Автор Тема: Данок на возила и субвенции за електрични возила.  (Прочитано 7050 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6554
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #15 на: Јули 03, 2020, 20:56:15 pm »
Последното, тоа е муабетот.

Може и субвенциониран рент а кар за одмор за фамилии со пониски примања.

Значи тие што имаат највеќе пари ќе имаат субвенциониран рант-а-кар :D . Зошто и картичкиве од владава за помош ги земаа сите газди на фирми и луѓе од нивната фамилија (Тие се пријавени на минималец). Другите нормални луѓе што зимаат нормална плата од 20-45.000 денари не земаа ништо, а реално имаат многу реални примања од тие со 14.500.

Саше, можеби не се објаснив добро.

Мене цела оваа финансиска инекција ми беше некако не доволно таргетирана. Како што кажуваш добија пари и тие што треба и тие што не треба.

Али, тоа е проблем на државните институции. Немаат квалитетни бази на податоци. Не се институционално поврзани. Немаат кадар кој тоа да го направи. На крајот, немаат ни интелект.
Што очекуваш кога обично цели фамилии се во администрација. Кој да им каже како е во пракса, како е во приватен сектор.
1 картичка за изработка на банките чини 10е. 300к се изработија. За што? Купување домашни производи, велат. А каде е опортунитетниот трошок?
Ама на тв сите се расфрлаат со пари, еве се грижеле. Парите што ќе ги враќаат нашите деца, они ни ги даваат небаре од нивни џеб да враќаат.

Да имавме современ систем, со податоци какви што треба,за еден ден ќе се направеше се. Нека се направи минимално ниво за месечен трошок, пример за 1 човек што живее сам, 20к, за 2 25к, за 3 30к, за 4 35к итн. Сите што се во иста фамилија а имаат помали примања да добијат износ до минималниот, тие над нема да добијат.
Ама у држава што неможе попис да спроведе, нема квалитетни информации и затоа нема добро таргетирани социјални бенефиции.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33057
  • Таков е животот... јебига
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #16 на: Јули 03, 2020, 21:53:50 pm »
Златен комунизам. Државата да се заангажира 75% од луѓето да имаат кола не постара од 8 години и не поскапа од 10.000 евра, така татковината ќе свети ко злато, еби европска унија, еби го НАТО.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3094
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #17 на: Јули 04, 2020, 02:23:45 am »
Последното, тоа е муабетот.

Може и субвенциониран рент а кар за одмор за фамилии со пониски примања.

Значи тие што имаат највеќе пари ќе имаат субвенциониран рант-а-кар :D . Зошто и картичкиве од владава за помош ги земаа сите газди на фирми и луѓе од нивната фамилија (Тие се пријавени на минималец). Другите нормални луѓе што зимаат нормална плата од 20-45.000 денари не земаа ништо, а реално имаат многу реални примања од тие со 14.500.

Саше, можеби не се објаснив добро.

Мене цела оваа финансиска инекција ми беше некако не доволно таргетирана. Како што кажуваш добија пари и тие што треба и тие што не треба.

Али, тоа е проблем на државните институции. Немаат квалитетни бази на податоци. Не се институционално поврзани. Немаат кадар кој тоа да го направи. На крајот, немаат ни интелект.
Што очекуваш кога обично цели фамилии се во администрација. Кој да им каже како е во пракса, како е во приватен сектор.
1 картичка за изработка на банките чини 10е. 300к се изработија. За што? Купување домашни производи, велат. А каде е опортунитетниот трошок?
Ама на тв сите се расфрлаат со пари, еве се грижеле. Парите што ќе ги враќаат нашите деца, они ни ги даваат небаре од нивни џеб да враќаат.

Да имавме современ систем, со податоци какви што треба,за еден ден ќе се направеше се. Нека се направи минимално ниво за месечен трошок, пример за 1 човек што живее сам, 20к, за 2 25к, за 3 30к, за 4 35к итн. Сите што се во иста фамилија а имаат помали примања да добијат износ до минималниот, тие над нема да добијат.
Ама у држава што неможе попис да спроведе, нема квалитетни информации и затоа нема добро таргетирани социјални бенефиции.

Добро те сфатив Олмајти, не мислев ништо против тебе. Сосема коректно ти е напишаното и се слагам во потполност дека треба да се субценционираат при купување на ново возило фамилии или лица со помали примања, млади брачни парови, студенти.... што и да е.

Онака на шала пишав дека пак ќе земат најбогатите, зошто до сега од картичкиве забележав само две работи. Тепачки и караници пред банките што се случуваат за зимање на картичките и владее страшно непочитување на протоколите при таа гужва со што постои голема можност да се инфицира некој и дека многу луѓе што се сопственици на фирма си земаа по 9000 денари (6000 + 3000) заради тоа што се пријавени на минималец. Ама ептен многу луѓе со одлични примања и сосема солиден квалитет на живот си земаа од картичките кој беа наменети за сиромашни лица со што секое натамошно субвенионирање на нешто ми ја губи смислата. Особено после ова со картичкиве. Н
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51932
  • Махер
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #18 на: Јули 04, 2020, 08:21:33 am »


75% од луѓето да имаат кола не постара од 8 години и не поскапа од 10.000 евра, така татковината ќе свети ко злато

