Автомобили > Настани и Собири во Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци 08/09...

(1/2) > >>

pirat_07:
Клабери, годинава како и изминативе неколку, повторно ќе има изложба на олдтајмери.

Се надевам годинава ќе имаме можност да видиме поразлични модели од веќе видените во изминатите изданија. Целата организација на манифестацијата е за нијанса подобра и е посветено повеќе внимание како што ми се гледа па затоа и надеж дека некој ќе се ангажира да покани и повеќе излагачи со уникатни автомобили.

Искрено се надевам ќе се врати и Рели Витачево за кое не ми текна за оваа година да предложам во општина, но ќе предложам за наредната година.

Па клабери, поканети сте во Кавадарци.
Некој од клаберите од Кавадарци може и да ме дополни ако знае повеќе за организацијата.

ARMEX:
Батка, мислиш на 08.09.2018?

pirat_07:
Мислиш дека мислиш ама не мислиш  ;D

08/09, да. Простете.
Почетокот на изложбата е 11,00 часот.

onak:

--- Цитат: pirat_07 на Август 27, 2018, 10:40:20 am ---Клабери, годинава како и изминативе неколку, повторно ќе има изложба на олдтајмери.

Се надевам годинава ќе имаме можност да видиме поразлични модели од веќе видените во изминатите изданија. Целата организација на манифестацијата е за нијанса подобра и е посветено повеќе внимание како што ми се гледа па затоа и надеж дека некој ќе се ангажира да покани и повеќе излагачи со уникатни автомобили.

Искрено се надевам ќе се врати и Рели Витачево за кое не ми текна за оваа година да предложам во општина, но ќе предложам за наредната година.

Па клабери, поканети сте во Кавадарци.
Некој од клаберите од Кавадарци може и да ме дополни ако знае повеќе за организацијата.

--- Крај на цитатот ---

со години наназад, скоро 3 децении се во прашање, на денот на независноста, т.е. на 8-ми септември се организира тродневно мото рели македонија. оваа година е 27-мо по ред, значи 27 години на тој датум е организирано. половина од возачите на мото релито имаат олдтајмери, возила сериозно стари, средени во топ состојба, ама на сите до еден им е побитно цееели 3 дена вожња со стотици мотори, возење “во јато“ и дружба низ македонија наспроти идење на изложба и стоење во место неколку саати додека со мислите се кај другите што возат на две тркала и се забавуваат... и лани ти го пишав истово... ;)

во комшии ми е типот со црвената корвета од 1985-та, исто и во конзулите од битола има 2 троколки “хитлерски“, клубски колега мој има пух на 6 тркала спремен само за изложби, и да не ги набројувам сите што ги знам да се моторџии и имаат олдтајмери, и ниеден од нив не изјави дека ке го остави релито низ МК за изложбата во кавадарци.. бидејки ТИ рече дека имаш некакви ингеренции во општината, значи има кој да те чуе, затоа и го пишувам ова, сериозно, сменете си го датумот, ке имате барем двојно повеќе посетители и изложувачи...

е јас нема да возам мото рели оваа година, затоа што паднав од мотор пред 1 месец, десната рака не ми е за на мотор за толкава тура да ја извозам сеуште, па можно е и да дојдам, да операм очи, пошто на мото рели со кола не се иде... дај локација каде ке биде?

pirat_07:
Изложбата почнува во Сабота во 11.00 и е лоцирана во строг центар почнувајќи непосредно до плоштад.

Си знаеш дека во истото време или околу 12.00 е и мото релито низ Кавадарци.

Да, држи вода твојот предлог.
Ќе предложам.
Ингиренциј немам, само новиот градоначалник е от орен за предлози.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија