@Sephiroth, и како после година ипол Свифт Хибрид? Потрошувачката како му се движи?
Од сервисот и поддршката на Миркат задовелен си?
Презадоволен од колата. Потрошувачката зависи од тоа колку ја стискам и од климата, ама не иде над 6.2 во град. Ако внимавам, знае да вози и 5.0-5.2. На автопат троши помалце, логично.
Првиот сервис ми помина релативно океј во Миркат, испаднаа 11000 километри, со тоа што ми го заменија и филтерот за воздух за +2000 денари, па сервисот испадна 7000+ наместо ветените 5000+. Мислам дека немаше потреба да се менува филтерот за воздух, ама мора да иде на сервис колата и да менуваат тоа што мислат, јебига. Кога ќе истече гаранцијата ќе ставам еден K&N филтер и мирна глава.
Штета што не ја носат оваа верзија на Свифтот веќе. Сега може да се купи само со послабиот мотор, што според мене е досаден малце. Прошлата недела се качував/симнував на Стража, немаше ич гужва, па си поиграв малку формула 1 во втора-трета. Греота е да не ја купи чоек со овој мотор.....