Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 148406 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2563
  • Слобода или смрт
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1335 на: 22 Август 2023, 10:32:03 am »
Глупо е да се генерализира ново или старо. Ако така гледавме јас имав нов спарк кој до 50к имаше посериозни проблеми (два пати качен на шлеп поради скината сајла за кумплуг)  отколку цивик кој го земав на 150к и му навртев над 50к за две години без никаков проблем.

Побитно е човек да знае да пресече кога една кола е исплатливо да се прави а кога да се продаде.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1336 на: 22 Август 2023, 10:42:44 am »
И јас би сакал нова кола, само кажете ми како најлесно се гладува во темница со исклучена струја :) пробав еднаш, ми се снеарни после 2 и пол дена.

Купување на ново возило е прилично голем, напреден финансиски чекор, и математиката (моја, зошто сличен к*р јадам како @balanar поради мојата перфекционистичка природа) вика дека месечно ми требаат 250 евра за рата за станот, 120 евра за сметките за истиот, и околу 200 евра за рата за новата кола и гориво околу 50тина евра месечно, невклучувајќи го сервисот од речиси 200 евра и задолжителното каско од 350тина евра годишно.

Математиката ќе ве оставам да ја направите сами, бидејќи јас неколку пати сум ја правел и некако не можам да ги сврзам првиот и последниот ден од месецот.

Во поглед на одржување старо возило, трошоците генерално ги предвидувам и планирам со месеци однапред бидејќи си ја знам колата, освен нели непланирани дефекти, и обично се движат далеку под тие 200 евра за задолжителната месечна рата за новото возило.

На крај, ако смеам народски да се изразам, се сведува на "не е скапа новата кола, лошо се имаме оженето" :)

Затоа мене ми е политиката на "нема компромис" со ова или она што некогаш се фура на форумот, небаре само тоа е единствен трошок во месецот.
Не би сакал да те "дотепам" со муабетов ама утреден овие трошоци би ти изгледале смешно кога би бил семеен човек ;D
Му ја "решивме" темата, ова може да оди во рубриката, како да се преживее од 1 до 1 :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2072
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1337 на: 22 Август 2023, 10:51:02 am »
На игнор ми е Микиус/Ботиус со месеци, приморан сум да го читам овде пошто го цитирате. Човеков е неарен малку.

Делови од туѓи коли = црево за антифриз.
Се е кажано.
« Последно менување: 22 Август 2023, 10:59:28 am balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1338 на: 22 Август 2023, 11:04:25 am »
Црево од Голф си бапнал, а тие пред тебе крпеле ли крпеле.

Убаво рекоа пред неколку години, на толку бирање крш одбра :D

Сега продолжи да ме игнорираш, јас никого не сум му се налутил па можам да се обраќам секому ;)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6586
  • French diamond
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1339 на: 22 Август 2023, 11:09:49 am »
Истите проблеми ќе ги имаш на двете Хјундаи-а после 150К, да знаеш. Не е до колата, едноставно стареат деловите.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17308
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1340 на: 22 Август 2023, 11:11:53 am »
Затоа мене ми е политиката на "нема компромис" со ова или она што некогаш се фура на форумот, небаре само тоа е единствен трошок во месецот.
Не би сакал да те "дотепам" со муабетов ама утреден овие трошоци би ти изгледале смешно кога би бил семеен човек ;D
Му ја "решивме" темата, ова може да оди во рубриката, како да се преживее од 1 до 1 :)

Тогаш ќе ми се соединат приходите до госпожа, ќе се купи нешто со 300 коња па нека му ја мисли она ;D вака сам не се постигнува - и стан, и нова кола, и живот.

@kimi makedonski 20.000 километри за 2 години, македонски просек. Не работам во бугарија, продадовме се што имавме во родниот град па помалце возам натаму, и така. Генерално во Скопје и за патување кон поубави дестинации се користи колата.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6120
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1341 на: 22 Август 2023, 11:14:31 am »
Нема гајле, тоа црево и на Урус се користи.

Заебано е петтиот газда со мустра ко ќе оди делови да бара како шо бараат некои продавници.  ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2563
  • Слобода или смрт
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1342 на: 22 Август 2023, 11:45:30 am »
Црево од Голф си бапнал, а тие пред тебе крпеле ли крпеле.

Убаво рекоа пред неколку години, на толку бирање крш одбра :D

Сега продолжи да ме игнорираш, јас никого не сум му се налутил па можам да се обраќам секому ;)

Мислам дека ако реши да ја продава и пише дека има делови од голф повисока цена ќе извади. :D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2563
  • Слобода или смрт
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1343 на: 22 Август 2023, 11:48:29 am »
Затоа мене ми е политиката на "нема компромис" со ова или она што некогаш се фура на форумот, небаре само тоа е единствен трошок во месецот.
Не би сакал да те "дотепам" со муабетов ама утреден овие трошоци би ти изгледале смешно кога би бил семеен човек ;D
Му ја "решивме" темата, ова може да оди во рубриката, како да се преживее од 1 до 1 :)

Тогаш ќе ми се соединат приходите до госпожа, ќе се купи нешто со 300 коња па нека му ја мисли она ;D вака сам не се постигнува - и стан, и нова кола, и живот.

