Автор Тема: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин  (Прочитано 995 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #15 на: 10 Март 2024, 15:20:00 pm »
Што бидна со колата?

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #16 на: 21 Март 2024, 03:07:34 am »
Што бидна со колата?

За среќа најдов човек што се занимава со продажба на GM делови на старо/ново, ги купив потребните црева од него (истите кои што требаше мојата кола да ги има, но поради некоја непозната причина ги немаше), со помош на автомеханичар вметнавме таму каде што треба и сега се си е океј.  :)

Нешто што ми е тотално нејасно, е тоа што самата инсталација на плин си нема никаква врска со отсуството на тие црева. Никогаш нема да дознаам зошто беше така оставен моторот да шмукува "див" воздух без причина, и притоа толку да биде запоставен моторот од страна на човек кој што најнормално редовно ја возел - почнува глава да ме боли кога размислувам за тоа.  :D

Со помош на андроид апликација наречена Fuelio, дознав дека колата ми троши 12.2 литри градска (плин). Ваљда тоа е очекувана потрошувачка кога колата работи на плин?

Имам уште еден проблем кој што не знам дали е голем или мал, но прилично иритирачки. Секогаш кога доаѓам до ситуација кога треба да запрам со колата, дали на пешачки, раскрсница, семафори итн... доколку кумплунгот го претиснам наеднаш (ако колата вози на плин во моментот), моторот едноставно се гасни, и морам повторно да го запалам. Тоа не ми се случува кога возам на бензин. Затоа сум приморен при запирање, кумплунгот да го притискам полека и нежно, се додека не го притиснам до доле.
Не знам што е проблемот, бев веќе кај сервисер за плин и неговото објаснување беше дека причината била староста на моторот, и дека немало некое решение. Јас пак мислам поинаку - можеби сум грешка, ама мора да постои некое решение. Се возев во Seat Leon 2007 (63kw) на еден мој пријател, и истиот автомобил има поминато над 200.000км на плин и го нема тој проблем. Едноставно автомобилот си вози како што треба, не прави чудни звуци.

Исто така, размислувам да ги менувам и свеќиците, па да видам дали и тоа би можело нешто да подобри околу однесувањето на моторот.
И како за крај, сега во април за прв пат ќе ја регистрирам во моја сопственост.  :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3444
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #17 на: 21 Март 2024, 06:39:13 am »
За 1.2 не е нормално да троши 12 плин и исто така не е нормално да ти гаси на семафор. Отиди на плинар

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10033
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #18 на: 21 Март 2024, 07:27:35 am »
Има еден штос
Ако работи на бензин убаво но не и на плин, логично ќе рече човек дека е до плинскиот уред, ама штосот е во тоа што плинот е поосетлив на некоја неправилност (кабли, свекици, карбуратор, филтер итн).
Затоа плинарите велеа дека се мора да биде беспрекорно за да работи убаво на плин, па затоа неретко се случуваше да те вртат во круг електричари, механичари, плинари :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5627
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #19 на: 21 Март 2024, 07:40:44 am »
Во овој крај нема плинари,колите на плин може на рака да се избројат.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #20 на: 21 Март 2024, 09:16:06 am »
Менување свеќици на 20.000км и тоа квалитетни и кабли најдобри на пазар што ќе најдеш.