Немам нова фотка за сега, денес нешто ситно успеав да завршам но генерално има некој план за натака.
Имено предните метални цевки за кочници од донорот беа премногу запечени не успеа ништо да ги ослободи и се откажав од вадење, среќа во гаража имав предна десна цевка која денес ја монтирав на кола. Останува уште предна лева да најдам. Имам од Голф 3 но не се исти предните така да ова ви е тек тип 😁. Е сега, до крај на неделава планот е да се спреми шасијата за фарбање и следна недела да се вапца. Во меѓувреме се спремаат и бандажите. Се надевам утре нема да заборавам да сликам.