Автомобили > Половни Автомобили
Носење половно возило од Германија
karpalak:
Здраво, доколку некој може да ми ја објасни детално процедурата за носење возило од Германија. Планирам да земам BMW 118d 2007+, ама знам дека пред скоро време се смена законот за царинење и не знам како да ги пресметам трошоците отприлика...
Исто така разбрав дека некои документи треба да ги извадам уште таму..
Значи доколку има некој расположен за објаснување нека повели :D
Што треба да направам Германија, а што откако ќе стигнам кај нас?
Фала однапред!
Bauer:
Рачунај 1100 1200 евра имаш давачки
Од таму ти треба
Оригинален договор со продавачот
Извозна декларација
Еур1 ако ти дадат за да платиш царина 1%, наместо 5.
Цол табли осигурување зелен картон за 1 месец
На последната Европска граница на царина да ти удрат печат дека излегуваш од европа.
Во Македонија на влез ќе им кажеш дека увезуваш кола и знаат тие, ќе те упатат на вага и царина, ќе ти треба еден шпедитер да ти ги среди документите тука на граница( има тука 100 шпедитери, гледај да не те заколат цената е од 100-1500ден)
Утредента пак шпедитер во Скопје или кај живееш ќе бараш да ти ја царини. Ќе платиш царина и после одиш на хомологација во технички преглед псс.
Од прилика вака
Sent from my SM-G973F using Tapatalk
Simo - Carrier159:
--- Цитат: karpalak на 15 Јули 2020, 20:02:04 pm ---Здраво, доколку некој може да ми ја објасни детално процедурата за носење возило од Германија. Планирам да земам BMW 118d 2007+, ама знам дека пред скоро време се смена законот за царинење и не знам како да ги пресметам трошоците отприлика...
Исто така разбрав дека некои документи треба да ги извадам уште таму..
Значи доколку има некој расположен за објаснување нека повели :D
Што треба да направам Германија, а што откако ќе стигнам кај нас?
Фала однапред!
--- Крај на цитатот ---
Мене @Luki Junior ептен ми помогна со совети, на два-три пати го испозамарав, и поминав како што ми кажа. Од тогаш поминаа 5 години, пивото што му го дужам со камата 2 гајби станаа, не знам дали моето искуство е сеуште валидно после 5 години, но генерално е:
- одиш во Германија, купуваш кола, со газдата одите во локалниот „АМСМ“, таму ја поништувате неговата регистрација, вадиш цол табли и земаш осигурање по желба, 7дена, месец дена, 3 месеци... на твое име.
Со документите си возиш до МК, тука доаѓаш на граница, одиш у „трафиките“ што се за шпедиција, ти прават документи за царинење, ја носиш колата на царински терминал на граница. Таму кажуваш дека ќе ја цариниш во Скопје (или твое место по желба), и ти даваат туце документи, со кои во рок од 24 часа треба да се јавиш во царински терминал во местото кај што си кажал.
Потоа следи процедура на одредување на тарифи и давачки, кои ќе си ги платиш, и потоа те упатуваат на технички преглед.
Откако ќе отидеш на технички, те прашуваат дали имаш C.O.C. документ за сообразност, доколку имаш, брзо ќе ја поминеш онаа процедура што ја викаат „хомологација“. Доколку немаш, техничкиот (во мојот случај ПСС), ќе ти објасни, или ќе се погрижи за соодветна надокнада да го добиеш.
Откако ќе помине хомологацијата, и си платил 30-тина%+ од вредноста на возилото, веќе си спремен за таблици...
Накратко тоа е...
MecheTo:
Samo so sega vo vreme na Korona nemozis da izvadis zoll tabli na normalen nacin ke mora da cekas nekolku dena za termin.
Ima i druga opcija,no toa vazi ako kupuvas kola vo blizina na Holandija.
Astraion:
Накратко моите давачки за BMW 318d 2007 во Мај 2018 кога другар ми ја пазари од Келн: 5-600 евра за еднократни трошкови/цол месец дена/Еур1 и доле (преку Богородица) на царина 1850евра дека е 2007. Ако беше ~2006 ќе беше околу 600 евра поевтина. Ќе излезеше поскапо за 150 евра оти имам адаптивни ксенонки (Angel Eyes) и шибер (овие ги сметале во луксузна опрема), ама другар ми што ја донесе од горе ме поштеди, со негови врски.
За Еур1 особено за BMW горе треба да си многу упорен низ BMW дилерските куќи, оти не го даваат лесно.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија