Автор Тема: IQ Tail lights Tiguan R Line 2021  (Прочитано 609 пати)

Отсутен icko_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
IQ Tail lights Tiguan R Line 2021
« на: Јуни 17, 2021, 13:27:04 pm »
Здраво на сите
Имам порачано Тигуан Р Лајн кој дури сега дознав дека задните светла не се IQ Lights, односно не се со динамички трепкачи и штопови. Прашањето ми е дали знаете кој може да носи такви штопови (реплика) за да се монтираат кога ќе пристигне возилото? И дали некој имал искуство со монтирање на реплика штопови (дали работат како што треба)?
еве линк за конкретно кои штопови ги барам
https://www.youtube.com/watch?v=MD3jUS_nhDA

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
Одг: IQ Tail lights Tiguan R Line 2021
« Одговори #1 на: Јуни 17, 2021, 13:32:43 pm »
Многу од опциите со штоповите се софтверски лимитирани.

Е сеа ако немаш баш такви ледови, тогаш ќе мора да бараш aftermarket.

И јас немам, ама искрено нешто не ми значи баш да ги имам сите овие работи.

Немам најдено за новиве модели афтермаркет штопови сеуште.

Отсутен icko_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: IQ Tail lights Tiguan R Line 2021
« Одговори #2 на: Јуни 17, 2021, 13:38:56 pm »
кај овие штопови нема врска со софтверот, таков е штопот обичен ЛЕД, додека кај IQ е поинаку.
Проблемот е што ниту во опрема го немаат како дополнителна ставено, затоа и ме збуни, кога им се јавив рекоа дека е нивна грешка ама доцна за да се исправи веќе возилото е влезено и затворено со производство.
Затоа барам афтермаркет/реплика задни штопови IQ Lights.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5942
Одг: IQ Tail lights Tiguan R Line 2021
« Одговори #3 на: Јуни 17, 2021, 14:48:11 pm »
Тигуанот има нов фејслифт така да дека ќе најдеш одма реплика малце потешко, а и кога ќе најдеш квалитетот ќе биде дискутабилен. Може да се купат нови ОЕМ се разбира ама се над 1000 евра.