@kimi makedonski 20.000 километри за 2 години, македонски просек. Не работам во бугарија, продадовме се што имавме во родниот град па помалце возам натаму, и така. Генерално во Скопје и за патување кон поубави дестинации се користи колата.

Немој никогаш тогаш да си ја продал алфата ако успеваш со 50 евра месечно да поминеш 800км претежно низ скопје и чат пат за поубави дестинации.
малтене џабе возиш и со разликата си ги покриваш сите пари што ги лупна за поправки за тие 20к километри на колата

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17308
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1344 на: 22 Август 2023, 11:55:59 am »
Така е, браво на прекрасните заклучоци, од секогаш сум се восхитувал на твојата моќ на запазување ❤️

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3264
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1345 на: 22 Август 2023, 12:07:23 pm »
Нова кола и Леон од 5,6к евра, споредбата не е баш на место. Оди купи нова, мочана Фабија 20к евра ја направија а пред 3 години Голф 7 ца пишаа дека се зимаше, дизел. Лакомоста на производителите и дилерите кај нас направи да и тие што некогаш можеле да купат нова кола, сега бараат само половна.

Провери цени на нови коли во Хрватска и Македонија, особено VW, Skoda, Seat. До пред некој година во Хрватска секој модел беше 2,3к евра поскап, а сега се поевтини за 2,3к евра,минимум !

Па сега извлечете заклучок, додатно Хрватска ако не се лажам имаат 25% ДДВ на возила. Фактот е дека македонските импортери станаа прелакоми, да можеа Фабија 1.0 МПИ 30к евра ќе ја продаваа, а сигурно ја набавуваат за 13,14к евра.

Фала богу половните коли почнаа да паѓаат ценовно,па пак ќе има избор што да се купи.
Баш сега споредував цени со Хрватска за Шкода, понудата од тука и таа од Хрватска со 1-2% разлика, со тоа што кај нас основните нивоа на опрема се "побогати" за некои работи од нивните.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2072
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1346 на: 22 Август 2023, 12:15:56 pm »
Баш сега гледам во Fuelio:

180.000 денари дадени за буквално сите зафати (механички, мали/голем сервис/и, козметички и естетски, гуми) и купени работи откако ја купив.
49.000 денари дадени за 3 регистрации (полиса, технички, годишен зелен картон).
9.500 денари дадени за 3 осигурувања на пат Vozzi
----------------------------------------------------------------
Просечно 79.500 денари годишно (без гориво).

Поминати 49.690km за 3 години.
----------------------------------------------------------------
Просечно 16.560km годишно

4.8 денари просечна давачка по километар (без гориво) во период од 3 години

Не знам за вас, мене 5 денари по изминат километар за да имаш сосема технички исправно и визуелно зачувано возило (старо 10-13 години) ми е сосема во ред.
« Последно менување: 22 Август 2023, 12:27:48 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1347 на: 22 Август 2023, 12:34:22 pm »
Поздрав од неарниот кој те спаси од замаец купуење на времето

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,24282.msg1162956.html#msg1162956

Цитат
Кога отидов кај вториот електричар, колата не запали пред него 10 пати од 15.
Рече дека алансерот не ни врти воопшто како што треба (кога не пали), а спомна дека не слуша никакво тропање од замаецот.
Kако што спомна и @Mikius , мора утре да се извади и да се види алансерот (а со тоа и бендексот) со голо око, а не на слушање.
Утре сабајле рече да ја однесам, да ја средил, па ќе видиме. Се мислам нека го направи и алтернаторот додека чепка...

И како што реков, раат не се купува со пари, А побелените коси се неповратни :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1348 на: 22 Август 2023, 13:00:39 pm »
Микиус што работите, ти и сопругата, па да ти елаборираме за ново/ново. Освен ако немате стари пари или продаден имот.

Еве ти пример.
Двајцата работиме во фабрика. 27к плата, 3 смени. Вкупно 55к.
15к - рата за стан.
6/7к - сметки стан/одржување влез.
10к - храна.
Ова ти се фиксни трошоци. Сакал нејќел, мора да јадеш и плаќаш сметки.

Сега од други трошоци (варијабли) : Облека, гости идими/дојдими, за нафта околу 4/5к денари, за дома некоја дрангулија, па и некоја техника за станот ако ти затреба.
Сакал нејкел, не секој е во можност да купи нова кола. Како што не секој ќе биде директор, мора некој и амал да е.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6120
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1349 на: 22 Август 2023, 13:27:40 pm »
Поправено  ;D

Баш сега гледам во Fuelio:

180.000 денари дадени за буквално сите зафати (механички, мали/голем сервис/и, козметички и естетски, гуми) и купени работи откако ја купив.
49.000 денари дадени за 3 регистрации (полиса, технички, годишен зелен картон).
9.500 денари дадени за 3 осигурувања на пат Vozzi
1000ден ручек @Mikius за замаецот