Автор Тема: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision  (Прочитано 9082 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 844
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #30 на: 14 Октомври 2020, 19:50:55 pm »
Нешто што го занемаруваме сите е долготрајноста т.е. квалитетот на моторот. Бидејќи е поддимензиониран и исфорсиран, мислам дека нема да тера долго, ама најдобро е да почекаме некој паталец кога ќе помине 150 000 км да каже дали и какви проблеми имал
Веќе имаш 10тина години екобуст 1.0 со преку 200.000км поминато и никој се нема пожалено на глобално ниво дека моторот бил неиздрлжив. Некако корелација мал мотор = мала издрлживост не иде.
Еве од клабериве ако има некој со бензинец турбаш нека сподели...

Долго време возев 1.4 Т-ЈЕТ со 150 а покасно направен на 175. 170.000 немал проблем. И сеуште нема. А верувај газен до даска...
Проблеми се знае кои мотори имаат. Тие што содржат Д во ознаката.
Добро ти е ова

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4918
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #31 на: 14 Октомври 2020, 21:27:34 pm »
Tce браќа,  од Рено, Турбо бензин плин... Битола меганите 3ки државни  во EVN. ги отепаја по 300/400ккм на плин со силовање од шоферите.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #32 на: 15 Октомври 2020, 08:02:46 am »
Нормално дека се преувеличува проблемот со гареж кај мотори со директно вбризгување. Сите дизели со декади веќе се со директно вбризгување, тераат по 500.000км и после ги носат во Македонија и трети држави да поминат уште толку. Исто и со бензинциве. Највеќе се дига фама по амерички форуми, пошто ако не е форд 5.8 атмо секој друг мотор да ти бил многу комплициран за одржување. И ќе се најде чат пат некоја форумска легенда да си тропне нешто од време на време ама лично искуство нула. И после гареж.... е гареж.

Отсутен Dime_406

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #33 на: 15 Октомври 2020, 13:59:27 pm »
Го возам истиот мотор во Stonic веќе 9 месеци. Перформансите се сосема доволни и убаво повлекува за секојдневна употреба, само треба да си над 1500 обртаи и да вратиш 1-2 брзини подоле. На автопат на 125кмх врти на 3000 обртаи во 6та.
Очекував малку помалку да троши за првиве 4500км просек околу 8.5л ама пак е драстично помалку од Peugeot 406 2.2 158кс бензин што ја возев претходно околу 13л, а перформансите при секојдневно возење се скоро неприметни само на поголеми брзини е поспор, а тоа не ми е битно бидејќи се вози најмногу во град.

Инаку убав е Xceed-ов за тие пари иако би одел на 1.4tgdi, само кога го земавме  Stonic-от не ми влегуваше во буџет.

Sent from my SM-G970F using Tapatalk


Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 271
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #34 на: 15 Октомври 2020, 14:28:23 pm »
ете така некој од лично искуство искрено да си каже, а не тука бајачки изиграваме  ;D ;D ;D

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1275
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #35 на: 15 Октомври 2020, 17:19:52 pm »
Нешто што го занемаруваме сите е долготрајноста т.е. квалитетот на моторот. Бидејќи е поддимензиониран и исфорсиран, мислам дека нема да тера долго, ама најдобро е да почекаме некој паталец кога ќе помине 150 000 км да каже дали и какви проблеми имал
Веќе имаш 10тина години екобуст 1.0 со преку 200.000км поминато и никој се нема пожалено на глобално ниво дека моторот бил неиздрлжив. Некако корелација мал мотор = мала издрлживост не иде.

Па и атмо дизелите беа на времето 1.9 со 55-60КС, па преминаа на турбо варијанти и фала богу ниќто не им фали

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #36 на: 27 Јануари 2021, 17:00:47 pm »
Навика е. Предрасуди. Како сакаш наречи го феноменот.