Така е. Затоа и субвенција на колите до 12000еур. Решено.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8544
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #19 на: Јули 04, 2020, 08:36:44 am »


75% од луѓето да имаат кола не постара од 8 години и не поскапа од 10.000 евра, така татковината ќе свети ко злато

Така е. Затоа и субвенција на колите до 12000еур. Решено.
За тоа ќе треба некој да крене поглед во далечина за наредни 10 години, а не од избори до избори.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51932
  • Махер
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #20 на: Јули 04, 2020, 08:50:35 am »


75% од луѓето да имаат кола не постара од 8 години и не поскапа од 10.000 евра, така татковината ќе свети ко злато

Така е. Затоа и субвенција на колите до 12000еур. Решено.
За тоа ќе треба некој да крене поглед во далечина за наредни 10 години, а не од избори до избори.
Така е, има шанса не дека не.

1000еур субвенција за секој крш постар од 10 години смачкан во преса. Треба да доставиш клипче од пресата како ја гмечи колата и јавно да е достапно секое видео.
Субвенцијата важи за нови возила до 12000 евра.
Максимум 3000еур може да се субвенционираат за една нова кола.

За ова да биде 3те денари на литро бензин од 01.01.2021 ќе се пренасочат во оваа цел, наместо да се намалат.

Решен проблем.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #21 на: Јули 05, 2020, 19:18:15 pm »
Прво поважно да се воведе еден строг технички како MOT во UK и одма ќе се средат кршовите. Пола коли се со ќелави гуми расипани aliexpress ледови искривена геометрија на тркала итн...

Прво да се исчисти тоа, па да се поднови возниот парк, па тек тогаш таман ќе поефтинат електричните и може тогаш малку да мислиме на електрични субвенции.

Сега реално никаква придобивка нема да има 99.999% од македонското население од субвенции за електрични возила. Парите може многу попаметно да се искористат.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51932
  • Махер
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #22 на: Јули 05, 2020, 19:46:48 pm »
Прво поважно да се воведе еден строг технички како MOT во UK и одма ќе се средат кршовите. Пола коли се со ќелави гуми расипани aliexpress ледови искривена геометрија на тркала итн...

Прво да се исчисти тоа, па да се поднови возниот парк, па тек тогаш таман ќе поефтинат електричните и може тогаш малку да мислиме на електрични субвенции.

Сега реално никаква придобивка нема да има 99.999% од македонското население од субвенции за електрични возила. Парите може многу попаметно да се искористат.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
Каде ќе го воведеш тоа? Во центар и карпош? Или во Боговиње и Теарце? Нема теорија да се спроведе во реалност. Еве почнаа да стегаат технички по мааааалкуцка и губат клиенти одма. Ќе оди 3км понатака и ќе помине.

Да бидеме реални. Само спроведливи работи се битни. Инаку во право си. Кога би било спроведливо тоа е добра работа, за увезените р'ѓи да се компактираат.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #23 на: Јули 05, 2020, 20:23:33 pm »
Не е воопшто тешко да се спроведе затоа постојат инспекции.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27834
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #24 на: Август 17, 2020, 09:41:38 am »
Shoppers have swarmed virtual showrooms in Germany and France -- the region’s two largest passenger-car markets -- after their national governments boosted electric-vehicle incentives to stimulate demand. Their purchase subsidies are now among the most favorable in the world, according to BloombergNEF.

The state support is allowing Autohaus Koenig, a dealership chain with more than 50 locations across Germany, to advertise a lease for the battery-powered Renault Zoe that is entirely covered by subsidies. In the 20 days since it put the offer online, roughly 3,000 people have inquired and about 300 have signed contracts.

https://www.bloomberg.com/news/articles/2020-07-15/electric-car-subsidies-have-rendered-renaults-free-in-germany

--

Е вака се субвенционира. Се надевам дека и кај нас ќе се воведат некакви конкретни субвенции за електрични возила.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20342
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #25 на: Август 17, 2020, 10:50:37 am »
Штета што колата е тенекија, иначе понудата и принципот се закон.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27834
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #26 на: Август 17, 2020, 11:22:44 am »
Не знам, не сум возел Zoe, мада новото ми изгледа добро и не гледам причина да е полошо од Clio, да речеме. Понудата е мнооооогу добра.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20342
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #27 на: Август 17, 2020, 12:10:46 pm »
Прошлото, или бар тоа јас што го возев, беше полошо од Дачија Степвеј.

Многу лошо направено, многу лошо и евтино се осеќа внатре, а таа кола што ја возев беше 21000 евра (без одземени субвенции и слично) + 80 евра месечно за рентање на батерии.

За таа цена, ни на крај памет.

Со новава акција што ја тури ти, кај што викаат дека практично доаѓа за џабе да ги даваат, океј, за џабе би го земал, ама пари не би давал за тоа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27834
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #28 на: Август 17, 2020, 12:25:05 pm »
Еве го новото, мене вака ми изглеа џам.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20342
Одг: Данок на возила и субвенции за електрични возила.
« Одговори #29 на: Август 17, 2020, 13:32:24 pm »


Еве го тоа јас што го возев. Се надевам дека во новово сериозно се заангажирале за подобрување на квалитет на изработка.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.