Автор Тема: BMW 335d e90  (Прочитано 43076 пати)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20053
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #120 на: 06 Септември 2021, 10:45:57 am »
А зошто да тураш лупи во твоите фарови кога има одлични фабрички фарови што може ретрофит да им се направи?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #121 на: 06 Септември 2021, 11:29:00 am »
Ако мислиш на BMW фабрички фар со ксенон, премногу е комплицирано да се изведе, покрај печењето, отварањето и лепењето за ретрофит на нови лупи, ќе треба да се реши некако и системот за нивелација. Фабричкиот ксенон на BMW има автоматска нивелација која повлекува плус 2 сензори монтирани на предна и задна осовина и сосема различен светлосен модул кој ќе треба да се програмира(венча) со останатите модули во колава.

Ги истражував и Depo и остали копии на каросерија мк, ептен се кинезарија, дистрибуцијата на светло од лупите е потпросечна и не се воопшто евтини. Сметам дека подобро е на моите кои пасуваат идеално и се изработени од квалитетни материјали да им ставам нови квалитетни лупи+DRL прстени.

Ако си начекал нешто интересно сподели линкче.


Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20053
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #122 на: 06 Септември 2021, 11:39:55 am »
Не мораш тоа за нивелација да го местиш ќе ги изгасат грешките на компјутер, а и не е проблем за некој што знае да го испрограмира ако веќе се наместат сензорите за нивелација.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11699
  • Архитект
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #123 на: 06 Септември 2021, 12:18:32 pm »
Убаво вика Хесус.
Ако цената е слична на половни оргинални со овие шо ќе отвараат. Подобро е оргинални. Па и поскапи да се оргиналните, се исплати.
Лесно се средува тоа за инсталацијата.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #124 на: 06 Септември 2021, 12:25:43 pm »
Стојат фабрички конектори празни за сензорите за нивелација? Има монтажни точки на рамо или каде и да се монтираат, кај тебе?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #125 на: 06 Септември 2021, 12:35:43 pm »
И јас сум секогаш за ОЕМ, но проблемот со е90 е што воопшто не е Plug n play како кај други коли. Точки за монтажа мислам дека има, а и да нема ќе ги врзеш со ziptie, арно ама кабли, конектори, светлосен модул(различен е од мојот) и сензори нема, тоа мора да се купи и монтира дополнително.

Нови ОЕМ(Hella/Marelli) ксенон фарови за е90 се околу 500еур парче и ги нема во МК, на ова треба да докупам сијалици, баласти, сензори и светлосен модул, да ја расклопам пола кола за да се монтираат сензорите и модулот и на крај да се програмира. А ако купам половни, секако ќе треба да им сменам лупи, баласти и сијалици(+300eur), премногу комплицирано и скапо. Да не го заборавиме фактот што никој во ШК нема да се нафати на ваков проект, а и да се нафати мене искрено би ми било страв некој да ми врзува жички и да ми програмира модули на лаптопче пред куќа.

Најевтино (350-400еур се комплет со работна рака) и наједноставно е да се шибнат квалитетни лупи во постоечките фарови, нема програмирање, нема дополнителни делови и си работи постоечката мануелна нивелација.
« Последно менување: 06 Септември 2021, 12:44:50 pm Molec »


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11699
  • Архитект
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #126 на: 06 Септември 2021, 12:57:01 pm »
Зошто на ксенон фарови да менуваш лупи?

https://www.e90post.com/forums/showthread.php?t=28035
« Последно менување: 06 Септември 2021, 13:04:46 pm osmica8 »

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #127 на: 06 Септември 2021, 13:13:53 pm »
Дап, го знам DIY-то, во букмаркс ми е од 2016та, кога ја купив колава :) На половни фарови се менуваат лупи затоа што со тек на време горат и какви сакаш стави сијалички џабе ти е, ќе свети ко свеќа со многу лоша дистрибуција на светлина.

1. Немам услови за ваков проект, во зграда живеам, немам потребни алати, познавање од автомобилска електрика и програмирање, ниту би се нафаќал сам сево ова да го направам, а уште помалку би се нафатил некој друг да го прави, барав, прашував локално, или не се нафаќаат или ги снемува без образложение.
2. Да фрлам 1500 евра за практично истиот ефект кој можам да го добијам за 400 евра, апсолутно нема логика.
« Последно менување: 06 Септември 2021, 13:19:22 pm Molec »


Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20053
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #128 на: 06 Септември 2021, 13:45:23 pm »
Ќе најдеш комплет фарови со баласти кај некој што ќе сака да ти ги пушти да видиш дали се изгорени и ќе одлучиш дали да ги земеш. Сијалици и со лупите што сакаш да ги тураш и со половни ОЕМ ќе треба да купиш не ги рачунај како дополнителен трошок.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6514
  • French diamond
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #129 на: 06 Септември 2021, 13:51:17 pm »
Јас незнам ни дали воопшто вреди замарањето и 400€ да дадеш за ксенон.  Здравје идната кола ќе си ја купиш со вграден ксенон.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #130 на: 06 Септември 2021, 17:22:48 pm »
Ќе најдеш комплет фарови со баласти кај некој што ќе сака да ти ги пушти да видиш дали се изгорени и ќе одлучиш дали да ги земеш. Сијалици и со лупите што сакаш да ги тураш и со половни ОЕМ ќе треба да купиш не ги рачунај како дополнителен трошок.
Кај мене пасуваат до 2008ма, така да секако се изгорени, а и не дека има многу половни фарови во МК па ќе можам да бирам, 1-2 комплета преку сила. Стаклата секако ќе треба да се полираат, лупи, сијалици и баласти секако ќе треба да сменам(иначе џабе муката ако ми е една бела а другата жолта, потемна или трепка), згора на тоа треба да доплатам и за светлосен модул + сензори + програмирање иначе нема да работи нивелација, а тоа е неприфатливо. Приоритет е сепак квалитетот на осветлувањето и безбедноста.