Денес го пробав 1.0 моторов во хсеед и многу ме разочара.  Споредено со 1,6 атмосферецот во елантрата на брат ми далеку полош за возење е овој 1.0 . Колава не вреди ни да се погледне со тој 1.0 мотор.
Друго разочарување дојде од киа моторс кои не го нудат веќе 1.4 моторот. Моментално единствена понуда е само овој 1.0
А колата инаку си вози сосема ок во поглед на амортизација ама едно големо големо НЕ за моторот.
Најавуваат некој нов мотор 1.5 со 160 коња но немаат никакви информации кога би стигнал и која цена би бил.
« Последно менување: 27 Јануари 2021, 17:10:02 pm kimi makedonski »

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #37 на: 27 Јануари 2021, 17:13:54 pm »
Навика е. Предрасуди. Како сакаш наречи го феноменот.

Денес го пробав 1.0 моторов во хсеед и многу ме разочара.  Споредено со 1,6 атмосферецот во елантрата на брат ми далеку полош за возење е овој 1.0 . Колава не вреди ни да се погледне со тој 1.0 мотор.
Друго разочарување дојде од киа моторс кои не го нудат веќе 1.4 моторот. Моментално единствена понуда е само овој 1.0
А колата инаку си вози сосема ок во поглед на амортизација ама едно големо големо НЕ за моторот.
Најавуваат некој нов мотор 1.5 со 160 коња но немаат никакви информации кога би стигнал и која цена би бил.
Не го нудат 1.4 атмо?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #38 на: 27 Јануари 2021, 17:16:27 pm »
Навика е. Предрасуди. Како сакаш наречи го феноменот.

Денес го пробав 1.0 моторов во хсеед и многу ме разочара.  Споредено со 1,6 атмосферецот во елантрата на брат ми далеку полош за возење е овој 1.0 . Колава не вреди ни да се погледне со тој 1.0 мотор.
Друго разочарување дојде од киа моторс кои не го нудат веќе 1.4 моторот. Моментално единствена понуда е само овој 1.0
А колата инаку си вози сосема ок во поглед на амортизација ама едно големо големо НЕ за моторот.
Најавуваат некој нов мотор 1.5 со 160 коња но немаат никакви информации кога би стигнал и која цена би бил.


Не се согласувам, ама добро, не мора да се согласиме. Плус, споредбата во KIA би била со 1.4 атмосферецот со 90/100 коња.

Еве, Џон од Австралија има одлично (и тазе, баш вчера го гледав) видео за 1.4 атмос и 1.0 турбо-бензинец на KIA.


Од 13:00 па натаму. Одлично и разбирливо ги објаснува работите.

Од искуство, со задоволство би го препорачал 1.0 T-GDI со 120 коња и во Ceed и во Xceed. Сум возел и Xceed со 1.4 турбо-блејзин и сум возел и Proceed GT со 1.6 турбо-блејзин, а пред тоa и Ceed со 1.0 турбо-бензинчето и Ceed со 1.4 атмос - и од искуство, атмосферецот треба (требаше, среќа веќе воопшто го нема) да се заобиколи со шиииииииииииирок лак.

Не го нудат 1.4 атмо?

Не, ќути, среќа.
« Последно менување: 27 Јануари 2021, 18:42:54 pm zeroSignal »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6476
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #39 на: 27 Јануари 2021, 17:40:25 pm »
Трицилиндри мотор, му опнале турбина и го монтирале во Сув...0-100 за 11 секунди  ;D Точак, ама тоа е модерно денес.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #40 на: 27 Јануари 2021, 17:54:47 pm »
Боље од 13.8 секунди во атмо срање од 1.4 или 1.6 и њутн метри доволни за да забрзаш на удолница како што треба. Меѓуубрзување не постои.

Или подобро срочено од ова амин

Цитат
Очекував малку помалку да троши за првиве 4500км просек околу 8.5л ама пак е драстично помалку од Peugeot 406 2.2 158кс бензин што ја возев претходно околу 13л, а перформансите при секојдневно возење се скоро неприметни само на поголеми брзини е поспор, а тоа не ми е битно бидејќи се вози најмногу во град.

