14.10.2022:Астрата беше на комплетна проверка.
-Компресија ок.
-Кочници ок.
-Глицерин ок.
-Антифриз ок.
-Амортизерите се нови.
-Предница ок.
-Свеќици ок.
-Бомбина ок.
-Каиши ок.
-Алтернатор ок.
Потоа беше на автоелектричар и проверена е цела инсталација од аирбагот, нема прекинат кабел и никаде нема отпорник.
Остана уште да извадам резервен клуч со далечинско бидејќи резервниот што ми го дадоа е обичен, односно може само да се отклучи колата со него и понатаму да ја средам клапната за рециркулација на воздух во кабина.
Може и да отиде на продажба, зависно од цената која би ја понудиле.