Исто така не би дозволил некој да ми сецка/спојува жички, па да ми изгори цела кола или некој скап модул само за да биде ОЕМ. А и да ми се замара и да ми се фрлаат пари, нема кој да го монтира и направи сето ова.

Јас незнам ни дали воопшто вреди замарањето и 400€ да дадеш за ксенон.  Здравје идната кола ќе си ја купиш со вграден ксенон.
Ако ми ги среди и монтира друг реално јас немам замарање, Солун ене го каде е, Космос, Вардарис, гирце...античкото маќедонче во мене пресреќно.

400еур не се многу пари за тоа што се добива, неспоредливо подобро осветлување и изглед (ќе изгледаат 99% како фабричките).


Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20053
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #131 на: 06 Септември 2021, 18:02:41 pm »
Не ти ја сфаќам поентава со нивелација на оем ксенон, како и да е нема да имаш нивелација на ова ти што сакаш да го направиш. Рачно ќе ги наместиш еднаш и толку. И со оем ксенонот можеш рачно да ги нанишаниш.

А на 90% од е60 и е90 не им работат нивелација и динамик фарови.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 622
  • Pixel Perfect.
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #132 на: 07 Септември 2021, 01:06:41 am »
Не треба печење колега. Таа финта дури не е веќе препорачлива оти има ризик да се сјебе нешто во рерна.


Траката:
https://www.bimmerjakes.com/en/headligh-covers-replacement-accessories/40-headlight-covers-adhesive-310-ml-880580322149.html
или од Ибејо https://ebay.us/ANOW7O

Ги дадов моите фарови на полирање во Гевгелија ама не сум задоволен од изработката и ако не бегам другото лето од шупаклендов, планирам да ги сменам заштитните пластики со нови од истиов сајт (Чешка), и овој туториал. Романецов е педантерија, строго BMW.

На крај краева имаш многу "отпади" за BMW (E90) низ провинција, носат англиски и ги продаваат на делови.. лапни си половни биксенонки, однеси ги да ти искодираат FRM или ти ако знаеш, и после полирање.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #133 на: 07 Септември 2021, 07:44:07 am »
На англиските ќе му фрла високо левиот фар во сообраќај, или не?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #134 на: 07 Септември 2021, 09:25:50 am »
Колеги, фала на сите предлози и совети но, по 10ти пат, не ставам ОЕМ ксенонки затоа што:

1. Не ми е толку битно да биде ОЕМ, крајниот ефект е ист.
2. Нема кој да го монтира/програмира сето ова. Јас немам ни простор, ни алат ни искуство за ваков проект, не ми се замара со трчање по отпади и собирање стари делови, па не пасувало, па не работело, па џабе си тепал пат, џабе си фрлил пари два пати. И да најдам некој, ќе искочи многу поскапо од другава опција, затоа што....
3. Половни фарови од 2008ма не се нови фарови. Пак ќе треба полирање, менување лупи, сијалици и баласти. А нови фарови се 1000еур(без сијалици и баласти).
4. Не дозволувам чепкање на електрична инсталација во кола. Сум видел многу пеплосани коли од таа причина.
5. @DarthJe5us  aко ставам фабрички ксенон, за да работи автоматската нивелација мора да се монтираат сензори и нов модул. Не планирам да ја загрозувам безбедноста во сообраќајот, ниту пак да отварам хауба за секое нивелирање. На халогените фарови има тркалце за рачно нивелирање од кабина. Ако ставам лупи во моите фарови тоа си работи сеуште. Товарена кола, ги спушташ, празна кола ги креваш, многу брзо и едноставно.



@Power to the people Точно, англиски фарови во не-англиска кола не може, т.е. може ама ќе светат на погрешната страна, во фаца на тие од спротива наместо во знаците од десна страна. И не може тоа никако да се регулира пошто блендата на би-ксенонот е лева, наместо десна.

@Astraion Печење не мора ако имаш таков фен за да го стопиш лепакот помеѓу рамката и стаклото. Кај мене мора нов модул кој треба да се програмира за да работи со останатите модули во колата, мојот нема опција за ксенон, сосема различен модул е.
Стакла/пластики да се сменат наместо полирање е одлична идеја, моите едвај издржаа 3год после полирање и керамичка заштита. Пред полирање беа чисти и имаа само зуцки од камчиња, сега се жолти и матни.

Овде има се што треба за ретрофит од упатство до лупи, сијалици, баласти, лепак, резистори, ангелски очи....се е ново, квалитетно и докажано: www.retrofitlab.com а дечките во Солун - Carner се нивни официјални увозници и монтери.