2.2 вс 1.0

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8783
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #41 на: 27 Јануари 2021, 18:25:58 pm »
Мислам дека во перформанси за секојдневно користење, 1.0 турбо и 1.6 атмо нема разлика некоја. Можеби ако се користи само во град дефинитивно 1.0 турбо е подобра опција

Јас искрено ептен бев задоволен од 1.6  на Елантрата а доста на отворено возев. Сакаш да престигнеш 2 брзини доле и гас.

Да се разбереме турбо бензин е супер ама Нешто со 150кс. А овие 1.0 мислам дефинитивно од 1.4 со 80кс е подобар ама толку.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #42 на: 27 Јануари 2021, 18:28:47 pm »
Па тоа е муабетот, повеќе од достојна замена за 1.4 атмо. Јас и сега кога претекнувам при брзини над 90 цепам 1 или 2 брцини надоле и гас, што ако е турбо...А друг е моментот што при крузање на 120 турбо бензинецот ќе биде потивок поради пониските обртаи.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #43 на: 27 Јануари 2021, 18:37:02 pm »
Лани откако го возев 1.0 екобуст во Фокусот сакав да го пробам и 1.0 турбо во Сидот за да направам споредба, но се заборавив.

Според мене 1.0 со турбо е одлична замена за 1.4 атмо ако се немаат преголеми очекувања.

Екобустот низ град со леснотија се движи, не дека 1.4 атмо ќе се мачи, но потрошувачката е за минимум 1 литро помала кај 1.0.

На отворено со 1.4 атмо при 120 во 5та брзина стиснав да забрзам, многу споро забрзуваше, не па во 6та брзина.
Со 1.0 екобустот при 120 во 6та беше исто како 1.4 во 5та, но во 5та се осети поголема живост, ако некој очекува ракета ќе се излаже.

Во главни црти, 1.0 турбо е поекономичен со минимум 1 литро дали град, дали отворено.
На отворено пак  моторот работи на пониски вртежи што го прави попријатно патувањето споредено со 1.4 атмо.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: KIA Xceed 1.0 T-GDI 120 Vision
« Одговори #44 на: 27 Јануари 2021, 20:11:13 pm »
Навика е. Предрасуди. Како сакаш наречи го феноменот.

Денес го пробав 1.0 моторов во хсеед и многу ме разочара.  Споредено со 1,6 атмосферецот во елантрата на брат ми далеку полош за возење е овој 1.0 . Колава не вреди ни да се погледне со тој 1.0 мотор.
Друго разочарување дојде од киа моторс кои не го нудат веќе 1.4 моторот. Моментално единствена понуда е само овој 1.0
А колата инаку си вози сосема ок во поглед на амортизација ама едно големо големо НЕ за моторот.
Најавуваат некој нов мотор 1.5 со 160 коња но немаат никакви информации кога би стигнал и која цена би бил.
Не го нудат 1.4 атмо?

Не го нудат 1.4 турбото со 140 коња. Ниту оној 1.6 турбо што беше околу 200 коња. Моментално единствена понуда е 1.0 турбото со 120 коња во киа моторс за сеед и хсеед во македонија. За мене овој мотор беше едно големо разочарување.
Не разбирам како може да имаш возило кое е доста коректно а единствен мотор во понудата да ти е трицилиндерски 1.0. Пукање у колено од страна на киа македонија.
До таму ја возев елантрата 2019 година 1.6 атмосферец  од брат ми и едноставно овој мотор во киата е полош од тој на елантрата. Па нека има и 10 турба ако сака. Не вози добро за моите критериуми и затоа ќе го заобиколам. Ако у меѓувреме го донесат тој 1.5 што го спомнаа и е со конкурентна цена ќе видиме.
« Последно менување: 27 Јануари 2021, 20:19:21 pm kimi makedonski »