pm »
Она кога си подобар Ботас од Ботас.

Присутен Skywalker

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #462 на: Јуни 25, 2021, 08:58:54 am »
Мерцедес почнаа со плачење

RaceFans understands the latest rules change has come about as a result of questions raised by some teams over the speed with which Red Bull, among others, have completed certain pit stops this year.

https://jalopnik.com/pit-stops-in-formula-1-will-likely-get-a-little-slower-1847168913
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1249
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #463 на: Јуни 25, 2021, 19:17:24 pm »
Кај и да е сега ќе се пожалат дека       Пирели се криви.
The world holds two classes of men - intelligent men without religion, and religious men without intelligence.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49546
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2021
« Одговори #464 на: Јуни 26, 2021, 21:53:38 pm »
Ботас пошто е казнет 3 места, му дозволија да вози побрзо од својот тимски колега.

« Последно менување: Јуни 26, 2021, 22:00:44 pm Deni »